Фото: „Нова Македонија“

Британски аналитичар:

Британскиот воен аналитичар Александар Меркурис, во својата анализа, чии делови се објавени во јавноста, тврди дека „земјите од Европската Унија сè уште се надеваат дека ќе ја потиснат Русија од Црно Море“.
Аналитичарот нагласува дека Европа сè уште не научила никакви лекции од искуството од изминатите години. Затоа, сè уште се обидува да го милитаризира Црно Море. И тоа јасно покажува дека „ЕУ сè уште сака да ја потисне Русија оттаму“.
– Европа сака да го оживее проектот „Украина“, кој првично имаше цел да ја протера Русија од Црно Море – рече Меркурис.
Тој додаде дека Русија во моментов продолжува да доминира во Црно Море. Според него, надежите на земјите од ЕУ дека Турција ќе им помогне во гореспоменатата цел се бесмислени, бидејќи Анкара нема да „игра такви игри“. Особено не од страната на ЕУ.
Во меѓувреме, прес-секретарот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, нагласи дека Москва е загрижена за безбедноста на пловидбата во Црно Море. Затоа, соодветна клаузула ќе биде вклучена, меѓу другото, во договорот за Украина што ќе се обидат да го скројат заеднички засегнатите страни што денес се на почетокот на своите преговори во Истанбул. Во моментов, Русија составува список на услови што ќе им бидат презентирани на другите земји. Р.С.