Фото: „Нова Македонија“

Поради инсистирањето на една поголема група читатели (граѓани поединци, како и некои граѓански здруженија) јасно и целосно барем во еден медиум да бидат објавени групите производи што во наредниот период би биле со намалени цени (со образложение дека тоа го бараат заради своите индивидуални набавки, но и заради увид дали навистина се практикуваат фер трговски практики и почитување на одлуките на властите), во продолжение, во пресрет на барањето на граѓаните, го објавуваме интегрално списокот на производите според објавата во „Службен весник“, поделен во три групи, заради поголема прегледност

Граѓаните ни побараа целосен преглед/список на сите производи во трговијата што во наредните четириесетина дена би биле со намалени цени

На владината седница, одржана на 18 февруари 2025 година, донесена е „Одлука за посебни услови за трговијата на одделни стоки и обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите, според определен редослед“. Во неа таксативно се наведени сите производи што подлежат на посебен режим во трговијата за кои се очекува во наредниот период да се продаваат со пониски цени.
Одлуката на Владата важи од 19 февруари (со објавата во „Службен весник“ бр. 38 од 2025 година) и ќе се применува до 30 април 2025 година. Со оваа владина Одлука се определуваат посебните услови за трговија и обврската на трговците (правни и физички лица) што се регистрирани за вршење дејност „производство и трговија и на големо и на мало“.
· Имено, со оваа Одлука, највисоката бруто профитна маржа во вкупен износ до 5 отсто во трговијата на големо и во вкупен износ до 5 отсто во трговијата на мало, се утврдува за следниве стоки, од наведенава – прва група производи:

ГРУПА 1: Бел и полубел леб, векна, индустриски тип од 350 г до 500 г (цел и на парчиња), со исклучок на свежо печен леб во маркетите; брашно пченично, тип 400 во пакување од 1 кг до 2 кг; брашно пченично, тип 500 во пакување од 1 кг до 2 кг; трајно кравјо млеко (освен органско млеко и млеко со додатоци) со масленост од 2,8 отсто, 3,2 отсто и 3,5 отсто, во пакување од 1 л; јогурт од кравјо млеко обичен, без додатоци, со масленост од 2,8 отсто до 3,2 отсто, во пакување од 1 кг и 1,5 кг; кисело кравјо млеко (обично, без додатоци) со масленост од 2,8 отсто и 3,2 отсто, во пакување од 300 г до 500 г; свежи јајца од кокошка и масло за јадење од сончоглед.
· Исто така, со Одлуката на Владата, највисоката бруто профитна маржа за стоките во вкупен износ до 10 отсто во трговијата на големо и во вкупен износ до 10 отсто во трговијата на мало се утврдува за долунаброените стоки од групата 2 – производи:

