Албанија нема милијарда евра за да влезе во Одборот за мир за појасот Газа

Албанскиот премиерот Еди Рама реагираше на Икс во врска со информациите во дел од медиумите, кои објавија дека Албанија ќе плати милијарда евра за да учествува во Одборот за мир за Појасот Газа на американскиот претседател Доналд Трамп, оценувајќи ги како неточни и водени од политички цели.
– Некои тврдења во медиумите дека Албанија ќе плати милијарда евра за влез во Одборот за мир во Газа се лага. Денешна Албанија е меѓународно почитувана земја, а мојата посветеност е фокусирана на довербата што ни ја дадоа албанските граѓани и почитта на светската сцена – посочи Рама.
Албанскиот премиер претходно на својот фејсбук-профил го објави текстот на писмото што го добил од претседателот на САД, Доналд Трамп, кој лично го поканил да ја претставува Албанија во Одборот за мир за Појасот Газа.
Рама нагласи дека се заблагодарува за привилегијата и за довербата што му е дадена и порачува дека ќе направи сè што е потребно за да ги возвиши името на Албанија и достоинството на Албанците. Р.С.