Фото: „Нова Македонија“

Од нерешливите фалсификаторски изборни причини, Бугарија влезе во уште подлабока политичка криза. Згора на тоа, политичките партии што на овој или оној начин влегуваа во Народното собрание не можеа да се договорат под кои услови и коалициски договори да формираат владејачка коалиција и влада! Така што, сума сумарум, поради немањето закон за решавање на изборните злоупотреби и неправилности, плус имањето партии што никако не можат да состават коалиција што ќе владее, тоа е еднакво на тешка системска дисфункционалност на Бугарија, која почна сѐ повеќе да се прелева во ЕУ и во регионот

За констатираните изборни неправилности, злоупотреби и прекршувања на законските одредби за гласање на изборите во Бугарија не постои закон тоа да се санкционира или исправи од страна на Централната изборна комисија?!

Кога работните тела на ЕУ и на ОБСЕ ќе го слушнат терминот „бугарски воз“ малку од нив знаат што значи тоа суштински, освен оние што работат на изборите во Бугарија откако со тој синдром за фалсификување избори многу земји во кои се применува физички метод на гласање се фалсификуваат гласачките резултати, а подоцна се формираат компромитирани парламенти, влади, и тие раководат со државата. Методот е прост, но функционален кога само со едно гласачко ливче од запишаните гласачи се фалсификуваат гласачките резултати на едно или повеќе изборни места! Впрочем, од такви слични фалсификаторски изборни причини, Бугарија влезе во уште подлабока политичка криза. Згора на тоа, политичките партии што на овој или оној начин влегуваа во Народното собрание, по пребројувањето на гласачкиот материјал не можат да се договорат под кои услови и коалициски договори да формираат владејачка коалиција и влада! Така што, сума сумарум, изборните злоупотреби и неправилности, плус партии што никако не можат да состават коалиција што ќе владее, се еднакви на тешка системска дисфункционалност на Бугарија, која почна сѐ повеќе да се прелева во ЕУ и во регионот.

Бугарија загубена во изборите, фалсификатите и нерегуларностите

Комплетниот државен врв, што значи од претседателот Румен Радев, техничкиот премиер Димитар Главчев, до Уставниот суд на Бугарија, се на крајно спротивставени позиции, кои реално можат да доведат и на овие предвремени парламентарни избори да не биде формирана политичка влада и да се спроведуваат нови вонредни избори по седми пат за последните три години!
Најгорливото прашање на бугарските избори е тоа што за изборниот дефект (со констатираните изборни неправилности, злоупотреби и прекршувања на законските одредби за гласање) не постои закон тоа да се санкционира или исправи од страна на централната изборна комисија! Каков апсурд!?
Единствен орган што може да изврши пребројување на изборниот материјал е Уставниот суд на Бугарија, кој треба да се комплетира до средината на ноември, но претходно иницијатива и одлука за тоа мора да донесат пратениците во Националното собрание од новиот состав. Брисел не може а да не се изначуди што на денот на гласањето во стотици изборни места беа исклучени системите за видеонадзор, што е законска обврска на Министерството за внатрешни работи, бројот на гласачите по изборни места беше оспоруван, а за броењето на гласовите безмалку сите партии имаа кардинални забелешки, особено поради можноста за неколку гласа да не се постигне цензусот за влез во Националното собрание!?

