Франција: Судењето на бугарски државјани во фокусот на француската јавност
- Судењето на група од тројца бугарски државјани (четвртиот е во бегство) пред 14-от совет на Кривичниот суд во Париз, одржано минатата недела, привлече внимание во француската јавност бидејќи беше водено за кривични дела поврзани со причинета „штета сторена со цел да се послужат интересите на странска сила, компанија или организација“ законски пропишано од 25 јули минатата година. Обвиненијата се однесуваа на низа акции што започнаа во 2023 година, за сторени комбинирани поведенија на обвинетите (физички дејства и онлајн кампањи што француските разузнавачки служби ѝ ги припишуваат на Русија), со што на обвинетите им беше судено за „криминален заговор“, како и за „штета или влошување состојба, сторено поради припадност на раса, етничка припадност, нација или религија“
Четворица Бугари беа осудени на затворска казна од две до четири години за нивна вмешаност во исцртување „крваво црвени раце“ на Споменикот на холокаустот во Париз во ноќта помеѓу 13 и 14 мај минатата година. Париски суд им изрече двегодишни казни на Георги Филипов и Кирил Милушев, кои ја признаа својата улога во исцртувањето на графитите, и четири години на Николај Иванов, обвинет за нивно регрутирање. Наводниот водач на групата, Мирчо Ангелов, кој е во бегство, доби три години затвор во отсуство.
Судењето пред 14-от совет на Кривичниот суд во Париз одржано минатата недела привлече внимание во француската јавност бидејќи беше за кривично дело штета „сторена со цел да се послужат интересите на странска сила, компанија или организација“ законски пропишано од 25 јули минатата година. Обвиненијата се однесуваа на низа акции што започнаа во 2023 година, комбинирајќи физички дејства и онлајн кампањи што француските разузнавачки служби ѝ ги припишуваат на Русија, со што на четворицата обвинети им беше судено за „штета или влошување сторено поради припадност на наводна раса, етничка припадност, нација или религија“, како и за „криминален заговор“. Обвинетите насликале црвени раце со спреј – симбол што веројатно евоцира, според судот, на линчување израелски резервисти од страна на палестински цивили на Западниот Брег во 2000 година. Обвинетите беа уапсени ланилето во Бугарија и во Хрватска, а потоа екстрадирани во Франција, каде што се во притвор околу една година.
Скандалозно тврдење за наивност
Без разлика дали вандализмот бил антисемитски или извршен по наредба, казните се во суштина исти, но природата на постапката е различна. Одбраната се обиде обвинетите да ги прикаже како сиромашни, наивни и манипулирани души, надевајќи се на отфрлање на отежнувачката околност на антисемитскиот мотив… и тоа без закана од осуда за мешање.
Кирил Милушев (28) е означен во француската јавност како „лице на странско мешање во Европа“, откако беше обвинет за снимање на „крвавите раце“ нацртани од двајца соучесници на Ѕидот на праведните, кој ја краси фасадата на меморијалниот комплекс во четвртиот арондисман во Париз. Тој го опиша патувањето во Франција со единствена цел за транспорт на цигари, проследено со алкохолна вечер што излегла од контрола. Тој, наводно, „ништо не видел, ништо не разбрал и бил искористен“, но сепак неколку недели подоцна заминал во Германија и Швајцарија, каде што имал активности во знак на осуда на војната во Украина.
Николај Иванов (42), поранешен член на елитна единица на бугарската армија, самиот призна дека одржувал контакти со разузнавачките служби и разни политички сили во неговата земја. Но, ако резервирал авионски билети и хотелски соби за другите тројца, тоа било едноставно „услуга направена за долгогодишен пријател“. И ако бил во постојан контакт со Париз, вклучувајќи и во текот на целата ноќ на вандализмот, тоа е затоа што овој пријател „има навика да се јавува доцна“.
Претседавачката судијка Натали Малет навистина ги спомена наводните врски на обвинетиот со лица за кои се сомнева дека им припаѓаат на руски разузнавачки служби. На почетокот на рочиштето, таа ги повтори и анализите на различни органи (француски и странски разузнавачки служби; Вигинум, телото што го следи странското кибер-мешање во Франција; и Министерството за надворешни работи), кои наводно го идентификувале влијанието на Русија во операцијата „Црвени раце“ – од методите за регрутирање што се користат за посредници, оперативците распоредени на терен, до дигиталното спроведување на овие кампањи за дестабилизација. Овие анализи исто така изнесуваат тврдења за наводен мотив на Москва за засилување на поделбите во рамките на целните општества (свинските глави оставени пред џамиите во регионот Ил де Франс во септември се дел од истата стратегија).
Но, судот само површно ги испита овие аспекти преку размените на руски јазик што Николај Иванов и Мирчо Ангелов (бегалецот, силно вмешан од другите обвинети) наводно ги имале на апликацијата за пораки Телеграм со мистериозни контакти, според разузнавачки извори цитирани во истрагата.
Во судскиот претрес расправа и за антисемитскиот мотив
Обвинетите, од своја страна, се фокусираа првенствено на негирање каква било антисемитска намера, објаснувајќи дека не знаат ништо за целната веб-страница (избрана, според нив, од Мирчо Ангелов) или значењето на „црвените раце“.
Задачата беше особено тешка за последниот обвинет, Георги Филипов, кој лесно призна дека ги насликал шаблоните со Ангелов и понуди детално извинување. Триесет и шестгодишникот се појави со залижана коса и испакнати мускули под џемперот. Неговиот физички изглед, според париски „Ле монд“, беше уште поимпресивен со оглед на познатото присуство на нацистички тетоважи на неговото тело.
– Дури иако изгледа чудно, нема никаква врска со тоа – тврдеше тој, велејќи дека се дистанцирал од неонацистичкото движење пред повеќе од десет години и дека почнал да ги отстранува тетоважите.
Според него, Ангелов спомнал „проект за завршување на израелско-палестинската војна“ и му понудил илјада евра (Милушев, од своја страна, добил 500 евра).
„Го направив тоа за пари“, резимираше обвинетиот, кој е исто така вмешан во случајот со ковчезите поставени во подножјето на Ајфеловата кула, наводно за да се осуди поддршката на Франција за Украина.
– Многу е веројатно дека сум избран поради моите тетоважи и мојата поранешна политичка припадност. Ако Ангелов навистина има руски контакти, како што се вели, веројатно е дека мојата ситуација била темелно истражена – истакна Филипов.
Соочени со оваа линија на одбрана, адвокатите на граѓанските странки (покрај Меморијалот на Шоа, ЛИКРА, СОС расизам, УЕЈФ и двајца потомци на Праведните меѓу народите) се обидоа да ја пренасочат дебатата на судењето кон специфичното прашање на антисемитизмот.
– Мешањето е важен елемент, но самиот чин е тој што преовладува. И фактот дека овој чин го извршиле луѓе што негираат дека се антисемитисти не ја негира отежнувачката околност на антисемитизмот – нагласи Галина Елбаз, адвокатка на ЛИКРА, на маргините од расправата.
„Мешањето се храни од нашите слабости, вклучувајќи и судските“, додаде Ме Елбаз, повикувајќи се на неодамнешната пресуда на двајца браќа што го исекоа дрвото засадено во чест на Илан Халими, млад Евреин мачен до смрт во 2006 година, без да се земе предвид отежнувачката околност на антисемитска мотивација.
Тони Гламчевски, наш постојан дописник од Франција



































