- Светот денес е ужасен, во континуирана војна, која не знаеме каде ќе се прошири, како ништо да не научи од холокаустот. Антисемитизмот се подига „ракетно“ нагоре, до степен што, ете, јас на сите мои им кажувам никаде да не кажуваат дека се Евреи
- Зошто се криени врвни нацисти од западните земји, но и од СССР? Каква била користа? – Најчесто за информации, но и за огромни пари (опљачкано злато, кеш и имоти на Евреи и други). Знаеме дека агенцијата НАСА ја формирале нацисти (operation paperclip). Нацистот Гелен е основач на БНД, ЦИА, делумно КГБ и УДБ. Се молчи за револуцијата и геноцидот на Македонците во Грција, македоноцид – нова индустрија на омраза и смрт!
Денот 27 јануари е Меѓународен меморијален ден на холокаустот. На тој ден пред 80 години е ослободен концентрациониот логор Аушвиц од Црвената армија. Војниците и командантите биле шокирани од она што го виделе таму – лешеви, полумртви, кахектични, распаднати, смрдеа. Не знаеле за логорите. Дали баш сите не знаеле? Инаку Аушвиц или Осјенцин е место во Полска, централно поставено, кое Адолф Ајхман, командант на „конечното решение за Евреите“ го избрал за огромен „централен“ логор, каде што воделе сите пруги од Европа, а од таму други пруги воделе во други логори на смртта. Зошто таков логор не направиле во Германија или друга земја? Наводно, поради огромниот антисемитизам во Полска, го одбрале тоа место и ако некој избегал – самите Полјаци ќе го ликвидирале. Но има и друга заднина. Според германски извори, во сите логори заедно биле убиени околу шест милиони Евреи и пет милиони неевреи. Има многу што тие цифри ги негираат – наводно Евреите „фантазираат“ или „лажат“, што од ЕУ официјално се смета за антисемитизам, а јас (моја цела фамилија комплетно убиена во Треблинка) го сметам тоа за чума од лажговци мизерници.
Само да појаснам дека Евреите се убивани по список од Германците, а тоа го потврдил Рудолф Хес – командант на Аушвиц (не оној што избегал во Англија). Тие што не се на списоци – не се знае колку се. На пример во Баби Јар (Украина), стрелани се по едни 30 илјади, по други 200 илјади. Ако имаш гасни комори, тогаш имаш и евиденција. Инаку, генералните списоци се составени во Ванзее, место близу Берлин каде што врвни нацисти (со Ајхман и Хајдрих) одржале состанок на 20 јануари 1942 година и каде што решиле сите Евреи од Европа да бидат ликвидирани во специјални логори на смртта, во гасни комори. Имале детален список на Евреи, со име, презиме и возраст (од агенти и поткажувачи), вкупно над 11 милиони, што значи пет милиони се спасиле, кај нас – партизани.
За Грција и Македонија „менаџер“ бил Курт Валдхајм, по војната генерален секретар на Обединетите нации и канцелар на Австрија. Ѓубре – ете колку може да се верува на Обединетите нации, разни судови и фалцери. Нашиот пријател инг. Симон Визентал, „ловец на нацисти“, велеше дека доцна дознал за него, а знаеле скоро сите претседатели во Европа, СССР и САД, вклучувајќи ги и маршалот Тито и Лазар Мојсов, кои добиле ордени од Курт Валдхајм за разузнавачки активности. Зошто САД и Британија не го бомбардирале Аушвиц? Тие велат дека причината е за да не загинат многу логораши, а и поради дистанцата. Но веројатната вистина е подруга. Во близината на Аушвиц имало огромна фабрика – тие велат за гуми. Ја држела ИГ Фарбен, нацистички картел, гигамонопол, кој ги финансирал нацистите и меѓу другото произведувал „циклон Б“ – калиум цијанид, најсилен отров со кој ги убивале Евреите во Аушвиц. Всушност таму произведувале оружје со робовска работна сила од логорашите. Сега се дознава дека веројатно произведувале тешка вода и збогатен ураниум, кој подоцна делумно го земале САД и е употребен во Хирошима. Најгрозен логор и хорор-касапница е логорот Јасеновац, со реприза при распад на Југославија – што е гнасна режија.
