Ѓорче Петров

Во рамките на тековната акција за отстранување кабаст отпад и еколошки ризични материјали, од територијата на општината Ѓорче Петров веќе се собрани и безбедно се транспортирани над 130 кубни метри кабаст отпад и повеќе од 700 стари гуми.
Отпадот е депониран на соодветна локација – депонијата „Дрисла“, во согласност со еколошките стандарди. Акцијата опфати повеќе локации, вклучувајќи јавни површини, улици, паркови и диви депонии. Целта е да се елиминираат изворите на загадување и да се унапреди квалитетот на животната средина за жителите на општината.
Општина Ѓорче Петров упатува благодарност до сите граѓани што се вклучија во акцијата и ги повикува сите жители да продолжат со одговорно постапување кон отпадот и со зачувување на јавниот простор.
Граѓаните сѐ уште имаат можност да го фрлат кабастиот отпад на означените локации. Акцијата трае до 21 мај.