Конкретни предлози за намалување на цените на храната и зголемување на земјоделското производство

1. Продуктивност наместо квантитет
– Наместо едноставно субвенционирање врз основа на површина (хектари) или број на грла добиток, да се стимулираат продуктивноста и квалитетот на производството;
– Да се воведе систем на КПИ базирани субвенции, каде што земјоделците ќе добиваат поддршка врз основа на приносот и квалитетот на производите.
2. Малите земјоделски стопанства не можат да бидат ефикасни – окрупнувањето е нужност
Од класификацијата на земјоделските стопанства (ЗС) по големина може да се види дека 95,27 отсто од ЗС користат земјоделско земјиште под пет ха, а дури 98,5 отсто под 10 ха. Само 1,47 отсто од ЗС имаат обработливи површини над 10 ха.

3. Поддршка за иновации и модернизација

lПоголем фокус на механизација и нови технологии за да се зголеми ефикасноста;
lФинансиска помош за префрлување на паметни земјоделски технологии (на пример, дигитални системи за наводнување и дронови за мониторинг);
lПоттикнување на еколошко и органско производство со специјални грантови.
4. Строга контрола и транспарентност
– Да се создаде јавен регистар со сите субвенционирани земјоделци и износи, со што ќе се спречи фаворизирање на одредени производители;
– Воведување независен надзорен орган што ќе следи како се распределуваат субвенциите.

5. Поддршка за младите земјоделци
– Специјални програми за млади луѓе што сакаат да почнат агробизнис;
– Олеснет пристап до земјоделско земјиште за млади претприемачи во секторот;
– Директни грантови за иновативни идеи во земјоделството.
6. Диверзификација на производството
– Наместо само субвенционирање на житарици и традиционални култури, да се поттикне одгледување култури со повисока додадена вредност (лековити билки, овошје за извоз, мед и органски производи);
– Програми за поддршка на локални преработувачки капацитети, за да се создава финален производ, а не само суровина.

7. Поврзување со извозните пазари

lДиректна државна помош за извозно ориентирани земјоделци (на пример, субвенции за сертификација за ЕУ-пазарот);
lОдобрување на логистиката и транспортната инфраструктура за полесен пристап до странски пазари.

8. Развој на моделот на Италија за аграрен туризам (Agriturismo)
– Модел според кој малите рурални ресторани се ослободени од ДДВ и данок на добивка доколку послужуваат најмалку 50 отсто сопствени производи: млеко, сирење, месо итн.

Домашното земјоделско производство е во постојано опаѓање

Земјоделското производство е намалено за речиси 50 отсто, а трговскиот дефицит на земјоделските производи расте со стапка од 30 отсто и достигна речиси 1,2 милијарда евра. Субвенциите се во постојан пораст и се зголемени за околу 10 отсто. На тоа ги додаваме и покачените трошоци на Министерството за земјоделство: буџет поголем за 48 отсто, плати поголеми за 73 отсто и оперативни трошоци по вработен зголемени за 76 отсто.
Како капак на сето погоре, имаме голем број високообразовни и научни установи: имаме Факултет за ветерина, Факултет за земјоделски науки и храна, Земјоделски и Институт за сточарство при УКИМ, Земјоделски факултет УГД Штип, Биотехнички и Ветеринарен факултет при УКЛО – Битола, Институт за тутун – Прилеп, Факултет за земјоделство и биотехнологија ДУТ Тетово.
Се разбира, тие не се директно одговорни за намаленото производство, но би требало да влијаат на зголемување на продуктивноста. А не кај доматите да имаме намален принос. Ние, Македонија, која историски беше традиционален производител и извозник на раноградинарски култури?!