Судбината на светот ќе се одвива во четири фази – првата е мир за да може да се остварат другите. Путин е главен играч – тоа го знаете. Афроморфната и декадентна Европа е деконструкција. Сака да формира армија, што е паѓање на моралот, псевдоимперија, но одличен бизнис, продавница на крвави перја од која некој ќе треба да профитира. Таа армија ќе личи на УНПРОФОР, сини шлемови, „банана-Вермахт“ или парафилични роботи, што во минатото повеќе беше „балетантна“ отколку „комбатантна“ (примери се израелско-арапските војни, Босна, Косово, Македонија). И од каде пари?
СУДБИНАТА НА СВЕТОТ
Зошто ваков чуден наслов? Некогаш на место каде што имало борби на петли наоѓате разлетани пердуви и крв. Борбите на животни имале езотерично значење во длабоката антика (Месопотамија), со што маговите добивале визии за судбината на градот и адептите. Визуелна зависност од симбол на крвава парасексуалност. Подоцна обичајот е вулгаризиран во облик на борби со мечки, кучиња, петли или луѓе, со цел – облог. Постоел во средниот век, во Елизабетино време – Шекспир (Магбет) и „Глоуб театар“. Џек Лондон и Чарлс Уилефорд опишуваат трагични и мрачни епизоди на вакви борби кај модерниот свет. Бокс, коцка, проституција, адикција, уривање на одговорност и петлоборби се корумпираниот развој на модернизмот. Патријархалниот е потчинет на вандалот. Одвратноста станува адикција. Рацете на убиецот се нежни. Трампизмот е хемодијализа на отруен организам. Расфрлените пердуви се демонски вир на судбината (Мелвил, По, Лондон, Елијаде, Харнер). Тоа е дванаесеттата димензија на астрофизикалниот свет. Медитирај. Со медитацијата го поднесуваш краткиот живот. Во животот човек има право на постоење, достоинство и напредување. Ама сега не е така. Зошто е оваа конверзација? Оти ќе зборуваме за судбината на светот.
Ако ви кажувам дека Украина ќе прифати мир и ќе биде апендикс на некоја евроазиска тампон-зона – ќе кажете „овој старец ни продава топла вода за она што го знаеме“. Знаете но и не знаете, бидејќи сте хипнотизирани од невистиноста и нечесноста на вашите манипулатори и купени медиуми, кои ве ловат во нивните мрежи. Империјализмот е купување мозоци. Вие сте лоботомирани. Иднината има езотеричен запис, сублиминален… ммоммм… во добро зацртан свет. Што ќе биде после… и после од после… во светската комедија? Езотерички сега сме во асценс (качување), крај на Кали-Југа период од кој се ослободуваме илјадници години. Многу подоцна ќе биде десценс (слегување), опасен и повторен мрак, но за тоа сега нема да зборуваме. Следуваат четири аксиоми… влегуваме… 1) право има силниот. 2) имај почит и ќе бидеш голем. 3) гледај ја големата слика. 4) што треба ќе биде – нужноста ја влече последицата.
По светските војни во целиот свет ги ставиле жетоните на судбинскиот рулет на едно место – Америка. Така нејзината волја ги брише другите волји. Капитализмот е земање, а не давање. Судбината се одвива во четири фази. ПРВАТА ФАЗА, која сигурно ја знаете е – мир, за да се остварат другите фази. Мала дигресија: ова примирје од 30 дена е хируршко клемовање на артерии, а следува тешка операција. Путин е главен играч – тоа го знаете. Афроморфната и декадентна Европа е деконструкција. Сака да формира армија, што е паѓање на моралот, псевдоимперија, но одличен бизнис, продавница на крвави перја од која некој ќе треба да профитира. Таа армија ќе личи на УНПРОФОР, Сини шлемови, „банана-Вермахт“ или парафилични роботи, што во минатото повеќе беше „балетантна“ отколку „комбатантна“ (примери се израелско-арапските војни, Босна, Косово, Македонија). И од каде пари? – од сите нас, пролетеризирана средна и ниска класа, печатење пари, црни фондови, САД (Блекрок и други инвестициски гиганти), можеби и џихадистички фондови (Иран). Украинската војна е армиска мелница, провалија за пари, дупка за милиони мртви. Диктаторите плаќаат прво за фотелја, па за полиција, па за бегање. Зеленски („dzinga pumpoza“ – „помпезна парталка“ – еврејска изрека) и еврогаламџиите опасни полупроизводи, ќе тркнат до Америка со југопаролата „друже Трамп ми ти се усвиткујемо“! Кешот ќе стане средство само за масата, а богатите ќе товарат со вештачка интелигенција. Масата нема мозок. Таа е кичма со антени, а мозокот е надвор. Стоковна преплавеност што би рекол Маркс.
