Ние имаме „дуалистички систем-однос“ меѓу меѓународноправниот поредок и уставниот поредок. Имено, обврската за задолжителната додавка, која важи во меѓународниот промет, иако со наша нелегитимна согласност, не мора автоматски да важи и во уставниот поредок и да го руши сетот на индивидуалните неприкосновени права, како што се право на изразување, убедување, слобода на мислата, уверување, па до правото на самоидентификација и самоопределување, без дискриминација!
Додавката што ерга омнес е пропишана со Преспанската спогодба, не мора по автоматизам да се пренесе во домашниот уставен правен поредок, дури и кога се работи за уставното име, што е дел од Уставот! Според уставната норма, договорите мора да бидат во согласност со Уставот, а не обратно!
„Северна“ го руши сетот на
индивидуалните н еприкосновени
права, како што е право на изразување, убедување, слобода на мислата, уверување, па до правото на самоидентификација и самоопределување
Ние имаме „дуалистички систем-однос“ меѓу меѓународноправниот поредок и уставниот поредок. Имено, обврската за задолжителната додавка, која важи во меѓународниот промет, иако со наша нелегитимна согласност, не мора автоматски да важи и во уставниот поредок и да го руши сетот на индивидуалните неприкосновени права, како што се право на изразување, убедување, слобода на мисла, уверување, па до правото на самоидентификација и самоопределување, без дискриминација! Овие општи права имаат повисок карактер од диспозитивната норма за задолжителното користење додавката, која впрочем претставува „ID-modifier“ (префикс) со што се ограничува правото на самоидентификација и самоопределувањето (а овие последните се врвни норми јус когенс). Оттаму, кога на инаугурацијата за претседател на државата, проф. Г. Сиљановска не го спомна задолжителниот префикс „Северна“ пред „Македонија“, таа не го прекрши Уставот, бидејќи ова домашно користење не претставува „уставната материја“ (materia constitutionis)!
Не постои деликт на пропустот (Delicto omission)
Очигледно без автоматизмот, преку соодветен закон, не постои т.н. деликт на пропустот (Delicto omission), така што како и во многу држави во светот претседателката (а ова се однесува и на премиерот, па и МНР) немаше и сега нема обврска од уставен карактер да ја спомнува додавката „Северна“, која згора се коси и со јавниот морал и принципите на дигнитетот, кои исто така се содржани во Уставот! Патем споменато, доколку беше направен уставен деликт при инаугурацијата, ова секако ќе беше искористено од опозицијата да побара импичмент, односно иницирање процедура за отповикување на новата претседателка. Но ова не се случи! Дури и на најголемите противници на проф. Сиљановска како новоинаугурирана претседателка, им беше јасно дека НЕ ПОСТОИ уставен пропуст или каков било деликт!
Меѓу мнозинството држави во светот каде што шефот на државата има полна правна слобода да ја нарекува својата држава на достоинствен начин се и САД
За потсетување, меѓу мнозинството држави во светот каде што шефот на државата има полна правна слобода да ја нарекува својата држава на достоинствен начин се и САД.
Имено, овде претседателот на САД во Конгресот (парламентот) го користи називот „Република“ наместо САД, а овој назив е во целосна согласност со Уставот на САД и со ваквото „скратување“ американскиот претседател не прави никаков прекршок или деликт.
За жал, дел од нашите уставни експерти и други правници, без соодветно знаење и лаички, сѐ уште сметаат дека претседателката и премиерот секогаш мора да ја спомнат географската одредница, додавката или тој срамен префикс на идентитетот пред терминот „Македонија“ со цел „да не го прекршат Уставот, бидејќи новото име е променето во Северна Македонија“?!
Автор: проф. д-р Игор Јанев
Авторот е професор по меѓународно право на Институтот за политички
студии од Белград