Фото: „Нова Македонија“

Продолжува расправата за концептот на гимназиско образование

Наставните програми ќе се менуваат од септември и учениците ќе имаат нови учебници за средно гимназиско образование, истакна министерката за образование и наука Весна Јаневска, информирајќи дека темелно се дискутира за предлозите и барањата што стигнуваат во врска со концепцијата за реформи во гимназиското образование, како и оти јавната расправа сѐ уште трае, иако онлајн расправата е затворена.
Предлозите што стигнале до Бирото за развој на образованието, според министерката, „се однесувале, генерално, на зголемен број часови на секој од предметите и дополнување на дополнителните предмети“, со што таа напоменува дека, доколку би се зеле предвид тие предлози, учениците би останувале на училиште и до 11 часа.
– За концепцијата ќе имаме приближно една година, за да ја стокмиме така како што треба да изгледа и да биде соодветна на програмите од Европската Унија за нашите гимназијалци, кои ќе го продолжуваат школувањето овде, а некои од нив и во странство, да се подготвени на соодветното ниво за понатамошното образование – истакна министерката Јаневска. Н.М.