Новата Влада во Софија успеа да почне добар процес кој има за цел да ги зближи Бугарија и Македонија, да ја погледне историската перспектива, а истовремено да ја погледне и перспективата во Европската Унија. Ова го изјави постојаниот известувач на Европскиот парламент за Македонија Илхан Ќучук, за бугарската телевизија „Нова“.
– Ќе биде голем пропуст на бугарската надворешна политика ако дозволиме Албанија да започне преговарачки процес, а Северна Македонија да се остави настрана – рече Ќучук.
Ќучук смета дека постои тензија на историски, но не и на политички план.
Европратеникот кажа дека верува оти Бугарија треба активно да работи во рамките на правилата договорени меѓу двете соседни земји, запрашан дали таа треба да го укине ветото за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ.