
Во светската јавноста, а и кај нас во Македонија, сѐ поочигледно е разидувањето на политиките меѓу западните сојузници, а особено меѓу Вашингтон и Брисел. Тоа создава силен впечаток дека во западната актуелност нема единство по фундаменталните точки на сојузништвото, а има идеолошка дивергенција, силни разлики во пристапот на решавање на политичките предизвици, се развива трговска војна на релацијата САД-ЕУ, па, згора на тоа, постојат и силни воено-безбедносни разлики за решавање горливи прашања на една тековна војна на Стариот Континент! Каде води сето тоа? Од каде толкава недоверба меѓу довчерашните несомнени сојузници во истиот западен цивилизациски круг?
Глобалниот судир на тектонските геополитички плочи предизвика и внатрешен западен идеолошко-политички судир?
Длабок јаз на недоверба, па дури и меѓусебно непочитување, е сѐ поприсутен помеѓу актуелните лидери на Западна Европа и САД. Според она што го регистрираат и западни и аналитичари од Истокот, тој јаз и натаму се продлабочува. Нема подобра потврда за ова тврдење од „сѐ поочигледното несогласување помеѓу до неодамна сијамските западни сојузници“ во врска со нивното „разбирање за Путиновата Русија“.
Клучно разидување на САД со ЕУ: Русија и Путин
Додека лидерите на Западна, Северна и поголемиот дел од Југоисточна Европа, како и лидерите на европските институции во Брисел, го гледаат рускиот претседател како „неосоветски император што сака да ја освои Европа“, истиот тој Путин воопшто не му изгледа така на американскиот претседател Доналд Трамп. Згора на тоа, американскиот претседател во јавноста повеќепати повторува и дека „не им верува на европските тврдења за претстоен и планиран руски напад врз Европа“. Истото тоа Трамп го повтори и деновиве, на новинарско прашање дали е оправдан стравот на Европејците од руски напад, на што тој кратко одговори: „Не, тоа нема да се случи“, а потоа додаде: „Ќе се погрижиме да не им се случи тоа на нашите сојузници“.
Дилемите околу Русија создаваат и други дилеми
Ако негирајќи ја можноста за руски напад врз Европа американскиот претседател се потпира на веродостојни податоци од американските разузнавачки служби и ако тие разузнавачки информации навистина се споделуваат меѓу сојузниците, а според достапните информации, таа соработка и размена на информации не се прекинати, тогаш која е причината за толку голема дискрепанца во тврдењата на европските елити наспроти Американците дека Русија подготвува инвазија на Европа?!
Имено, дали тоа значи дека различно се читаат и толкуваат информациите доставувани од разузнавачите на теренот и од оперативно-техничките (сателитски снимања и прислушувања) информации од страна на западните аналитички центри (имено, различно читање и толкување од аналитиките од САД наспроти аналитичките центри од Европа)?
Или, пак, доставените безбедносни информации политичарите си ги толкуваат и репродуцираат во зависност од нивните политички потреби?
Затоа што очигледно американскиот претседател сака што побрзо да се воспостави прекин на огнот и траен мир, а наспроти тоа, европските либерални елити сакаат продолжување на конфликтот во Украина.
Токму ваквото разидување на политиките создава во пошироката јавност, а и кај нас во Македонија, силен впечаток на западна разединетост по фундаменталните точки на сојузништвото: идеолошка дивергенција, силни разлики во пристапот на решавање на политичките предизвици, трговска војна на релацијата САД-ЕУ, па, згора на тоа, и воено-безбедносни разлики за решавање горливи прашања на една тековна војна на Стариот Континент! Каде води сето тоа? Од каде толкава недоверба меѓу довчерашните несомнени сојузници во истиот западен цивилизациски круг?
Трите хипотези за реалниот или наводниот колапс на НАТО
Во својата анализа на прашањето за актуелниот јаз меѓу европските и американските сојузници и евентуалниот развој на настаните поврзани со западното евроатлантско сојузништво, аналитичарот Зекеријах Смајиќ прави интересен осврт во реномираниот медиум „Геополитика“.
Оттаму, во продолжение, за нашите читатели ги извадивме накратко најинтересните делови во врска со сценаријата или хипотезите, како што ги нарекува аналитичарот Смајиќ. Во врска со „реалниот или наводниот колапс на НАТО“.
Во својата аналитичка статија, Смајиќ пишува: Обидувајќи се да ја дешифрираме оваа многу нетипична геополитичка енигма во врска со реалниот или наводниот колапс на евроатлантската алијанса (иако ова не е историски преседан, бидејќи сите сојузи се базираат исклучиво на интерес!) ми се наметнуваат неколку хипотези преку нивната каузалност или причинско-последичен контекст.
1. Прва хипотеза
Првата хипотеза, која е веројатно најприфатлива за нашата и за глобалната јавност, е дека Европа и Америка во суштина сè уште се на истиот стратегиски курс, но дека се разликуваат во тактичките потези и во наративот пред домашната и светската јавност. Нивниот дневнополитички наратив не се разликува само по синтаксата, тоналитетот или говорот на телото. Европскиот наратив се обидува да се одржи на ниво на полиран дипломатско-политички езопизам, кој во народните термини би можел да се преведе како „круг, па до аглите“.
Новата, трампистичка реторичка дијалектика е злобно сурова не само за лицемерните европски уши туку и за американските квазидемократи и за веројатно мнозинството независни академици и интелектуалци – од Хрватска до Гренланд и од Панама и Канада до Украина и Русија. Зарем двојството, лажната учтивост и лицемерството не се она што ги разликува оние што ги сметаме за најлоши од нашиот вид? Навистина, таквите луѓе беа убедливо подоминантни во последните триесет години, бидејќи интернет-револуцијата и глобалните медиуми создадоа простор за „орди идиоти да нѐ опседнуваат со своите мислења, што претходно можеа да го прават само во кафуле по чаша вино и без да му наштетат на целото општество“…
Сега сите ги имаат истите медиумски можности како и нобеловците… ама се необразовани и агресивни… Понежно е да се каже дека се неоптоварени со потребното знаење (Умберто Еко, 1932-2016).
2. Втора хипотеза
Втората хипотеза е дека Европа и Америка на Трамп во суштина се оддалечуваат токму од стратегиски причини (борбата за истите сфери на влијание); реалполитички причини (разни закани и предизвици); и идеолошки причини (Европа се обидува да ја зачува неоколонијално-либералната позиција според која илегалните мигранти се добредојдени ако имаат корист од нив, додека Америка на Трамп сака да се легитимира како конзервативно-работничка, универзална земја на сите легални граѓани што не сакаат да ја користат Америка за себе, но сакаат да ја направат голема и најголема, повторно по примерот на вашата земја, она што може да го направите за вашата земја.
3. Трета хипотеза
Третата хипотеза нè води до потенцијално најлошиот и најнепосакуван заклучок: дека преку една драмска претстава за јавноста дека постои некаков раздор, всушност во заднина има заедничка американско-европска соработка преку зајакнување на НАТО… Европа брзо би се издигнала воено и технолошки преку сопствените инвестиции (бидејќи Америка е веќе суперсила и во силна воена кондиција) со цел да убие две муви одеднаш, дури и ако Америка се пресели во брзо време од повеќегодишната инвестиција: а потоа, кога ќе дојде време, Европа и Америка заеднички ќе се воздигнат и спротивстават пред загреаната руска воена машинерија. П.Р.