Зошто наративот на ДУИ „за Албанците како државотворен народ во Македонија“ води кон дезинтеграција на унитарноста

  • Прво, од историска гледна точка, „интегративците државотворци“ занемаруваат еден клучен факт, дека и вербално и емпириски ги практикуваат токму позициите на противниците на процесите на државотворноста на Македонија од времето на Втората светска војна, односно токму во периодот кога се фрлаа темелите на македонската држава во виорот на Втората светска војна. Да потсетиме, „интегративците“ демонстрираат идентични стојалишта како припадниците на „Бали комбтар“, кои со италијанскиот фашистички окупатор учествуваа во поделбата на Македонија, заедно со фашистичка Бугарија
  • Згора на погоре кажаното, доколку од поновата историја се потсетиме на нападите врз македонската држава во 2001 година од страна на албанските терористички групи (подоцна трансформирани како партиска групација што суштински не се дистанцира од територијални претензии и сегрегации), тогаш навистина е шизофрено да се говори за државотворност од страна на оние што од петни жили се обидуваа и продолжуваат и натаму да работат на демонтажа на македонската држава палејќи го знамето и исвиркувајќи ги македонскиот јазик, химната и сите национални симболи

Процесот на отворена атака врз македонскиот народ и неговиот државотворен карактер инициран уште во времето на воениот конфликт во 2001 година, а продолжен со потпишувањето на Договорот за пријателство и соработка со Бугарија и со Преспанската спогодба, сѐ повеќе добива на интензитет, со единствена цел сведување на Македонците на обична етничка заедница во сопствената држава.
Перцепцијата што последните неколку години владее во македонското општество е дека некој намерно му го одзема државотворниот карактер, а во таа насока се и засилените притисоци од сите страни тие да се откажат од сите свои државотворни атрибути, почнувајќи од Илинден, НОВ, АСНОМ, па завршувајќи со прифаќање нов идентитет и нова историја. Со други зборови, македонскиот народ е подложен на процес на отворена асимилација со која треба да биде буквално избришан од мапата на народите, а со тоа еднаш засекогаш да се затвори македонското прашање на Балканот.

Процесите на деградирање на македонскиот народ како носител на државноста продолжуваат и се продлабочуваат

Тоа го потврдуваат и пораките што во таканаречените „стражи“ пред Уставниот суд ги организираше опозициската ДУИ, која на тој начин се обидуваше да спречи какво било изјаснување на судот околу спорните одредби во Законот за употреба на јазиците.
Она што можеше да се слушне од првите луѓе на ДУИ е дека албанскиот народ е државотворен и дека никој не може да му го одземе јазикот (исклучително извртено и запаливо сценарио), теза пласирана од интегративците во насока на разгорување меѓуетнички тензии, иако во суштина не станува збор за никакво укинување на правото на користење на албанскиот јазик.
Главната интенција во пораките што ги испратија Ахмети, Османи и другите високи функционери во ДУИ во изминатите неколку дена е дека всушност Албанците се господари и државотворци во Македонија и дека имаат неприкосновени права на јазик, идентитет, историја и култура, додека Македонците сега се ставени во подредена улога и кон Бугарија и кон Грција, токму поради дејствијата на функционерите од редовите на ДУИ.
Притоа, од историска гледна точка, „интегративците државотворци“ занемаруваат еден клучен факт, дека и вербално и емпириски ги практикуваат токму позициите на противниците на процесите на државотворноста на Македонија од времето на Втората светска војна, односно токму во периодот кога се фрлаа темелите на македонската држава во виорот на Втората светска војна. Да потсетиме, „интегративците“ демонстрираат идентични стојалишта како припадниците на „Бали комбтар“, кои со италијанскиот фашистички окупатор учествуваа во поделбата на Македонија, заедно со фашистичка Бугарија. Згора на тоа, доколку од поновата историја се потсетиме на нападите врз македонската држава во 2001 година од страна на албанските терористички групи (подоцна трансформирани како партиска групација што суштински не се дистанцира од територијални претензии и сегрегации), тогаш навистина е шизофрено да се говори за државотворност од страна на оние што од петни жили се обидуваа и продолжуваат и натаму да работат на демонтажа на македонската држава палејќи го знамето и исвиркувајќи ги македонскиот јазик, химната и сите национални симболи. Или државотворноста можеби ја гледаат во нивната кауза на која постојано работат, а тоа е создавање една голема држава на Балканот, чија мапа постојано се истакнува на знамињата што ги виорат низ земјава.
Можеби тука треба да се бараат причините и зошто официјална Софија толку силно инсистира на уставните измени и за внесување на Бугарите во Уставот, но и зошто функционерите на ДУИ отворено кокетираа со бугарските власти околу наметнувањето на „францускиот предлог“, со што ја ставија Македонија во подредена улога кон Бугарија. Ако на тоа се придодадат и бугарските заложби бугарското малцинство во земјава да стане државотворен народ, тогаш конечно може да се насетат контурите на планот за македонско разнебитување и затворање на прашањата за голема Албанија и санстефанска Бугарија.

Професорката Мирјана Најчевска: Етничките Албанци во Македонија не се државотворен народ!

Професорката Мирјана Најчевска даде свое видување околу тоа дали Албанците во Македонија се државотворен народ како што постојано повторуваат Ахмети, Османи и другите.
– Етничките Албанци во Македонија не се државотворен народ. Тие историски биле против Македонија и во повеќе наврати низ историјата го манифестирале ова. Етничките Албанци во Македонија се етничко и јазично малцинство, кое треба да ги има сите права во согласност со меѓународните акти и на кое треба да му биде заштитен јазичниот и културниот идентитет во согласност со меѓународната регулатива без нарушување на унитарниот карактер на Македонија (што е потенцирано и во мировниот договор од Охрид) – пишува Најчевска.

