Подготвен сум да предложам да влеземе во разговор за евентуална промена на начинот на работа, а зошто не и структурата и составот на заедничката историска комисија, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи во интервју за БНТ во пресрет на утрешната посета на бугарскиот премиер Кирил Петков на Македонија.
Тој нагласи дека евентуалната промена нема да биде врзана за конкретни рокови за резултати.
Османи нагласи дека смета оти Македонија е позната по големите колективни права кои им ги дава на различните националности, коментирајќи го барањето за вклучување на Бугарите како државотворен народ во Уставот на Македонија.