Американската единица за иновации во одбраната бара од индустриските партнери да ѝ достават план за дизајн, изградба, динамика на работењето, демонстрација и управување со потенцијалните микрореактори, кои се всушност главен фокус на потребите на армијата на САД. Добиените решенија треба да се во согласност со стандардите поставени од Регулаторната управа на армијата на САД и Нуклеарната регулаторна комисија на САД
Американската војска со порачка на дизајн и производство на нуклеарни мини-реактори за напојување на своите
воени бази
Американската единица за иновации во одбраната, како дел од Министерството за одбрана, отвори јавен тендер за развој на прототип на нуклеарен микрореактор за напојување на американските воени бази. Тежиштето на програмата „Напредна применлива нуклеарна енергија“ е да бара „нова електроцентрала со целосен животен циклус што ќе генерира и дистрибуира електрична енергија до воени локации до крајот на деценијата“
Услови
Американската единица за иновации бара прототипот на нуклеарниот микрореактор од програмата „Напредната применлива нуклеарна енергија“ да има:
1. Дваесет отсто помалку потреба од ураниум-235.
2. Да исполнува 100 отсто од барањата за критично оптоварување од 3 до 10 мегавати електрична енергија.
3. Прототипот треба безбедно да се контролира само од воената база, но во исто време треба да има можност да се интегрира со друга локална инфраструктура, оперативни центри и системи за одржување.
4. Прототипот на реакторот треба да има комерцијална врска со копното на САД и алтернативен независен резервен извор што не користи далечинско или безжично работење.
5. Прототипот на реакторот мора да зафаќа помалку од два хектара на воена инсталација, со поврзана заштитена што не надминува 165 метри во дијаметар. Дополнително, озрачениот јадро-материјал мора да се отстрани од основата во рок од пет години од завршувањето или раскинувањето на договорот.
Енергетска отпорност до 2030 година
Во своето соопштение, Американската единица за иновации во одбраната ја истакнува ранливоста на постојните извори на енергија на воените бази на современи закани и прашува како да се намалат таквите недостатоци. Во моментов американската војска се потпира на снабдувачи со електрична енергија надвор од базата за да ги извршува своите мисии што опфаќаат операции на воздух, копно, море, вселената и сајбер-просторот, се посочува во соопштението.
– Оваа енергетска зависност создава ризици за мисиите поради нарушувања како што се екстремни временски услови или напади на сајбер-безбедноста. Иако сегашните решенија за обновлива енергија, како што се ветерот и сончевата енергија, се еколошки, тие обезбедуваат непредвидлива енергија и бараат складирање батерии или други решенија за ублажување на нестабилноста – се наведува во соопштението на Американската единица за иновации во одбраната.
Исто така се нагласува дека американската војска бара нов пристап користејќи го неодамнешниот напредок во нуклеарната индустрија, што може да обезбеди континуирана (сигурна) моќност без оглед на временските услови за одржување на континуитетот на воената мисија и усогласување со мандатот на Конгресот според Законот за овластување за национална одбрана од 2021 година, што наложува обезбедување критични мисии, со цел 99,9 отсто сигурна енергија до 2030 година. Д.Ст.