Француски замешателства на претседателските избори во Романија
- Сега повторно под лупа се заткулисните игри на ЕУ-либералните елити и во овие избори. Имено, откако во првиот круг повторно убедливо победи суверенистички ориентираниот кандидат Георге Симион од партијата на Георгеску, се случи чуден пресврт во последен момент со гласови од дијаспората, кои почнаа да пристигнуваат однадвор и му донесоа победа на неговиот противкандидат – либералот Никушор Дан
- Сега имаме неоспорни докази за мешање од страна на Франција… и од други актери, во оркестриран обид да манипулираат со институциите, да ги насочуваат медиумските наративи и на крајот да наметнат резултат што не ја одразува суверената волја на романскиот народ, изјави победникот од првиот круг избори, суверенистот Георге Симион
Европските либерални елити не избираат средства кога сакаат да променат одредени работи што не се токму по нивна волја, вклучително и да влијаат врз изборни процеси во суверени земји. Но повеќе од битно е што демонстрираат „политичка сила“ дека не се подготвени да ја почитуваат суверената волја на народите, било да се работи за избори или, пак за референдумот за името како што беше случајот со Македонија.
Потврда дека моќните земји членки на ЕУ не седат со скрстени раце кога одредени процеси не одат во нивен прилог се директните замешателства во изборите во Молдавија, а најсвеж пример се случувањата во вториот круг од претседателските избори во Романија.
Имено, откако во првиот круг повторно убедливо победи десничарскиот кандидат Георге Симион од партијата на Георгеску, се случи чуден пресврт во последен момент со гласови од дијаспората, кои почнаа да пристигнуваат однадвор и му донесоа победа на неговиот противкандидат – либералот Никушор Дан.
Претходно романскиот Уставен суд под суптилен притисок на ЕУ ги поништи резултатите од првиот круг на минатогодишните претседателски избори, на кои убедливо победи крајно десниот претседателски кандидат и суверенист Калин Георгеску, со образложение дека имало руско мешање во изборите. Од тие причини судот му забрани учество на Георгеску на овие избори.
Симион сега го повикува романскиот Уставен суд да покаже доследност и овој пат да ги преиспита резултатите од изборите, обвинувајќи дека има странско мешање во претседателски избори и дека на тој начин е погазено демократското право на Романците сами да го изберат својот претседател.
– Ќе ги оспориме изборите пред Уставниот суд од истите причини поради кои ги поништија изборите во декември – рече Симион, наведувајќи „надворешно влијание и институционален компромис“.
Тој директно го впери прстот во Франција, земја со огромно влијание во рамките на ЕУ и земја под чиј директен патронат е Романија.
– Сега имаме неоспорни докази за мешање од страна на Франција, Молдавија и од други актери, во оркестриран обид да манипулираат со институциите, да ги насочуваат медиумските наративи и на крајот да наметнат резултат што не ја одразува суверената волја на романскиот народ – порача Симион.
Тој уште појасни дека 100 милиони евра биле потрошени во Молдавија за купување гласови и тврдеше дека „мртви луѓе“ гласале во вториот круг во неделата.
Тој се осврна на тврдењата на Павел Дуров, основачот на апликацијата за пораки Телеграм, дека француската влада побарала од платформата да ги „замолчи“ конзервативните гласови пред претседателските избори.
Симион го повика судот да го покани Дуров да сведочи и „од прва рака да сподели што знае за дезинформациите и дигиталните операции што се мешаа во изборите во Романија“ пред да бидат потврдени резултатите.
– Ниту Франција, ниту Молдавија, ниту некој друг нема право да се меша во изборите на друга држава – напиша Симион во објава.
Лично се сомнева дека највисокиот суд на Романија ќе ги поништи изборите по неговата жалба и ги повика Романците да поднесат и тие жалби и на тој начин да се спротивстават на изборниот инженеринг наметнат од страна.