ВТОРАТА ФАЗА по „мирот“ е мегабизнис меѓу САД и Русија. Другите ќе се шлепаат. Ќе мораме и ние да се ушлепаме, ако сакаме напредок, а ако се колвеме како петли, со азијатизам на нашиве глупави навики – ќе си тонеме. Да се сетиме дека Македонија ги градеше Фочи, Ирак (срушен во војната) и други објекти, значи може! Апендикси како Гренланд и Канада ќе сакаат да се ушлепаат и бизнис-патот ќе оди од Америка кон Русија, па Монголија и Кина. Дигресија: климатското затоплување ќе биде притисок за миграции кон Канада и Сибир.
ТРЕТАТА ФАЗА е приклучување на Кина. Во Кина индивидуата е група. Јазикот, музиката, кјубитите се рипкање на амплитуди. Сѐ е упростено. Упростена е и европската култура во стара. Малку и многу е исто. Бројка е за машини, не за популација. Дома е работно место. Нема работно време. Храната е сешто. Работат како роботи. „Економска војна“ е некаква предигра што ќе ја голтнеме како некое „зајакнување“ на САД (не баш многу јасно), а и борба за Пацификот. Никнува БРИКС – аеродром за неприфатени од либералкапитализмот. Печатат долари, легално, огромни количини – посебна економија. Контролата е суровост. Азијати си одат и носат инверзна економија – трилиони долари сега – а после? Трговијата со луѓе е пазар со несреќи. Маса индиферентни идиоти ќе бидеме ние, збир на усти и евтина храна. Замислената „орбита“ (обрач од преку 40 милиона километри) што ја дискутиравме порано, да повторам тоа е линијата Арктик-Гренланд-двете Америки-Антарктик-Австралија-Арктик, ќе се консолидира во огромна површина и богатства. Не со армија, туку со службите, економија (реформатирана) и Блекрок. Шпартаат подморници, авиони, носачи, сателити… „Јадрото“, да потсетиме, е Евроазија-Африка и е клучно важно. Значи влегува-излегува бизнис (Леонтиев) во Кина, Индија и другите околу. Си Џинпинг е умен човек и тој видливо го посакува тоа (слично како Денг Зијаопинг). Тихи Океан е тивка кинеска зона под вода (книги на адмирал Ставридис). Европацифик (East India Company) се заменува со амеропацифик.
ЧЕТВРТАТА ФАЗА: потоа бизнис-маршрутата оди на Балканот и преку 10-от коридор нагоре преку Европа до Русија. Мене сето ова ми асоцира на спирала (законот на Фибоначи), значи математички модел. И миграциите се математички модел. Дали сте забележале дека миграциите од предисторијата до сега (афро-евро-азио-америко) одат по патеки на миграции на животни и птици и тектонски збивања (земјотреси)? Зошто? – Не знам. Математиката значи закон, односно многу озбилна реалност. Ете тоа е иднината. Толку.
