Фото: Влада

Прашан како го коментира потегот на бугарскиот премиер Кирил Петков со вчерашната објава на фотографијата од Минхенската безбедноста конференција каде го нема делот од Ковачевски, премиерот упати на изјавата од прес-службата на бугарската Влада дека се работи за ненамерен пропуст, истакнувајќи оти верува во продолжување на успешната комуникација и во иднина.

– Јас и премиерот Петков и нашите делегации имавме навистина одлична комуникација во рамки на Минхенската безбедноста конференција и сакам да верувам дека одговорот којшто е даден од прес-службата на бугарската Влада е тој кој што е вистинскиот и оти ќе продолжиме со успешната комуникација и во иднина – рече Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања по обиколката на градежните активности на делницата Крупиште – Кочани.