Владата на Руската Федерација денеска го одобри списокот на странски земји и територии кои, како што се наведува, претставуваат непријателски дејствија против Русија, нејзините компании и граѓани. На списокот се наоѓа и Македонија, а други земји од регионот се Црна Гора и Албанија.
Меѓу другите, се и САД, Канада, земјите членки на ЕУ, Обединетото Кралство, Украина и Швајцарија.
На листата се и Андора, Исланд, Лихтенштајн, Монако, Норвешка и Сан Марино, како и Јапонија, Јужна Кореја, Австралија, Микронезија, Нов Зеланд, Сингапур и Тајван.
Рускиот претседател во саботата потпиша декрет со кој руската влада треба да формира список на земји кои преземаат „непријателски акции“ против Русија во рок од два дена.