Западот силно се залага за: апсолутен индивидуализам; промовирање на ЛГБТ и родови политики; космополитизам; постхуманизам; неограничена миграција; релативизирање на сите форми на идентитет; критичка теорија на раса, релативистичка и нихилистичка филозофија на постмодернизмот, различна интерпретација на историјата од досегашната… Од друга страна, позициите на Истокот се на тотално различниот крај на летвичката. За споредба со „западниот концепт“, на Истокот се промовираат следниве позиции: колективен идентитет (наспроти индивидуализам); патриотизам (наспроти космополитизам); традиционално семејство (наспроти родови недоречености); постојна религија (наспроти нихилизмот); историска вистина (наспроти историски ревизионизам)…
Меѓународниот поредок заснован на досегашните правила долго време страда од пренебрегнување и саботажи, па се раѓа друг концепт
Гидеон Рахман во својата колумна во „Фајненшл тајмс“ пишува дека „како организациски принцип на западната надворешна политика, токму меѓународниот поредок заснован на правила, долго време страда од некои катастрофални недостатоци“.
Тоа е фраза, како што самиот се изјаснува, која „не значи ништо за нормален човек и дека тоа е длабоко неинспиративен концепт“. Зошто? Имено, неговиот одговорот веднаш следува, при што вели дека „луѓето може да одат во војна за да ја одбранат слободата или татковината“, а никој нема да се жртвува за меѓународниот поредок…
– Никој нема да се бори и да умре за „меѓународниот поредок заснован на правила“ или скратено РБИО (Rules-based international order – RBIO).
Сепак, високите западни креатори на политики се чини дека се заљубени во тој концепт. Имено, тој вели дека и Антони Блинкен, американскиот државен секретар, милува да се повикува на меѓународниот поредок заснован на правила. И Риши Сунак, британскиот премиер, го стави „меѓународниот поредок заснован на правила“ во центарот на надворешната политика на Обединетото Кралство, а и неговиот веројатен наследник сер Кир Стармер, поранешен адвокат, ќе биде исто толку посветен на споменатата идеја – вели Гидеон Рахман во својата колумна во „Фајненшл тајмс“.
Меѓународен поредок заснован на правила: Атрактивна идеја, но
правилата треба секаде и еднакво да важат!
Аналитичарот Гидеон Рахман во својата колумна го цитира американскиот државен секретар Антони Блинкен, кој, „спротивставувајќи се на Русија, тврди дека САД се залагаат за свет заснован на правила, а не на сурова моќ“. Тоа е атрактивна изјава и идеја. Но дали е така?!
Според аналитичарот Гидеон Рахман, „правилата треба да бидат конзистентни“! Имено, според аналитичарот и неговата анализа во „Фајненшл тајмс“, „акциите на Америка ги поткопуваат виталните делови од поредокот заснован на правила“. Тој вели дека „изминатите две недели брутално се разоткрија овие противречности“, низ еден најобичен пример. Имено, царините од 100 отсто што администрацијата на Бајден ги наметна за кинеските електрични возила практично е невозможно да се усогласат со меѓународните правила за трговија. Како што пишува во труд за Бригел, аналитички центар: „Тарифите… ја поништија секоја идеја дека САД имаат намера да ги почитуваат правилата на Светската трговска организација (СТО)“.
Натаму, одговорот на Америка на изгледите дека Меѓународниот кривичен суд (МКС) ќе поднесе обвиненија за воени злосторства против Бенјамин Нетанјаху (израелскиот премиер), исто така беше релаксирачки. И наместо да ги поддржи напорите на судот да го спроведе меѓународното право, Блинкен му рече на американскиот Конгрес дека администрацијата „ќе размисли за воведување санкции кон МКС“. (Се разбира, САД можат да дадат аргументи за да ги оправдаат овие потези… можно е да се тврди дека МКС ја надминал својата јурисдикција или погрешно интервенирал во тековен конфликт… меѓутоа, сето тоа излегува од рамките на меѓународното право)…
Во големи делови од светот, тврдењето на Америка дека го поддржува меѓународниот поредок заснован на правила се третира со потсмев. Значи, што може да се спаси од овој хаос? Еден одговор, според аналитичарот Гидеон Рахман, е „Блинкен… заедно со другите да зборуваат помалку за меѓународниот поредок заснован на правила… затоа што не ги почитуваат…“
Кој какви правила почитува и какви концепти гради: Западот наспроти Истокот
Според одредени аналитичари, очигледно дека егзистираат два система на вредности, кои се во колизија еден со друг на глобално ниво.
Имено, модерниот колективен Запад силно се залага за: апсолутен индивидуализам; промовирање на ЛГБТ и родови политики; космополитизам; постхуманизам; неограничена миграција; релативизирање на сите форми на идентитет; критичка теорија на раса, релативистичка и нихилистичка филозофија на постмодернизмот, различна интерпретација на историјата од досегашната… Во тој контекст, сѐ повеќе самите сме сведоци (па и жртви) на очигледниот тренд на ретуширање на историјата, сведоци сме на забрана на книги и уметнички дела, забрана за музички изведби на ремек-дела на класиката, забрана за спортување на спортисти на меѓународни натпревари… Па дури сведочиме и дека американскиот Конгрес се подготвува да отстрани цели блокови од Светото писмо, кои, наводно, навредуваат одредени групи луѓе на етничка и верска основа.
Од другата страна, позициите на Истокот се на тотално различниот крај на летвичката на терезијата (не само на различниот географски крај на светот). За споредба со западните, на Истокот се промовираат следниве позиции: колективен идентитет (наспроти индивидуализам); патриотизам (наспроти космополитизам); традиционално семејство (наспроти родови недоречености); постојна религија (наспроти нихилизмот); историска вистина (наспроти историски ревизионизам)…
Навистина, секој објективен опсервер ќе констатира постоење на две спротивставени ориентации, поточно две антагонистички идеологии и системи на светоглед!
Според ова, аналитичарите подвлекуваат дека доаѓаме до констатација дека се дојдени во конфликт два модела за понатамошен развој на човештвото. Од една страна либералниот, глобалистичкиот модел на современиот Запад или, од друга страна, моделот кон мултиполарен, полицентричен пат во чија основа се традицијата и традиционалните вредности… Кој ќе биде концептот што ќе биде целисходен за еден малоброен народ и мала држава, како што сме ние, но со огромна обемна и богата историја, свој засебен јазик, уникатност, оригиналност и идентитетски атрибути реализирани преку столетен стремеж за самостојност и независност? П.Р.