Република Македонија ја поддржува политиката во однос на проширувањето на НАТО, како и политиката на отворени врати за сите земји коишто ги делат вредностите на НАТО Алијансата и на Вашингтонскиот договор, посочи премиерот Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со германскиот канцелар Олаф Шолц во Владата.
– Ние сме најновата земја членка на НАТО и заради политиката на отворени врати на НАТО Република Северна Македонија и заради тешките одлуки коишто ги донесовме внатре во државата сме членка на НАТО и на процесот на интеграција во НАТО докажавме дека сме земја којашто историски гледано најбрзо се интегрираше во воениот систем на НАТО, се разбира и во политичкиот – изјави Ковачевски.
Тој додаде дека на Мадридскиот самит на НАТО од страна на претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски ќе бидат изразени ставовите на државата во однос на понатамошните одлуки на НАТО.