Алијансата за Албанците го номинираше Ремзи Мехмеди за претставник во работната група за измени на Уставот, информираа од партијата за МИА. Претходно, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ на прес-конференција соопшти дека партијата ја номинираше Цветанка Иванова за претставник во работната група за измени на Уставот.
Според информациите, свои претставници во групата номинирала и Беса, а се очекува денеска и ДУИ да соопшти кој ќе биде номиниран од кај нив. ВМРО-ДПМНЕ, Алтенатива, Левица, СПМ и Демократски сојуз изминатиот викенд информираа дека нема да учествуваат во работната група.
Освен парламентарните политички партии во работната група при Министерството за правда претставници треба да номинираат и од Кабинетот на претседателот на државата, Министерството за надворешни работи, Секретаријатот за европски прашања и експерти од областа на уставно право.
И додека во јавноста викендов се лицитираше со можните имињата на членовите, дел од политичките партии на дописот од Министерството за правда одговорија негативно. ВМРО-ДПМНЕ, Алтенатива, Левица, СПМ и Демократски сојуз информираа дека нема да учествуваат во работната група.
Министерството за правда утре ќе го соопшти составот на работната група за измени на Уставот. Рокот што им беше даден од Министерството за правда на институциите и политичките партии во дописот за номинирање свој претставник во работната група истекува на полноќ. Според последните информации, работната група треба да има меѓу шест и осум експерти.