Устав со кој конечно ќе се потврди државотворниот карактер на македонскиот народ и на сите оние што се чувствуваат како Македонци

Таа понатаму уште додава дека е време за промена на Уставот со која конечно ќе го потврди државотворниот карактер на македонскиот народ и на сите оние што се чувствуваат како Македонци.
– Мислам дека е време да се промени Преамбулата на Уставот. Историски државотворен народ на Македонија се единствено Македонците и сите оние што себеси се перципираат како Македонци. Сега Македонија е граѓанска држава во која сите индивидуи имаат исти права и слободи, а етничките и јазичните малцинства имаат посебна заштита во однос на нивниот јазичен и културен идентитет – наведува професорката Најчевска.
Според неа, не држат ниту тезите што во последно време ги пласираат интегративците, за некаква загрозеност на албанскиот јазик во земјава.
– Јас не гледам на кој начин е загрозен албанскиот јазик во држава во која сите нивоа од образованието се одвиваат на албански јазик, во која постојат културни институции на албански јазик и во која може да се зборува и твори на албански јазик. Јас лично сметам дека етницитетот треба да стане дел од приватната сфера и ќе се борам за тоа затоа што верувам во Земјата како заеднички дом на сите луѓе, меѓутоа тоа не го менува историскиот факт на тоа кој е државотворен народ во Македонија – се изјаснува професорката Најчевска.


Од посебно значење за тогашните услови и како основа за подоцнежните уставни решенија е одредбата од Декларацијата за основните права на граѓаните на Демократска Македонија, со која на националните малцинства им ce обезбедувале сите права на слободен национален живот. Оваа одредба не е само посебна верификација на утврдената рамноправност на граѓаните туку означува и позитивен однос на државотворниот македонски народ како носител на државниот суверенитет спрема граѓаните што немале такво својство. Малцинствата како припадници на народ што има своја држава не можат, според теоријата и меѓународно утврдените норми, да бидат државотворен народ и во друга држава, зашто тоа би значело дека имаат две држави

Одредниците што го означуваат државотворниот карактер на македонскиот народ и зошто малцинствата не можат да бидат државотворен субјект

Зошто малцинствата не можат да бидат државотворци?

Професорката Виолета Ачкоска во трудот од наслов „Државотворноста на македонскиот народ од АСНОМ до Рамковниот договор (1944-2001)“ многу прецизно ги објаснува моментите што го означуваат државотворниот карактер на македонскиот народ и зошто малцинствата не можат да бидат државотворен субјект.
– Учествувајќи во големата антифашистичка борба во текот на Втората светска војна, македонскиот народ од вардарскиот дел на Македонија ce избори до положбата на конститутивен субјект на новата југословенска држава. Со решенијата на Второто заседание на АВНОЈ беше отворен патот за сите конститутивни народи на втора Југославија кон нивно државотворно конституирање, посебно ако ce има предвид фактот дека некои од овие народи (Хрвати, Словенци, Македонци) за првпат во современата историја формираа свои национални држави во рамките на новопрогласената федерација.
На Првото заседание на АСНОМ, на 2 август 1944 година, беше прогласено создавањето на Демократска Федерална Македонија, држава на македонскиот народ формирана на дел од неговата етногеографска територија. На заседанието беа донесени девет законодавни акти, со кои ce ставени темелите на новата современа македонска држава. Меѓу овие акти, како документ со повеќестрано значење, посебна важност има Решението со кое АСНОМ се прогласи за врховно, законодавно и извршно народно претставничко тело и највисок орган на државната власт на Демократска Македонија. Cо овој акт, кој има декларативно-политичко, уставноправно и управноправно значење, покрај историско-политичкото значење, де јуре ce прогласи постоењето на првата современа македонска држава. Особено значаен акт претставува Декларацијата за основните права на граѓаните на Демократска Македонија. Оваа декларација, во услови на војна, прокламирала широк спектар на општоприфатени демократски права на граѓанинот, кои ce предмет и на сите устави на демократските држави во чија основа ce вградени слободите и правата на човекот и граѓанинот. Појдовна основа на декларацијата е членот 1, според кој: „сите граѓани на федералната македонска држава ce еднакви и рамноправни пред законите, не гледајќи на нивната народност, раса и вероисповед“.

Односот кон државните симболи говори и за односот кон државата генерално

Малцинствата како припадници на некој народ што има друга домицилна држава не може, според теоријата и меѓународно утврдените норми, да бидат државотворен народ и во друга држава

Оттука произлегувале сите други политички, социјални, културни и економски права. Од посебно значење за тогашните услови и како основа за подоцнежните уставни решенија е одредбата од Декларацијата за основните права на граѓаните на Демократска Македонија, со која на националните малцинства им ce обезбедувале сите права на слободен национален живот. Оваа одредба не е само посебна верификација на утврдената рамноправност на граѓаните туку означува и позитивен однос на државотворниот македонски народ како носител на државниот суверенитет спрема граѓаните што немале такво својство. Малцинствата како припадници на народ што има своја држава не можат, според теоријата и меѓународно утврдените норми, да бидат државотворен народ и во друга држава, зашто тоа би значело дека имаат две држави. Меѓутоа, тоа не значи дека малцинствата немаат право на слободен национален живот и право на рамноправност како граѓани еднакви со државотворниот народ – објаснува професорката Ачкоска. С.Т.