Со оглед на новонастанатата ситуација и реалниот впечаток на заострување на односите помеѓу двете земји, зачестија прашањата од граѓаните упатени до редакцијата што ќе значи тоа за летната рутина на македонските граѓани односно туристи што во периодов што доаѓа ќе одлучат да ја посетат Грција…
Грчките институции подготвуваат нови форми на „третман за македонските граѓани“ што ќе патуваат во Грција
Доаѓањето на затоплувањето и летните месеци како и секоја сезона така и оваа значи и зголемена посета на соседна Грција, која се чини дека им е омилена на македонските граѓани. Секој викенд, вклучувајќи го и изминатиов продолжен, поради празникот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, се забележува зголемена фреквенција на возила на граничните премини што водат кон нашиот јужен сосед. Секако, на прагот се и летните одмори, кога фреквенцијата на возила од Македонија уште повеќе ќе се зголеми.
Но, со оглед на новонастанатата ситуација и реалниот впечаток на заострување на односите помеѓу двете земји, зачестија прашањата од граѓани упатени до редакцијата што ќе значи тоа за летната рутина на македонските граѓани односно туристи што во периодов што доаѓа ќе одлучат да ја посетат Грција…
Накострешеноста се зголемува
На социјалните мрежи со денови многу грчки граѓани заговараат дури и да ни се забрани влез во Грција за време на летните месеци. Македонските граѓани низ годиниве минаа низ различни форми на малтретирања како резултат на експлозивниот амбиент на анимозитет кон Македонците, генериран од неразбирливите и недемократски политики на Атина. Па така, со години нашите возила се оштетуваа и на нив се врежуваа натписи „Скопје“, „ФИРОМ“, „Македонија е грчка“. И минатото лето македонските граѓани се соочија со голем број оштетувања на возилата, дупнати гуми, искршени стакла, изгребана боја се само мал дел од последиците што ги трпат македонските туристи во Грција.
Од неодамна, откако реториката од соседната страна е драстично заострена, граѓаните на Македонија почнаа и да претпоставуваат што ќе се случува натаму ако досега се случуваа работи како гореспоменатите.
На социјалните мрежи со денови многу грчки граѓани заговараат дури и да ни се забрани влез во Грција за време на летните месеци. Македонските граѓани низ годиниве минаа низ различни форми на малтр
Поединци во Грција предизвикуваат инциденти, но загрижува реакцијата на грчките надлежни институции
Ако македонските граѓани одлучат летото да го поминат во Грција, мора добро да ги простудираат сите правила и прописи за да не добијат дебела казна, затоа што грчката полиција почна немилосрдно да казнува. Имено, ригорозните казни полицијата ги обелодени со неселективно „казнување за секој возач што нема да ги почитува сообраќајните правила и прописи“.
Навидум коректно, превентивно предупредување, за репресивни мерки што апсолутно ќе бидат спроведени, без простување, бидејќи позитивноправните норми од овој домен веќе одамна се во сила, но досега било прогледувано „низ прсти“.
Извори од тамошните институции велат дека бескомпромисноста на спроведувањето на овие прописи особено ќе се спроведува кон македонските граѓани. Принципот на селективноста на спроведување и извршување на прописите ќе се огледа, според изворот, и на тоа што граѓаните од Србија или Косово би имале поблаг третман, со опомена и без парични казни.
Затоа, доколку грчката полиција ве фати да возите под дејство на алкохол или без појас, треба да бидете подготвени за тој прекршок да платите 350 евра.
Иако овие законски прописи важат веќе неколку години, важно е да се знаат годинава, бидејќи можеме да очекуваме заострени прегледи на возилата со македонски таблички.
Уште минатата година присуството на полицијата на грчките автопатишта беше зголемено, а полицијата делумно ги казнуваше прекршителите на законите.
Според нашите сондажи, професионалните возачи ни потврдуваат дека освен присуство на полиција, има значително зголемен број на радари, кои го ловат секое преминување на ограничувањето на брзината.
– Првиот радар е веднаш по границата, а и првата полиција е во непосредна близина. Радар и полиција има и кон Солун, каде што ние редовно возиме – вели Благоја Димевски, професионален возач.
Тој вели дека тамошната полиција е немилосрдна. Тука нема прогледување низ прсти, нема попуштање.
– Ако те фатат, толку е. Ние што редовно возиме знаеме каде ги има, па таму сме екстремно внимателни, иако тоа не значи дека не можат да се појават на други места – вели тој.
Листа на казни за сообраќајни прекршоци во Грција
Сите што патуваат во Грција ги интересираат износите на казните што би можеле да ги добијат доколку прекршат некој сообраќаен пропис.
Па така, за возење под дејство на алкохол казната изнесува од 78 до 1.200 евра, а за надминување на брзината во населено место до 20 километри на час се плаќа 100 евра. Ако случајно поминете на црвено светло на семафор и претекнете на полна линија, а ве фати полиција, подгответе 700 евра. Дури 350 евра ќе платите ако возите без појас, а во хаосот ако паркирате непрописно, ќе платите од 40 до 80 евра.
Ако одлучите да зборувате на телефон додека возите, ќе ве казнат со 100 евра, а ако пушите во возило во кое има деца помали од 12 години ќе платите 1.500 евра и ќе ви ја одземат возачката дозвола.
И таму, како и кај нас, постои правилото да ви се намали казната ако платите половина од неа во период од десет дена.
Високи казни и ако не ги возите децата во специјални седишта
Во согласност со европската регулатива, со која се усогласени грчките закони, посебни правила има и за превозот на деца.
Па така, деца пониски од 135 сантиметри и помлади од 12 години треба да седат во соодветно седиште или бустер. Според грчките закони, забрането е деца постари од три години и пониски од 150 сантиметри да се возат на предното седиште на возилото. За деца од 12 и повеќе години со висина од најмалку 135 сантиметри, пак, доволен е нормален безбедносен појас.
Ескивирање од плаќање на казните ќе биде неможно
Сепак има многу граѓани што мислат дека ако успеат да избегнат плаќање на казната, никогаш нема да треба да ја платат. Според еден од најпознатите балкански сајтови посветени на сите теми поврзани со Грција, „Никана.гр“, „Грците не можат да ви ја пратат казната на домашна адреса, но следниот пат кога ќе бидете во Грција, ако казната не е застарена и таа сè уште се наоѓа во системот, нема да ви ја простат, туку ќе морате да ја платите. Покрај тоа, во рамките на ЕУ постои регистар за сообраќајни прекршоци и голема е веројатноста дека казната ќе се наплат и кога ќе влезете во ЕУ, без разлика каде во ЕУ е направен прекршокот“, пишува на сајтот.