Францускиот предлог, протестите, инцидентите, но и тврдењето за обид за негово убиство беа темите на кои се осврна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за српската телевизија „Прва“.
Тој рече и дека деновиве е цел на закани кон него и неговото семејство, а државата не му дозволува обезбедување.
– Заканите траат веќе четири години, но тоа кулминираше пред година дена. Јас сум единствен човек во Македонија, кој има најмногу рејтинг и кој ја води најголемата политичка партија, а на кој државата не му дозволува обезбедување. И сето тоа е намерно, за да може да се случи, тоа што требаше да се случи пред некој ден. Но не исклучувам можност, бидејќи последните два дена повторно имам закани по мене и моето семејство. Но, јас им реков јас сум спремен да го завршам свој живот, дали вие сте спремни да го повлечете чкрапалото – порача Мицкоски.