Радев признава за бугарската „очигледна државна неспособност и немоќ“

Во бугарската јавност и изјавите на државниот врв преовладува ставот дека кризата всушност е во врвовите на политичките партии и политичката олигархија, како и во новиот состав на Народното собрание, во кое поголемиот дел пратеници и досега биле на истите функции.
Претседателот на Бугарија, Румен Радев, самоуверено ѝ упатува сериозни критики на техничката влада на Димитар Главчев дека, доколку тој (Радев – н.з.) ја определувал и ѝ го давал мандатот на техничката влада во Бугарија, немало да се случат „очигледната државна неспособност и немоќ“. На тоа техничкиот премиер Главчев фронтовски бара Радев да ги објави и достави сите докази за изборните неправилности и институционално да побара одговорност на техничкиот министер во МВР, кој бил одговорен за законитоста на спроведувањето на изборите.
ГЕРБ на поранешниот премиер, со најдолг мандат на владеење од времето на комунизмот и социјализмот на Тодор Живков, Бојко Борисов, има најмногу освоени гласови (26,15 отсто) од вкупно излезените минорни 38 отсто од гласачкиот електорат, што е најнискиот процент на одзив во досегашната парламентарна практика на бугарското повеќепартиско постоење, а што во старт ги деградира парламентарната демократија и власт во суштина. Практично, додека трае кризата во Бугарија, покрај меѓународното паѓање на рејтингот на државата, реална е состојбата да се изгуби право на користење уште една милијарда евра од правото кон фондовите на ЕУ, каде што спорни стануваат околу шест милијарди евра што се одобрени за користење, како и да биде продолжен ограничениот статус на бугарските граѓани во шенген-зоната!
Изборите наместо да донесат барем позитивен нов курс на кризата во која се наоѓа Бугарија во последните десетина години, главно поради политичките конфликти меѓу врвовите на политичките партии, тие сега предизвикуваат и најавуваат уште подлабока криза, која не може да не влијае како на Балканот како регион така и кај регионалните членки и во целата ЕУ. Ставот на ГЕРБ и Бојко Борисов, кој треба да избира меѓу малцинска влада и широка договорна политички солидарна коалиција, воопшто не ја намалува можноста и таквата влада брзо да падне во една од овие опции, бидејќи Бугарија според економската состојба е на дното, а според корупцијата и криминалот во врвот на листата на земјите членки на ЕУ?! Доколку Борисов, кој практично ја водеше и досега и сега политичката игра за формирање малцинска влада, однапред знае дека во таа опција во Народното собрание и вонпарламентарната опозиција против себе, ќе има силен фронт. Поради тоа поприфатлива му е договорна солидарна влада на широка коалиција, во која партиите со кои ќе ја дели власта договорно нема да си ги вадат валканите работи и најчесто криминалот како на национален така и на меѓународен план! Еден од условите од кои ГЕРБ и Борисов отсега не отстапуваат е да го добијат местото претседател на Народното собрание, кое е клучната функција во функционирањето на пратениците и власта во државата.

Во очекување на бугарската влада „рогови во вреќа“: Сериозен дебакл на ЕУ, која бугарската политика и политичка власт ги стави во позиција на нејзин клучен преставник во Балканскиот Регион

Доколку, пак, ГЕРБ и Борисов успеат да формираат мнозинска влада, тогаш заради собраниското мнозинство прва придобивка ќе биде и да не се пребројуваат изборните материјали, бидејќи за тоа е потребна споменатата одлука на Народното собрание, со што се гарантира и идното владеење, барем доколку и додека не дојде до раскол во поделбата на власта, бидејќи таквата влада ќе биде од моделот „рогови во вреќа“ и резултат на компромитирани парламентарни избори до ниво на национален и политички криминал како наследена работа. Ова не го демантира никој од досега утврдените пратеници во Народното собрание, бидејќи наводно изборниот криминал е недокажлив, поточно нема законска основа да се поведе постапка за докажување и санкционирање туку само за евентуалното спомнатото пребројување на гласачкиот материјал, доколку воопшто се случи?!
Не е никаква политичка мудрост дека вака компромитираните избори во Бугарија и евентуалната идна власт се сериозен дебакл и на ЕУ, која бугарската политика и политичка власт ги стави во позиција на нејзин клучен преставник во Балканскиот Регион, иако различен од концептот Отворен Балкан, вклучувајќи ги и наметнатите спорови во преговорите со Македонија, кои се закочени не во исполнувањето на принципите на ЕУ туку на историските разлики во гледањето на македонско-бугарските односи, со што последните десетина години успешно се манипулираат и прикриваат суштинските проблеми во двете земји во делот на демократските процеси, владеењето на правото, корупцијата и организираниот криминал, поради што и натаму опстојува наметнатиот „балкански синдром“ како политичка традиција и наследство на регионот!

Илија Максимовски