Министерството за надворешни работи го одби барањето на руската амбасада за специјално одобрение за користење на воздушниот простор за лет до Белград, информираат од оваа институција по веста во светските и регионалните медиуми дека шефот на руската дипломатијата Сергеј Лавров ја откажал посетата на Белград, откако Македонија, Црна Гора и Бугарија го забраниле неговиот лет.
Балканот ја зацврсти „железната завеса“ за Русија што го попречи Лавров
Одлуката како што појаснуваат од оваа институција е „Поради тоа што Владата веќе има донесено општа одлука за затворање на воздушниот простор на Македонија за авио-превозници во сопственост на Руската Федерација“.
И портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова изјави дека посетата се откажува.