Во САД регистриран американски концепт за промена, меморандум на Стејт департментот, во кој се повикува на создавање „цивилизациски сојуз за обединување на христијанските земји“
Деновиве, Самјуел Самсон, виш советник во Бирото за демократија, човекови права и труд во САД, го навести постоењето на „американски концепт за промена“ на идеолошката матрица на ваквата ЕУ, односно на неолибералниот концепт на Брисел. За вакво нешто, медиумите пишуваат и дека вишиот советник во Бирото за демократија, човекови права и труд во САД, Самјуел Самсон, минатата недела презентирал и информација за „постоење и на конкретни планови“ токму во врска со ова. Медиумите исто така пишуваат и дека регистрирале „краток меморандум на официјалниот налог на Стејт департментот, од кој произлегува дека администрација повикува на создавање цивилизациски сојуз“, осмислен да обедини „христијански земји како Унгарија“ околу партиите во некои европски земји, како што е партијата во Германија- АфД, како и Право и правда во Полска (а токму Карол Навроцки, кандидатот на оваа партија, изминатиов викенд победи на претседателските избори во Полска).
Натаму, интересна информација беше пронајдена во коментари на некои политички аналитичари во западните медиуми. Имено, тоа е дека „Трамп му искажа најголема поддршка на Навроцки“ и затоа меѓу политичките аналитичари се зборува дека наедно „и Трамп е победник на претседателските избори во Полска“!
Победата на полскиот суверенистички кандидат за претседател Навроцки е директна потврда дека „Полска остануваа во орбитата на Трамп“ и, секако, „во орбитата на САД“. Според истата информација, „Полска со претседателствувањето на Навроцки нема да биде подготвена да им се потчини на плановите и интересите на либерален Брисел“ и нема да оди во насока на идејата на Макрон за остварување европска „стратегиска автономија“ наспрема официјален Вашингтон, што би значело оддалечување, а можеби дури и спротивставување на курсот на САД. Според информацијата од истите медиуми, „со Навроцки како нов полски претседател, на Трамп ќе му биде полесно да продолжи да ја реструктурира идеологијата на либералните европски елити“. Р.С.