Не се слагате? – Знам. Затоа мора да земеме пример. Дали нешто научивме од Втората светска војна? – Секако, многу. Накратко – Хитлер ја напаѓа Русија, а Јапонија – Кина, со идеја да се сретнат некаде во Азија. Европа, Балканот и Блискиот Исток беа скоро освоени. Среќа што пропадна. Но идејата е таа. Патот на силите. Дали е Хитлер лудак и манијак што нешто му се сонило, или има некоја позадина едукација (Тависток)? Идејата потекнува уште одамна, па почнува од Најт-Темпларите, пренесена усно, Елизабета I и „Ист Индија компани“, потоа друштвото Црн камен (Black Stone, BlackRock) архијерејот (прелатот) Герно, Гурџиев, Себотендорф, Хаусхофер, преку езотеричното братство Врил, водено од Марија Оршиќ, Лотар Вајц, па Вагнеров суперлет, сестрата на Ниче – Елизабет, која замислила супернација раширена по светот, па Рудолф Хес и Розенберг до Хитлер. Поврзани со Жолтите капи (Тибет), Зелениот Змеј (Кина) и Црниот Змеј (Јапонија), кои и денес постојат. Друга линија е папата Клемент IV, кој ги пратил Мафео, Николо и Марко Поло во мисија да откријат пат до Кина. Трета линија се карвани на Евреи, Ерменци, Арапи и Раданити од Европа до Кина по свилениот пат. Четвртата линија е Батута, исламски морепловци, патописци, Колумбо со идеи да го заобиколат светот. Сѐ е тоа иста цел – конектизација на светот. Сега со сателитската и дигитална техника, тоа е возможно.
Блискиот Исток е инвокација на ужасот. Јас сум дел од нив, добро го знам и затоа сум пеколен хомоид.
Проколната историја. „Арената“ е верско-територијална. Од технофутуризам до трибализам. Декомпозицијата како метод ќе направи „прашина“ од државите и фабрика за мигранти. Израел (да не објаснувам за ционизмот) е езотерија на повраток, реприза и егзистентско-историско-верски милитаризам, со салата од идеологии. Околината го злоупотребува исламот за виоленто-псевдоверски-терорски примитивизам, креиран од западните и други служби, кој буквално се враќа како истурена миазма врз Европа и двете Америки. Џихад во Сахед е нова мора. Овој свет е урнатина на вистината. Дали сте помислиле на франко-шиитизам, англо-сунитизам, саксо-сунитизам, јудео-суфизам, дирхам верзус денар (сребро-злато и протоисламски капитализам), атлантски верзус евроазиски сојуз, исламо-либерален сојуз, меркантилизам верзус либерализам, црноплемски верзуз банкарски капитализам? Оркестри на влијанија. Фашизмот и комунизмот се фурии од немоќта на масите. Посткомунизмот е вулгарност, хипокризија и крадење на имотот. Дали некој владее со светот? Па сигурно! Верите може да се конструкција, но Бог не е. Верата е последна надеж. Успехот и парите се лажна религија. Читајте, масивно читајте, па можеби нешто ќе биде јасно.
Пердувите се езотерички објект во старите Америки и далечна Азија, кои шаманите ги користеле за комуникација и инвокација со небото и иднината. Езотеричното е натструктурално, иницирано, мистично или универзално пристапно. Езотериката е „помен“ наспроти „помин“. Мирисот на крвта е иницијација. Црвената боја е истур од вашиот внатрешен пекол – војна, смрт. Пердувите се лет во делирантни светови (Кастањеда). Се растураат по закони на рулети, а иднината пие крв. Мислите се твои ангели. Ако мислиш, леташ. Ако леташ, го гледаш светот. Ако го гледаш, е исто како да го имаш. Идните светови се мислење, знаење и комуникација.
ЗАКЛУЧОК: светот се интегрира по математички модел (спирала), а се дезинтегрира на Блискиот Исток во повторна еволуција (ресет). Иднината е еден устав, еден сон, многу идеи и многу машини.
професор д-р Самуел Садикарио Колономос