Фото: ЕПА

На „неформалната средба“ на ЕУ беа поканети одбрани шефови на влади: на Германија, Италија, Шпанија, Холандија, Данска и на Полска плус Британија (која излезе од ЕУ), како и претставници од европските институции и генералниот секретар на НАТО. Во еден ограничен формат за формирање коалиција излегоа државите што се на маргините со своето влијание и надлежност за решавање на украинско-рускиот конфликт

Емануел Макрон прави сѐ за да го избегне маргинализирањето на Европската Унија по прашањето за Украина

Францускиот претседател Емануел Макрон разговараше со американскиот претседател Трамп во понеделникот, пред да прими неколку европски лидери во Елисеј за да развијат борбен план. На оваа „неформална средба“ беа поканети шефовите на владите на Велика Британија, Германија, Италија, Шпанија, Холандија, Данска и на Полска, како и претставници од европските институции и генералниот секретар на НАТО. Ограничен формат за формирање коалиција на добра волја, со вклучени земји и со средства, притоа избегнувајќи ги блокадите на политичарите што не се согласуваат со тој либерален досегашен концепт на Брисел. Не беа поканети Унгарецот Виктор Орбан и Словакот Роберт Фицо, кои не пропуштија да го критикуваат маневарот на Париз. Со два различни временски хоризонти: во непосреден рок враќање на преговорите за мир во Украина и на подолг рок забрзување на европската одбрана за да се компензира најавеното американско раздружување и да му се обезбеди на континентот минимален кредибилитет.
– Не е доволно да се залагаме да бидеме во преговорите, мора да се наметнеме бидејќи имаме барања и средства – се доверува европски дипломат. Оттука и намерата на Макрон да ги прогласи своите партнери „да видат каков би можел да биде европскиот придонес за завршување на војната во Украина што ги почитува параметрите што ги поставивме, суверенитетот и безбедносните потреби на Украина и Европа“, според Елисеј. Се работеше и за разгледување на безбедносните гаранции „кои можат да ги дадат Европејците и Американците, заедно или одделно“.

Макрон беше еден од првите што го спомна испраќањето војници во
Украина како дел од решавањето на конфликтот

Британскиот премиер Кир Стармер – кој треба да отпатува за Вашингтон следната недела, рече дека е подготвен да го стори истото, да распореди војници, „ако е потребно“.
Шведска, исто така, во понеделникот соопшти дека „не исклучува“ распоредување војници.
Полска, од друга страна, увери дека нема да испрати војници во Украина.
Шпанија и Германија сметаат дека ова прашање е „предвремено“.
Состанокот во Елисејската палата требаше да даде одговори на прашалникот испратен од американската администрација до неколку европски метрополи за да се измери нивното ниво на вклученост во можното мировно решение за Украина. Во него, Стејт департментот ги праша за деталите за оружјето и бригадите што би биле подготвени да ги распоредат за да го зачуваат мирот. На љубопитен начин, додека пратеникот на Доналд Трамп за Украина, генералот Кит Келог, во понеделникот инсистираше на тоа дека „не е разумно“ да се мисли дека сите ќе бидат на преговарачка маса. По средбата со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, тој во вторник треба да се сретне со претседателката на комисијата, Урсула фон дер Лајен. Тој планира да се сретне и со Володимир Зеленски, уверувајќи дека нема да му биде наметнат договор.
– Ако Трамп навистина сака Европејците да преземат поголема одговорност за сопствената безбедност, јасно е дека Европејците мора да бидат главните актери во дизајнирањето на новата безбедносна архитектура – изјави претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, за „Фајненшл тајмс“.
Според него, „преговорите за новата безбедносна архитектура мора да го земат предвид фактот дека Русија е глобална закана, не само за Украина“.
– Безбедноста на Европа е на пресвртница – рече претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, при пристигнувањето во француската престолнина, повикувајќи на „итна состојба на умот“ и „наплив на нашата одбрана“.
За Емануел Макрон ова е оправдувањето за неговата агенда за европска стратегиска автономија, за која се залага со години. За некои од најатлантистичките европски држави, од друга страна, дојде време за „многу тешко раздвојување“, според еден дипломат.
– Во Париз ќе се спротивставам на сите гласови што би сакале да воведат некаква натпреварувачка игра меѓу Европската Унија и САД, бидејќи тоа нема смисла – предупреди полскиот премиер Доналд Туск пред да замине за Франција. За германскиот канцелар Олаф Шолц, Европејците и Американците мора да „дејствуваат заедно“ за колективна безбедност. Т.Г.