На денешната прес-конференција, пратеникот Борислав Крмов објави дека политичката партија Левица го поднесе до Собрание предлог-законот за изменување на Законот за минимална плата, кој е доставен од Сојузот на синдикати од месец декември.
– Се работи за предлог-закон за изменување на Законот за минимална плата, кој што е предложен од Сојузот на синдикати.
Иако им било ветено дека овој предлог ќе биде донесен во јануари, тој сѐ уште не е усвоен. Целта на овој закон е минималната плата, која е 15.000 денари, да се донесе до 18.000 денари, што би било околу 60% од моменталната просечна плата.
Со овој предлог се интервенира минималната плата цело време да не биде пониска за 60% од просечната плата.
Потрошувачката кошница за декември била дури 35.000 денари, што значи денеска едно просечно четиричлено семејство со две минимални плати не може ни да се издржува – потенцира пратеникот Крмов.