Еврoпската Унија (ЕУ) донесе одлука за почеток на преговорите со Македонија и со Албанија.
Веста на Твитер ја соопшти еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.
Одлуката за почеток на преговорите треба да биде потврдена на самитот на ЕУ предвиден за 26 и за 27 март. Лидерите на ЕУ ќе имаат состанок преку видео-конференција поради коронавирусот.
Very pleased that #EU member states today reached political agreement on opening of accession talks with #Albania and #North #Macedonia. I wholeheartedly congratulate both countries. This also sends a loud and clear message to #WesternBalkans: your future is in EU.
— Oliver Varhelyi (@OliverVarhelyi) March 24, 2020
И претседателот на СДСМ, Зоран Заев ја сподели веста на социјалните мрежи.
– Донесена е одлука! Северна Македонија почнува преговори за членство во Европската Унија. ???? Историска одлука во овие тешки времиња за нашиот народ. Нема веќе никакви пречки ниту услови. Европската Комисија треба да ги спроведе подготовките, а првата меѓувладина конференција ќе се одржи најбрзо што може. Честитки граѓани, како што успеавме да се кренеме на патот до НАТО и ЕУ, така заедно ќе се справиме и со заразата која го напаѓа светот – напиша Заев
Донесена е одлука! Северна Македонија почнува преговори за членство во Европската Унија. ???? Историска одлука во овие…
Posted by Zoran Zaev on Вторник, 24 март 2020