Досегашниот бугарски премиер Кирил Петков поднесе оставка од Владата, јави „БГНЕС“.
Оставката е поднесена по курир, велат за „БГНЕС“ од прес-центарот на Народното собрание. Петков рано изутрината пристигна во зградата на Министерскиот совет, придружуван од обезбедувањето, без да даде изјава за медиумите.
„БГНЕС потсетува дека владата падна по гласањето за недоверба минатата недела. За недоверба гласаа 123 пратеници, а против беа 116, додека немаше воздржани.
Иницијативата ја поднесе опозициската ГЕРБ поради економските неуспеси на владата. Шефот на државата Румен Радев ќе ги започне консултациите со пратеничките групи за врачување на мандатот за формирање нова влада, откако премиерот во заминување веќе ја поднесе оставката на актуелната влада до Народното собрание. Постапката е во согласност со чл. 89 од Уставот.
Кирил Петков веќе неколку пати изјави дека ќе се обиде да формира нов кабинет, откако му врачи мандат од претседателот на „Продолжуваме со промената“. Според него, главниот состав ќе биде ист.