Ислам и исламофобија

  • Ако си „муслиман“, по автоматизам се мисли на терорист или екстремист. Неправедно е. Издржи – Бог тоа го бара од тебе! Исламофобијата има причини: историски, верски, дијалектички, економски, психолошки, идеолошки, антрополошки, политички, навики, традиционално-етнолошки, културолошки и пропагандистички. Медиумите се „шовинистички извик“, создаваат мисли – за протести, гангови, маса и насилства…
  • Исламофобијата прави пожар. Но исто и џихадизмот! Некогашни пријатели на Израел сега нејќат да чујат за Израелец или Евреин. Во Америка има 4 милиони исламисти, но страшна исламофобија. Поради омразата ќе има страшни безредија. Во Израел има 30 отсто исламисти, назабени, а така ќе биде и во Европа во 2030 година. Во иднина омразата ќе се зголеми, а слободата, капитализмот, мирот, уметноста, љубовта – ќе бидат сеќавање

Ми рече пророкот – исламот е Мека на мојата вечност. Со Бог си исконска осаменост. Милост, добрина, вера – знаци се. Сретни ме над мислите. Меѓу бездната и небото слуга си. Од Мухамад е Кутуб, моќ Алахова. Престани да си ситен, вели Руми. Исламот е љубов, наратив, збор. Не биди како што сакаат други. Тој што си од Бога си. Чесна смрт е рај. Светлината е длабоко, како зборот. Тој збор е Куран. Куче трча по стап, а мудрец по знаење. Ако си жена – си најсвета! Сети се на мајка ти. И рече тој – секоја омраза е незнаење, ѕид. Исламофобијата (страв-омраза) е само една од фобиите – замисли други – јудеофобија (антисемитизам), ксенофобија, христофобија, македофобија, албанофобија, русофобија, феминофобија (мизогинија), аблеизам (хендикепирани), агеизам (старци), апорофобија (сиромашни), фазмофобија (духови) и мизантропија. Има учени, а фобичари се. Душата е чудо – некои мразат звуци, мразат мисли, психопати мразат проститутки и стануваат сериски убијци. ДАЛИ ФОБИЧАРИТЕ СЕ ПСИХОПАТИ? Простувај! За љубов, дај го и животот. Простувањето е силно како љубовта. Бог простува, но како да бидеш до него? Може преку исламот, а може и преку јудаизмот или христијанството. Бог ќе те побара.

ПРВО – УЧИ ИСТОРИЈА!

Кај исламот има 4 фази: преислам, експанзија, закон и модернизам. Смешно е да зборуваме за ислам на ситен простор. РАЗБИРАЊЕ е првиот збор. Кажи „ислам“ и околу тебе се вџашуваат. Зошто? – ПРЕДРАСУДА (вториот збор). Немуслиманот мисли дека си талибанец, а муслиманот си вели „кого мами овој несвој“? Ако не се трпиме, значи не се трудиме. А ха – третиот збор е ВОЛЈА. Ако муслиман стори лошо, ги обвинуваш сите. ГЕНЕРАЛИЗАЦИЈА (четвртиот збор) е неукост. Добрината е во природа. За Бог не се прашува дали постои и дали е добар. Прошка – само Алахова е света. Муслиманите особено ги ценат убавината, старите луѓе, хармонија на природата и докторите. Умниот и добриот лесно ги препознаваат. Интензивност е фундамент до Алах. Екстензивност е политика, грабеж и војна. ЗАБРАНЕТО Е (ХАРАМ): навреда на Алах, Мухамед, Куран, идолатрија, потоа конверзија, прељуба, убиство, кражба, лага, ароганција, алкохол, свинско, коцка, камата, хомосексуалност, мешовит брак, а и накит од злато кај мажи – внесено во ШАРИА. ЏИХАД во средниот век е „света одбрана на Алах“, а сега (од безбедносните служби) е тероризам и омраза. Џихадизмот и исконскиот ислам се надмисловни, но сега се два света – љубов и омраза. Првиот муслиман е пророкот и по негова волја патувале на север и исток – преку Русија до Кина, носеле злато, предмети, кожи и робови. Исламот е првиот капитализам – златото (денарот) го менувале за сребро (дирхам). Во овој свет исламот го создале Евреи и христијани („Алаху“ е еврејски Бог) – „Назареќани“. „Арап“ е нов термин што го создала Британската Империја и на него сме навикнале. Исламот е најучен во средниот век. Чудно? Господе, врати ја светата куќа на мудроста на Харун ал Рашид.