Зошто нацистите специјално сакале да ги ликвидираат баш Евреите? Една причина е личната омраза од Хитлер (долга приказна) што го кажал и во книгата „Мајн кампф“, пренесена на соработниците. Дали сите Германци и скоро цела Европа ги мразеле Евреите? – Велат не! Да им верувам? – никогаш! Друга причина е „евтаназија-проект“ (Рокфелер, Форд, Хариман, Круп итн.) според која, требало да се ликвидираат сите хендикепирани, старци, хронични болни и генетски болни како „бескорисни усти“. Значи тие „хендикепирани бескорисни“ биле и Евреите (подоцна Русите, Полјаците, Африканците итн.) – иако 30 отсто од нобеловците биле Евреи, потоа професори, уметници, банкари, бизнисмени итн. Искрено – тоа е елиминација на конкуренцијата. Имало и многу Евреи комунисти во Германија, СССР, Франција и Италија – всушност во заднина стои и борба против комунизмот. А што е тоа Евреин? По дефиниција (погрешна) тоа е посебна раса од антиката.
Каква раса ви се молам? Одете во Израел и таму ќе видите бели, црни, жолти, кавказоиди, арапоиди, ираноиди, Друзиди, Бахаи итн. Сите велат дека се Евреи! Исто така има и многу секти – Ашкенази, Сефарди (шпански и арапски), Етиопски, Јеменити, Мизрахи, Караити, Хабад, Агуда, Хареди, Дати, Масорти, Конзервативни, Реформисти, секуларни итн. Фундаменталните имаат строги обичаи, имаат чудна облека, фризури (зулуфи), изгледаат „примитивно“, а се доста учени, не јадат ова или она, имаат секс без соблакање и без урлање, демек тоа е срамна работа. Ако бегаш од секс – занимавај се со бизнис, па во тоа се често врвни. Среќавам еден таков „како партал“ на аеродромот во Тел Авив. Го зазборев нешто, а типот знаеше пет-шест јазика, високообразован, експерт за дијаманти во Њујорк. Таквите ја нервираат околината, а кога многу-многу ја нервираат – тоа е антисемитизам. Подоцна – бонжур Аушвиц!
Сите мислат дека Евреите се тешки богаташи. Тоа се можеби 1 или 2 отсто, другите се во средна класа, а има и маса сиромашни. Во Македонија, северна Грција и Тракија огромен дел биле сиромаштија. Тие што биле поимотни си отишле во САД, Франција, Чиле, Венецуела и Аргентина во 19 век и почетокот на 20 век. Во Македонија имало околу 7.300, Тракија 5.000, Солун 55.000, Бугарија 50.000, Србија 40.000, Хрватска 40.000 итн. Скоро сите овие се убиени (освен од Бугарија). Од Македонија, Тракија и јужна Србија 12.000, 99 отсто се депортирани од бугарската армија и убиени од нацистите во Треблинка. Тоа е базирано врз Законот за заштита на нацијата, потпишан од цар Борис Трети. Важел и за Бугарија, но успеале да ликвидираат само од овие три окупирани територии плус свои комунисти. Преку 90 отсто од грчките Евреи се убиени во Аушвиц и поминале најтешко. Врз нив се правени експерименти (трансплантации, хибернација, висински тестови, оплодување од животни) од д-р Менгеле и Клауберг, кои никогаш не беа судени. Несудени нацисти по војната се најголем дел. При судењето на Ајхман во Израел (фатен од Аргентина), многу биле „возбудени“ и „нервозни“ во Германија (Аденауер) и САД (Ајзенхауер). Нелзон Рокфелер му се заканил на Бен Гурион со зборовите: „Дали вие сакате да имате држава или да ловите нацисти?“ Зошто? – Па ако ги судат, тие ќе кажат многу „незгодни“ податоци. Потоа во Израел не бил суден ниеден нацист. Специјални агенти на службите директно ликвидирале нацисти (за тоа во светот не се бунеле). Во тоа учествувал и Скорзени, познат нацист ликвидатор што бил ангажиран по војната од Мосад, бидејќи знаел да ги пронаоѓа и ликвидира нацистите. Така се криени и голем број усташи и четници по светот, некои ликвидирани од УДБА. Зошто се криени врвни нацисти од западните земји, но и СССР? Каква била користа? Најчесто за информации, но и за огромни пари (опљачкано злато, кеш и имоти на Евреи и други). Знаеме дека агенцијата НАСА ја формирале нацисти (operation paperclip). Нацистот Гелен е основач на БНД, ЦИА, делумно КГБ и УДБ.
