Војната во Украина од аголот на Белата куќа (2)
Од самиот почеток на неговото второ влегување во Белата куќа, американскиот претседател Доналд Трамп, според аналитичарот Зоран Метер, игра „сложена игра покер во која целосно ги блефира/манипулира своите противници“.
Се сеќаваме дека Трамп веднаш почна да го напаѓа украинскиот лидер Володимир Зеленски, обвинувајќи го дека е „најголемиот шверцер што, секојпат кога ги посетува Соединетите Американски Држави, носи вреќа со пари од американските даночни обврзници со себе; тврдеше дека немаше да има војна ако тој победеше наместо Бајден; буквално ги омаловажуваше европските сојузници, ставајќи ги во редовите на слугите на Бајден што ги туркаа Европа и Америка во трета светска војна со Русија без да имаат силни карти во рацете итн.“.
Да потсетиме дека кулминацијата на наводната антиукраинска и антиевропска политика на Трамп беше јавна телевизиска емисија со исклучително непријатен напад врз Зеленски за време на неговиот престој во Белата куќа, а кратко потоа и започнувањето на првите билатерални американско-руски преговори во Ријад, кои го шокираа светот. Правејќи го ова, Трамп сакаше да постигне (и постигна, според аналитичарот Метер) – две важни работи:
1. Дополнителна наклонетост на Путин, оптимизам и желба за што поскоро решавање на украинската војна и враќање на односите меѓу САД и Русија во нормала – барем на нивото од пред војната, иако тие беа многу лоши дури и тогаш;
2. Трамп предизвика невиден страв кај клучните европски земји дека тој самиот ќе ги остави на цедило и „еден на еден“ со Русија, која веќе се чувствува како победничка.
Резултатот беше коперникова пресвртница на позицијата на европските лидери (кои отворено го мразеа Трамп за време на изборната кампања, па дури и го навредуваа на лично ниво) во целосно вазален однос кон Трамп и некритичко прифаќање на сè што тој бараше од нив (од исклучително неповолниот одбранбен договор во јули, до еднакво неповолниот трговски договор што го потпиша во Шкотска во име на ЕУ претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, без претходно да праша која било од членките на ЕУ дали се согласуваат или не.
Сепак, по првичните состаноци на американската и руската делегација и петте посети на неговиот личен претставник Стив Виткоф на Путин во Москва (што беше јасен знак дека преговорите не одат во насока на очекувањата на Трамп (тој претходно им го понуди својот мировен план и на Москва и на Киев), Трамп (план што беше речиси задолжителен, за кој Москва изрази одредени забелешки и точки под кои не можеше да оди) многу брзо сфати дека работите не одат во насоката што ја посакуваа САД.
Затоа, една од последните шанси за успех беше неговата директна средба со Путин, која се сеќавате, се случи во Алјаска. Но, дури и тогаш, средбата не се реализира во билатерален формат (еден на еден), туку во друштво на клучни личности од двете страни, кои претходно беа вклучени во процесот на преговори. Имено, ниту Трамп ниту Путин не беа заинтересирани да бидат вовлечени (од страна на медиумите) и обвинети за некои од нивните заткулисни договори на штета на трети страни, дури и ако тие не постоеја. Вистинските резултати од самитот се внимателно скриени до ден-денес – или поради оскудниот напредок или поради деликатноста на она што можеби било договорено. Она што беше познато во тоа време беше согласноста на Трамп со долгоочекуваното барање на Путин дека мирот во Украина не може да се постигне без да се елиминираат причините за самата војна, што беше голем пресврт од страна на Трамп во споредба со неговата претходна позиција, како и фактот дека треба да се постигне траен мир, а не привремен прекин на огнот. Ова беше мошне голем успех за Путин. Со други зборови, на Алјаска, тие успеаја да се оддалечат од долгогодишната американска глобална нарација за „постигнување мир преку сила“ и да се префрлат на фразата за постигнување мир „врз основа на рамнотежа на интереси“ и рамноправен дијалог меѓу Москва и Вашингтон. Среќата во Москва траеше само еден ден.
Политичко салто на Трамп со ЕУ
По средбата на Трамп со клучните европски лидери, како и со Урсула Фон дер Лајен и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, Трамп повторно целосно ги сврте работите и се врати на гореспоменатата формула за „мир преку сила“! Што се случи?