НАЈГОЛЕМА НЕСРЕЌА ЗА ИСЛАМОТ СЕ МОНГОЛЦИТЕ

Монголците донеле војна, шпиони, патишта и хаос. Уште полошо е кога го презеле исламот. Се „распрскале“ низ Азија, Африка и Европа. Од големи насилства дошла омразата. Газат хиперпростор – Русија, Кина, Средна Азија до Европа. Азијатите се поим за упорност – тие ќе одат утре по соседни планети и потаму. Тука се нашле и Караитите – преисламско-јудео-исламска-христијанска-руско-шаманска езотерична формација, а и некои турски Евреи, можеби Хазарите. Велат Сталин бил Караит, па и Солженицин, Ленин, Пастернак и Елизаров. По Монголците дојде смрт (чума). Потоа дојде умот (ренесансата). Езотерија е тек на рускиот класицизам, религија, комунизам, армија и култура. Суфите се постари одошто се мисли, од предисламот. Суфи е слика на кабализмот и исихазмот – „од едно“ – таухид. Ја потенцираат љубовта кон Алах и убавото. Со вас се Руми, Араби, Башир, Нана Асма, Шах, Ал Гилани, Хафез, Ал Халаџ, Ибн Фарид, Јами, Кабир и Рабиа. Бахајците се цвет од исламска градина. Војна – не, само ум и љубов меѓу сите религии ни дава големиот Бахаула. Џамиите се најубави во Централна Азија, а најстарата балканска е во Скопје. Жената е возвишена љубов кај муслиманот, а презир кај талибанецот. Модерност е криза (Генон). Постмодернизмот ги измисли муџахедините, муслиманските браќа, џихадистите со Кутб, Мавдуди ал Хусеини и сличните преку разузнавачките служби (МИ6, ЦИА, инкремент, Бжежински, Тито, можеби и Мосад). Ататурк (поточно британската MI6) ги укина калифатот и шаријата, а Тито (со Рерик преку Русија, Британија и Индија) ги создаде неврзаните, за феуд-кралствата да преминат во социјалдиктатура. Но сега – ечат омраза и војна. Модернизмот со својот нарцисизам, декаденции и игри го прави екстремизмот (Хусеини, Кутб, Мавдуди, Ал Бана, Саид Рамадан – Хитлер-обожаватели) и формирање на талибанци, муџахедини, Ал каеда, Хамас, Хезболах, Џихад, ИСИС, Корасан, Боко Харам, FEMYSO, ЗМД и други. Преврати – сегде – во Авганистан, Иран, Индонезија, Сирија, целиот Магреб, Африка и кај нас, а ТАРГЕТИ СЕ Пакистан, Турција и Кина. Сега во светот има над две милијарди муслимани, а во 2050 година ќе бидат повеќе од христијаните (50 отсто од населението во светот, особено Франција, Австралија, Босна и Македонија). Мисли ли некој? Европа ужива во својата пропаст. Екстремизмот е инфилтриран во Европа, Америка и Балканот, а се подготвува во Русија, Кина и БРИКС секако. Огромни пари се концентрирани во „џихадот“. ПАРИТЕ ги влечат моќните и имаме двоблоковски свет. Судниот ден доаѓа со Даџал (Армагедон), ќе биде хаос, корупција, пекол и смрт. Профетот Иса (Исус) носи спас за праведните. Амин.

ИСКРИВУВАЊЕ НА ПОИМИТЕ

Ако си „муслиман“, по автоматизам се мисли на терорист или екстремист. Неправедно е. Издржи – Бог тоа го бара од тебе! Исламофобијата има причини: историски, верски, дијалектички, економски, психолошки, идеолошки, антрополошки, политички, навики, традиционално-етнолошки, културолошки и пропагандистички. Медиумите се „шовинистички извик“, создаваат мисли – за протести, гангови, маса и насилства. „Феноменот на Брејвик“ е патологија на фамилијата, групите и медиумите. Со Израел медиумите ги покачија антисемитизмот и исламофобијата. Правдата – е „правда“ на медиуми. Но во Македонија тие се последниот знак за живот. Во САД сите поважни универзитети се блокирани од радикални муслимани (џихадисти) и не дозволуваат влез на Евреи и „непожелни“. Во Австралија дојде до масовни тепачки против доселените Арапи. Во Европа има напади на цркви, синагоги и џамии. Се мразат. Светот е колосеум. Кај децата шовинизмот се создава најмногу од фамилијата, другарите, улицата, „бандата“, поп-културата (диско, рали, егзит). Мешовити бракови завршуваат лошо, иако мислиме обратно. Мои роднини во Париз, Евреи мешани со Арапки, Иранки или Индонезијки завршија со длабоки неразбирања и разводи, а децата „не знаат каде се“. Брак со модернизам е пекол. Еден професор вели дека модерните филозофи се антисемити. Значи, високо образование не помага. Ангелите се на село. Од образованите се регрутираат во ИСИС, Ал каеда, христијански и еврејски фанатизам. Колку жално за Бог. Образовните институции станаа „инкубатори“ на исламофобијата и антисемитизмот. Исламофобијата е модерен антисемитизам. Урбаната исламофобија е по ексцеси. Се бунат и против мафијата. Родител си. Голем дел од дрогите (марихуана, кокаин, хероин, фентамин, нови синтетски) се трафицира преку исламските мафии (албанска, турска, босанска, арапска), потоа руска и кинеска. Смртноста е огромна.

