Во изјава за „Нова Македонија“ д-р Марјан Николовски, редовен професор на Факултетот за безбедност, повикува во реформата на македонските безбедносни служби да се зголеми способноста за борба против пласирање дезинформации, како и против манипулација со податоци и информации. Она што сега се случува среде европската јавност…
Индикатори за безбедносни фалсификати во служба на пропагандата на Брисел (2)
Со оглед на сериозноста на проблематиката што ја актуализира австриската политичарка Петра Штегер, „Нова Македонија“ го пренесува во интегрална форма нејзиното споменато прашање до Европската комисија (Petra Steger (PfE): Question for written answer E-001291/2025 to the European Commission, Rule 144).
„Заканата од Русија, и покрај нејзините доста ограничени воени успеси по повеќе од три години војна во Украина, намерно се преувеличува во пропагандата на ЕУ со цел да се всади максимален страв кај европското население и да се создаде наводна потреба од програми за изградба на оружје, што ќе чини милијарди евра, а ќе се финансира со пари од задолжувања. На пример, цитирајќи ги извештаите на европската разузнавачка служба, претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен, и високата претставничка на Унијата за надворешна политика и безбедност Каја Калас со месеци предупредуваат за напад од Русија врз земјите членки на ЕУ што може да се случи во наредниот период во следните неколку години. Тие извештаи на разузнавачката служба ја формираат основата за случајот на Комисијата за планот ’Повторно вооружување на Европа’ од 800 милијарди евра, кој е претставен на 4 март 2025 година. Сепак, одговорните лица не споменуваат: Што би можел да вклучува конкретно овој наводен напад или како руската армија, која не е во добра форма, ќе може да ја направи таквата закана реалност?“, изнесува Петра Штегер.
Таа ги прецизира следните три прашања:
1. Кои се конкретните извештаи на Европската разузнавачка служба, кои ги цитира Комисијата, и кои цврсти докази и информации постојат што ги поткрепуваат нејзините алармантни предупредувања?
2. Како ја оправдува Европската комисија можната злоупотреба на нереалните извештаи на разузнавачките служби, за да обезбеди основа за програма за градење оружје, финансирана од задолжувања, која ќе чини милијарди евра?
3. Кои други анализи за безбедносна закана ги зеде предвид Европската комисија и колку високо ја оценува веројатноста за вистински напад од Русија врз земјите членки на ЕУ?
Николовски: Македонските безбедносни служби да ја зголемат способноста во борбата против манипулацијата со податоци и пласирањето дезинформации
Во изјава за „Нова Македонија“ д-р Марјан Николовски, редовен професор на Факултетот за безбедност, повикува во реформата на македонските безбедносни служби да се зголеми способноста за борба против пласирање дезинформации, како и против манипулација со податоци и информации. Она што сега се случува среде европската јавност…
– Безбедносната состојба во континуитет се менува. Она што било закана пред одреден временски период веќе е минато. Сега зборуваме за нови видови на опасности и закани, како што се пласирање дезинформации, сајбер-напади на институции, манипулација со податоци и информации и сл. Реформите во македонските безбедносни служби треба да бидат базирани на темелни анализи и процени. За справување со овој вид глобални закани, македонските безбедносни служби своите развојни стратегии треба да ги базираат на два основни принципа, и тоа:
1. Градење автономен безбедносен систем и обучување кадри со високи безбедносни компетенции и квалификации, кои ќе може да ги препознаат новите видови на закани по националната безбедност на Македонија. Потребно е да биде обезбедена современа техничка подршка за пресретнување и спречување на секој вид закани. Доколку се случи заканата да прерасне во реално загрозување на темелните вредности на државата, тоа ќе значи потфрлување на безбедносните служби, т.е. тие не си ја извршиле нивната законска надлежност а тоа е превентивно поставување и спречување на загрозување на безбедноста на поредокот, институциите и граѓаните од разните видови на ризици, закани и загрозувања.
2. При градењето и реформирањето на безбедносните служби е потребно почитување на стандардите што се вградени во земјите членки на НАТО-сојузот. При приспособување на нашиот безбедносен систем кон колективните системи, секогаш треба да се имаат предвид и да се почитуваат специфичностите на безбедносните опасности што се својствени за Македонија – нагласува, покрај другото, професорот Николовски.
Свето Тоевски