ГРУПА 2: Масло (путер), индустриски произведен, во пакување од 250 г; маргарин (обичен), во пакување од 250 г; шеќер кристал бел; ориз бел, во пакување од 900 г до 1 кг; печени пекарски производи (ѓеврек обичен, бурек со месо и сирење, баничка со месо и сирење, симит погача и лисната кифла, обична и со сирење); бисквити, „Petit Beurre“ и бисквити обични од 300 г до 500 г; тестенини (макарони и шпагети од тврда пченица) без и со јајца од 500 г (без додатоци); месо, јунешко, без коски, од бут или некој друг дел (свежо и замрзнато); месо јунешко со коски (свежо и замрзнато); месо, свинско, без коски, од бут или некој друг дел (свежо и замрзнато); месо, свинско со коски (свежо и замрзнато); мелено месо јунешко и мешано; јагнешко месо; пиле (свежо и замрзнато) цело; пилешки стек (свеж и замрзнат); пилешки копан со наткопан (свеж и замрзнат); пилешки копан (свеж и замрзнат); пилешки наткопан (свеж и замрзнат); салама, шункова во пакување од 300 г до 900 г (без слајс пакување); чаен колбас, од свинско месо (без додатоци и без слајс пакување); чаен колбас, од говедско месо (без додатоци и без слајс пакување); пилешка посебна саламa во пакување од 300 г до 900 г (без слајс пакување); 31) паштета од џигер и пилешка (кокошкина), во пакување од 95 г и 100 г (без додатоци); замрзната риба Ослиќ; свежа риба пастрмка; свежа риба крап; павлака од кравјо млеко, кисела, со масленост од 12 до 20 отсто, во пакување од 180 г до 400 г; урда; традиционално кравјо бело сирење (без додатоци); традиционално мешано бело сирење (без додатоци); традиционално овчо бело сирење (без додатоци); традиционален кравји кашкавал (без додатоци); традиционален мешан кашкавал (без додатоци); зеленчук замрзнат (балканска мешавина), во фолија од 400 г и 450 г; зеленчук замрзнат (златна мешавина), во фолија од 400 г и 450 г; зеленчук замрзнат – пченка, во фолија од 400 г и 450 г; зеленчук замрзнат – грашок, во фолија од 400 г и 450 г; зеленчук замрзнат – боранија, во фолија од 400 г и 450 г; зеленчук замрзнат – брокулa во фолија од 400 г и 450 г; зеленчук замрзнат – спанаќ во фолија од 400 г и 450 г; грашок, конзервиран, во пакување од 400 г и 450 г; ајвар од печени пиперки, тегла од 550г до 660 г; краставички, конзервирани, тегла oд 680 г до 720 г; печурки маринирани, сечкани), тегла до 720г; маслинки, црни; џем и мармалад; чоколадо млечно обично, во пакување од 80 г до 100 г; кечап; томато сoс; мајонез; зачин (вегета, зачинал и сл.); кафе, пржено, мелено, во пакување од 100 г до 200 г; сок кашест (матен) овошен, од разно овошје, во тетрапак од 1 л, 1,5 л и 2 л; безалкохолни газирани пијалаци (Кока кола, Пепси, Фанта, Швепс битер лемон, Синалко, Газоза, Миринда и сл.) во пакување од 1,25 л, 1,5 л, 1,75 л и 2 л; пиво светло во шише и лименка од 0,5 л и вино бело, црвено и розе во пакување од 0,75 л и 1л.
· Натаму, со истата Одлука на Владата, утврдува највисоката бруто профитна маржа во вкупен износ до 15 отсто во трговијата на големо и во вкупен износ до 15 отсто во трговијата на мало, за следниве стоки од третата група производи:

ГРУПА 3: Јаболка; лимони; портокали; мандарини; банани; исчистени ореви; грав; кромид; компири; моркови; спанаќ; зелка; краставици; лук; тиквици; домати; пиперки; карфиол; модар патлиџан; леќа; магдонос; брокула; праз; урми сушени; смокви сушени; паста за заби; гел за туширање (машки и женски) од 250 мл; шампон од 400 мл до 800 мл; влажни марамчиња; тоалетна хартија (двослојна и трослојна); хигиенски влошки; пелени детски, стандардни; бебешки/детски кашички во пакување од 100 г до 200 г; бебешки/детски сок од 125 мл до 200 мл; детергент за машинско перење на алишта од 3 кг; детергент за рачно перење на садови од 400 мл до 500 мл; сапун од 80 г до 100 г и течен сапун.
Во Одлуката на Владата исто така се нагласува дека трговците на мало треба јасно да ги обележат сите стоки oд горниот преглед на производи што треба да бидат поставени на полиците, фрижидерите и во разладните уреди, со натписот „Помалку трошоци, повеќе за тебе“. На тој начин, граѓаните полесно ќе ги препознаваат производите што се опфатени со оваа владина одлука и се со пониски цени.
Трговците на мало имаат обврска стоките од горенаведениот список да ги прибавуваат и да им ги продаваат месечнo на потрошувачите, во количество од најмалку 70 отсто од количеството прибавено во јануари 2025 година, исто така „трговците за вршење дејност – производство и за вршење дејност – трговија на големо“ имаат обврска стоките опфатени на горниот список да им ги продаваат месечно на трговците на мало во количество од најмалку 70 отсто од количеството продадено во јануари 2025 година. Причина за сето тоа е за да не дојде до недостиг за граѓаните на некои од производите наведени во Одлуката на Владата. Е.Р.