ГОНЕЊЕ НА МАФИИТЕ НЕ Е ИСЛАМОФОБИЈА

Не кажувај „исламофобија“ или „албанофобија“ на погрешно место. Тоа го прават политичарите. Искривените информации се грев, сакаат крв. Не мами го Бог. Најмногу мамат парите и блиските. АЛБАНОФОБИЈАТА КАЈ НАС е од посебно значење. Стари се корените. Без разлика на генезата на албанскиот народ – автохтона (од Илирија) или мигрантска (теории за Кавказ или Иран), причините се други. Тие се историски, политички, верски, воспитни, интереси, пропаганди, традиционални, социјални, психолошки и културни. Првите конфликти на Албанците биле против Турците (освојувачот Мехмед II). Биле поддржани од Католичката црква. Главно се Сунити, но има и Бекташи и тие се во извесен антагонизам во корист на разузнавачките служби. Државата Албанија е создадена во 1913 година, со голема помош од Австро-Унгарија како „тампон“ кон Србија и Отоманската Империја, но и Англија, вековен аспиратор на овој терен. Албанските социјалисти со Абас Ерменџи не најдоа добра соработка со Енвер Хоџа (обајцата деривати на Тито, Сталин и англиските служби). Се здружија со германските (СС) – Ерменџи, Митхат Фрачери и Али Келцира создавајќи ја 22 SS-дивизија – „Бали комбтар“ односно „Балисти“. По војната соработуваа со француските служби. Го гледавме Ерменџи во Сен Жермен и Монпарнас со групи, а и со Хрвати и Срби. Подоцна ја формира УЧК како „Фронт“ со идеја да се ослободат од комунистите. Тука им помогнаа и водечки комунисти (генерал Крајачиќ, Стане Доланц и некои од Македонија). Балистите беа квазикомунистички егзорцисти. Силата на бализмот и УЧК создадоа албанофобија. Некому му одговара. Но исто така (кажувања на партизани) – млади луѓе се приклучиле кон партизаните заради одмазда. Одмаздата е сурова и создаде македонофобија. Имало и наши предавници (ги има и сега) што работеле за балистите, Бугарите и странските служби. Тие „одлично се вклопија“ во комунизмот, а сега во соработки со ЦИА, МИ6, НКВД, КГБ, БНД, бугарските, албанските и исламските служби. Мој другар вели „Србија доби ужасна задача од Европа – да ги чисти муслиманите“. Титоизмот инсистираше на „братство-единство“ (масонска мантра) и на огромна „љубов“ кон исламските држави (неврзани). Тие држави ги создаде УДБА, а некои агенти на каузата ги познавав (Оскар Давичо, Милош Јово, Марко Струње, Лео Матес, Јаков Кабиљо, Јосип Презбургер, Алфред Меламед, Борис Кидрич, Влатко Вишњич и Лев Крефт). Истакнати беа и супердипломати – Рерик, Лазар Мојсов и Владимир Дедиер. Албанија и Југославија беа „ТАМПОН“ кон СССР (под контрола на службите – МИ6, ЦИА, НСА, ДИА, француските СДЦЕ, СГДН, „Quai d’Orsey“ и германската БНД на Гелен), но и „во игри“ со Коминтерната (НКВД). Тајно доселување од Албанија е вршено кон Косово, Македонија и Црна Гора, а подоцна поради економски пад – внесувана е и дрога – како старата поп-песна што пее „кад си тужан, Македонија ти пружа љубав и све…“ (дрога). Албанците се умерени верници, а подлабоки се Македонците муслимани. Кај Албанците има македонофобија и србофобија, но во суштина е бизнис и профити врзани со криминал, наркотрафицирање, оружје и луѓе. Полицијата има волја, но нема сила да се справи со наркомафијата и е „паркинг“ за инволвирани. Правосудните институции се „параспур“, а министерството – „жална вест“. Здравството е „санаториум на бедата“. Меѓународната заедница е „карневал парада“ и потсетува на „Евровизија“. Си игра „покер“ со нас и други партали, фрла понекој кец, а парите се за „куќата“ (comme il faut).

ДАЛИ МОЛИТВАТА ПОМАГА ЗА ДА СЕ ВРАТИ ЉУБОВТА?

Јас верувам – да! Физиката вели – ефект ваму се случува и „таму“ (суперпозиција). Може да си и тој што не си – играј со своето непостоење. Моли се за своите деца. ВО СВЕТОТ – ИСЛАМОФОБИЈАТА ПРАВИ ПОЖАР. НО ИСТО И ЏИХАДИЗМОТ! Некогашни пријатели на Израел сега нејќат да чујат за Израелец или Евреин. Во Америка има 4 милиони исламисти, но страшна исламофобија. Поради омразата ќе има страшни нереди. Во Израел има 30 проценти исламисти, назабени, а така ќе биде и во Европа во 2030 година. Во иднина омразата ќе се зголеми, а слободата, капитализмот, мирот, уметноста, љубовта – ќе бидат сеќавање.