Имено, тој им наметна на европските лидери да го интензивираат купувањето американско оружје (во согласност со гореспоменатиот одбранбен договор) и потоа самите да ѝ го испорачаат на Украина, додека САД дефинитивно ќе се повлечат од него. Брилијантен потег на Трамп, кој, барем според него, го префрла ризикот од украинската војна од САД на европските сојузници, кои сега наводно сами одлучуваат како да ја решат војната, односно дали да продолжат да ѝ даваат воена помош на Украина или не. Овој пристап на Трамп кон формално повлекување што не е во пракса (испораките на американско оружје навистина се намалени бидејќи зависат од европските пари, кои стануваат сè помали, како и волјата да се трошат без никакви цврсти гаранции дека на крајот ќе резултираат со очекуваниот плод, но американската разузнавачка и сателитска навигациска поддршка за Украина сè уште е присутна, уште посилна) не може да го задоволи Путин. Затоа, од почетокот на септември, тој одлучи да ги интензивира руските воздушни напади длабоко на украинската територија – врз нејзините енергетски и воени цели. Со други зборови, процесот на преговори според упатствата на Трамп за принципот земи или остави не само што стигна до ќор-сокак туку и де факто е застарен. Поради ова, Вашингтон, во договор со своите европски сојузници, одлучи да ѝ даде дозвола на Украина да спроведува напади со беспилотни летала на долг дострел врз руската енергетска инфраструктура. Тие сфатија дека сегашниот метод на војување со исцрпување оди во корист на Москва, при што проблемите за Украина и Европа ќе стануваат сè поголеми и поголеми. Така, Западот заклучи дека ќе прејде во активна позиција доколку нанесе удар за руското финансирање на војната – нафтата. И тоа не само директни прецизни напади од украински беспилотни летала (кои ги пријавуваат американските сателити бидејќи Украина нема можност за тоа) туку и со дополнителни санкции против руската таканаречена флота во сенка, што би го отежнало извозот на руска нафта. Тоа и се презеде од страна на Западот, со одобрување на Трамп.
Дали договорите во Алјаска меѓу Трамп и Путин заминаа во историјата?
По сиве овие споменати настани, почнаа да се поставуваат прашања, дали самитот во Алјаска дефинитивно е мртов? Според анализата во „Геополитика“, на тоа прашање сè уште е тешко да се одговори. Ниту една страна – ниту Москва ниту Вашингтон – сè уште официјално не се осмелува да изјави дека „духот на самитот во Алјаска дефинитивно е мртов“. Неодамна, рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков во јавноста пласира изјава во која изрази сомнеж дека „Алјаска сѐ уште е жива“, но веднаш потоа јасно и гласно дојдоа реакции од Кремљ (од портпаролот на Путин, Дмитриј Песков) со кои беше демантиран претходно искажаниот став на заменик-министерот за надворешни работи Сергеј Рјабков. Сепак, со оглед на фактот што еден од најискусните руски дипломати не претрпе никакви политички последици за неговото солирање во врска со искажаниот став за самитот на Алјаска (Рјабков не добил ниту опомена од својот претпоставен), тогаш може да се заклучи дека можеби „имал одобрение од врвот за да го пласира ова свое тврдење“. А тоа е дека тоа имало за цел притисок врз политиките на Трамп да се стабилизираат и да се одбегнуваат политики на салтомортале.
Автор: Зоран Метер
Текстот е извадок од анализа во „Геополитика“
Официјален став на Варшава за тоа колку долго би можела да трае украинската војна
Полскиот премиер го подгрева сценариото за „трајна и вечна војна“
- Полскиот премиер Туск во интервју за британскиот медиум „Сандеј тајмс“ истакна дека „ако Москва распореди хиперсонични балистички ракети ’орешник‘ во Белорусија или Калининград, лесно би можела да изврши нуклеарен напад врз која било европска престолнина, вклучително и Лондон“. На тој начин, тој ја издвои имплицитно Велика Британија како клучна соучесничка во Коалицијата на подготвените, подгревајќи ги и актуализирајќи ги западните ставови за „опасност од руска инвазија на Западна Европа“
Постојат повеќе мислења за тоа колку долго би можела да трае украинската војна. Некои аналитичари аргументираат дека војната во Украина би можела да заврши веќе следната година, додека други се многу попесимистички во своите становишта и даваат аргументи дека војната би можела да трае со години.
