- Доколку Унгарија прифати да биде медијатор, но се разбира и доколку Македонија ја прифати оваа иницијатива, тогаш Софија треба да знае дека Будимпешта, по моделот на својот унгарски устав, многу добро разбира дека „карактерот на уставите на суверените држави е – национален, при што унгарскиот народ е конститутивен во Унгарија, а таква формула имаат и повеќе земји членки на ЕУ“. Тоа значи дека, Радев предлагајќи ја Унгарија „како европски бајрактар на суверенистичкиот концепт за ЕУ, а не на либералниот, низ своето медијаторство Будимпешта ќе треба да ѝ претстави на Софија дека „Бугарите и би влегле во македонскиот устав, но не како конститутивен народ, туку како малцинство, чија матична држава е дел од ЕУ“
Бугарскиот претседател Румен Радев ја повика Унгарија да ги убеди македонските власти дека вклучувањето на Бугарите во Уставот на Република Македонија и почитувањето на нивните права се неопходни услови земјата да почне преговори за членство во Европската Унија.
– Ја повикав унгарската страна, која има пријателски односи со нашите браќа во Република С. Македонија и растечки економски односи со РСМ, да ѝ помогне на оваа земја, со тоа што навистина ќе ги убедиме нашите браќа дека прифаќањето и вклучувањето на Бугарите во Уставот, почитувањето на европскиот консензус и отсуството на притисок и дискриминација врз Бугарите се неопходен услов за почнување преговори за членство во Европската Унија – изјави Радев по средбата со унгарскиот претседател Тамаш Шујок, пренесе „БНР.бг“.
Доколку Унгарија прифати да биде медијатор, но се разбира и доколку Македонија ја прифати оваа иницијатива, тогаш Софија треба да знае дека Будимпешта, по моделот на својот унгарски Устав, многу добро разбира дека „карактерот на уставите на суверените држави е – национален, при што унгарскиот народ е конститутивен во Унгарија, а таква формула имаат и повеќе земји членки на ЕУ“.
Тоа значи дека, Радев предлагајќи ја Унгарија „како европски бајрактар на суверенистичкиот концепт за ЕУ, а не на либералниот, тогаш низ своето медијаторство Будимпешта ќе треба да ѝ претстави на Софија дека „Бугарите и би влегле во македонскиот устав, но не како конститутивен народ, туку како малцинство, чија матична држава е дел од ЕУ“.
Имено, конститутивноста на бугарскиот народ извира од бугарската конституција (или Устав) и важи за суверена Р Бугарија, ништо повеќе, ништо помалку.
Очигледно, со предлогот на Радев, имајќи го предвид европското право, Будимпешта ќе има полесна задача да најде едно креативно, но легално и праведно решение, кон кое Скопје сега се стреми, а Софија се противи. С.Т.