Се молчи за револуцијата и геноцидот на Македонците во Грција, македоноцид – нова индустрија на омраза и смрт. И денес има „дежурни кривци“ за скоро сѐ – Евреите, Србите, Македонците, непожелни итн. Ги нема старото „господство“ и висока култура на Европа, која толку ја сакавме. Скоро сите директори на швајцарските банки биле бивши нацисти, опљачкана е и нашата фамилија од нив, а ИГ Фарбен (најголемиот картел на Хитлер) финансиски ги држел Европа и САД до педесеттите години, со управители нацисти и капитал постоен и денес. Бугарските Евреи не биле депортирани (одложено) поради ангажирање на вистински патриоти, вклучувајќи ги и Димитар Пешев, Владимир Куртев, владиката Кирил и Стефан, но и други фактори. Бугарија се фали дека таа од хуманизам ги спасила Евреите, иако знаеме дека и тогаш и сега постои голем антисемитизам. Сите бугарски Евреи отишле во Израел (зошто). Татко ми Аврам бил во концентрационен логор во Бугарија – Плевен и Евреите таму ги спасила Црвената армија. Имало повеќе логори во Бугарија, првин нацистички, а после за други цели (комунисти демократи, антикомунисти, Македонци, Турци итн.). Покрај логори, во Бугарија правеле и експерименти на луѓе – еден што го знам е Бојан Секирарски, партизан од Куманово. Рехабилитирани се цар Борис Трети, Богдан Филов и Георги Белев, врвни нацисти убијци.
Бугарија глатко влезе во ЕУ, иако е бивша нацистичка држава, без да им се извинат на Евреите за депортацијата што е обврска за влез во ЕУ, а денес политички се однесува мизерно кон Македонија, која беше антифашистичка. Костантин Костадинов, ситна риба, е портпарол на покрупни риби со бљувотини за Македонија. Внимание – има и кај нас доста скриени поддржувачи и баци-бугаровлажни! Башка, во Бугарија има руска територија (дознавам од интервју со Соломон Паси на Ал џазира). Македонската влада ни помогна во изградбата на холокауст-центарот во Скопје, што во други земји е многу тешко. ЕУ денес ги изедначува фашизмот и комунизмот, а гласаше во ОН против осудата на нацизмот и во голема мера го „храни“ неонацизмот во своите држави, што покажува кој е трендот на иднината. Многу бивши нацистички лидери станаа политички лидери на нивните земји. Од реституција на имотите опљачкани во Македонија – ништо.
Светот денес е ужасен, во континуирана војна, која не знаеме каде ќе се прошири, како ништо да не научи од холокаустот. Антисемитизмот се подига „ракетно“ нагоре, до степен што, ете, јас на сите мои им кажувам никаде да не кажуваат дека се Евреи. Делува антиинфлационо (по Хитлер-Шахт). Во САД сите универзитети беа окупирани од џихадисти. Во Израел 30 отсто од населението се Арапи (лично знам дека се џихадисти), Франција 20 отсто, Брисел 50 отсто. Утре тие ќе бидат џихадистички и неонацистички. Евреинот не може без тепачка – „ќутек, па рај“ – така четири илјади години. Велат „Маркс измислил дијалектички материјализам-борба“, ние измислуваме „метафизичка дијалектика“. Војните нема да престанат. Ниту „лебенсраум“. Џихадизмот, неонацизмот, па руската, кинеската и американската олигархија се бизниси. Аутопсија на умот. Доаѓа кибер-холокауст. Кај нас во тој поглед добро знаеме дека наци-џихад-ситуацијата не е розова, трулежина е. Не знам дали безбедносните и правосудните служби се свесни за тоа – јас мислам дека политизираат и не се доволно сериозни.
Професор д-р Самуел Садикарио