Еден од оние политичари што се согласува со песимистичкото сценарио на аналитичарите е и полскиот премиер Доналд Туск. Тој во интервју за британскиот медиум „Сандеј тајмс“ изјави дека верува дека „Украина ќе остане во вечна војна со Русија, сè додека во Москва не се случат радикални промени“. Во интервјуто, полскиот премиер Доналд Туск пласира информација дека „Киев е загрижен за трошоците што конфликтот ќе ги има врз украинското население и економијата ако борбите продолжат уште подолго“.
– Не се сомневам дека Украина ќе преживее како независна држава. Главното прашање сега е колку жртви ќе има. Претседателот Володимир Зеленски ми рече дека се надева дека војната нема да трае десет години, но дека Украина е подготвена да се бори уште две или три години – беше многу експлицитен во својата изјава полскиот премиер Доналд Туск, при што додаде уште една своја констатација во која ја лоцираше предноста на руската армија во тековниот воен конфликт во Украина.
– И Русите се исто така во тешка ситуација. Дали ова значи дека можеме да кажеме дека победуваме? Воопшто не. Тие имаат една голема предност во однос на Западот, а особено во однос на Европа: тие се подготвени да се борат… во воено време ова е апсолутно клучно. Немате шанси да победите освен ако не сте подготвени да се борите или барем да жртвувате нешто – изјави во своето интервју полскиот премиер.
Интересно е што полскиот премиер истакна дека „ако Москва распореди хиперсонични балистички ракети ’орешник‘ во Белорусија или Калининград, лесно би можела да изврши нуклеарен напад врз која било европска престолнина, вклучително и Лондон“. На тој начин, тој ја издвои имплицитно Велика Британија како клучна соучесничка во Коалицијата на подготвените, подгревајќи ги и актуализирајќи ги западните ставови за „опасност од руска инвазија на Западна Европа“.
– Заканата е глобална и универзална по природа, првенствено технолошка… Затоа, не можеме да живееме во слатка илузија дека сме премногу далеку од нив, дека ова не е наша војна, туку само војна на Украина или Полска – рече Туск, обраќајќи се директно до јавноста во Велика Британија, истакнувајќи дека претстои „трајна, вечна војна сè додека не се случат радикални промени во Русија“. Р.С.
Ставот на германската политичка партија АфД искажан деновиве преку портпаролката на партијата, Алис Елизабет Вајдел:
Украина веќе ја зaгуби оваа војна и тоа едноставно мора да им се каже на луѓето
Изминативе денови во Германија се водеа силни дебати во врска со нејзината актуелна позиција за војната во Украина и начинот како евентуално Берлин да се репозиционира. Во врска со тоа, политичката партија АфД имаше интересен став, кој во јавноста го пренесе партиската портпаролка Алис Елизабет Вајдел.
– На Германија и на Европа им е добро само со Русија, а не без Русија. Русија, без разлика што некој мисли за неа, мора да се гледа низ призма на безбедносната политика. Фридрих Мерц јавно рече, напиша, дека Путин е воен злосторник и дека сега ќе направиме сè за да го спречиме тоа. Па јас велам, со таков германски канцелар, секој би се смеел. Секој му се смее на Фридрих Мерц. Што мислиме ние, на пример, еден Макрон или еден Фридрих Мерц, што мислат тие, каде води сето ова ако продолжат вака, а Доналд Трамп целосно се повлече и ја избегнува одговорноста? Дали навистина мислат дека со Зеленски и Украина можат нешто да постигнат? Украина веќе ја изгуби оваа војна и тоа едноставно мора да им се каже на луѓето. Јас би седнала таму, како германска претставничка и би се обидела да помогнам да се постигне разумен мировен договор, кој ќе ги земе предвид безбедносните интереси и на Украина, но и на Русија – истакна портпаролката на АфД..
Алис Елизабет Вајдел е германска политичарка, членка на политичката партија АфД. Вајдел е членка на германскиот Бундестаг од 2017 година. Од јуни 2022 година, таа е и федерална портпаролка на партијата АфД. На федералните избори во 2025 година, таа беше кандидат на својата партија за канцелар, што беше првпат партијата да номинира таков кандидат. Р.С.


































