Општина Илинден

Општина Илинден официјално започна со реализација на еден од своите капитални инфраструктурни проекти – изградба на нов плочест мост и сервисна улица 500 во населеното место Марино.
Проектот предвидува изградба на мост со коловоз широк шест метри и тротоари од по 1,5 метар од двете страни, со што ќе се обезбеди безбедно и непречено движење на пешаците и на возилата. Покрај мостот, ќе се гради и нова сервисна улица во должина од 260 метри, со коловоз широк 5,5 метри и тротоари на двете страни. Дополнително, проектот опфаќа и изградба на систем за собирање и одведување фекални отпадни води, односно поставување фекална канализација за објектите што гравитираат кон оваа улица – што претставува значаен придонес кон подобрување на инфраструктурата и условите за живот во овој дел од општината.