Словачка и Унгарија под закана за еУ-санкции само затоа што имаат поинакво мислење од бриселските елити!?
- Она што е збунувачко во изјавите на дел од европските челници се нивните ставови дека „не може малцинството да ги креира мнозинските политики на Унијата“. Токму тоа ја покажува сета хипокризија на европските политики.
А на конкретниот наш пример, во случајот со Македонија со Грција, „само Грција од цела ЕУ две децении блокираше одлуки што се однесуваа на европската стратегија околу проширувањето“, но тогаш никој не реагираше… - Второ, сега истото тоа го прави и Бугарија и повторно на ЕУ не ѝ пречи што нејзините одлуки се блокирани од малцинство?! Што ли замислува Брисел дека прави со карактерот на ЕУ?! Аналитичарите во разговорите на оваа тема сликовито истакнуваат дека „бумерангот од Брисел сега се враќа назад по главата на европските елити“. Истите соговорници, малку алегорично, потсетувајќи ја ЕУ со зборовите „добро утро, Брисел“, истакнуваат дека доцна се сетиле дека вака ќе се завршуваат работите…
Клучни за опстанокот на Европската Унија онаква каква што беше замислена во нејзината изворна форма се владеење на правото, демократија, почитување на различностите, на различните мислења, борба на идеи и концепти и одлучување врз основа на слободна волја на секоја земја членка.
Но се чини дека ЕУ одамна ги напушти овие принципи, па она во што сега се претвора Унијата повеќе наликува на заедница во која треба да се почитува само едно мислење додека сите оние што мислат поинаку, се под закана со казни.
Имено, неодамна новиот германски канцелар Фридрих Мерц најави дека Германија ќе разгледа предлог во Брисел за намалување на средствата од ЕУ за Словачка доколку таа продолжи да отстапува од заедничката насока на Унијата.
Тој уште додаде дека доколку не се променат сегашните позиции на земјите, ЕУ нема да избегне конфликт со Унгарија и Словачка.
– Не можеме да дозволиме донесувањето одлуки на целата ЕУ да зависи од малцинство. И тука, секако би можеле да дојдат појасни зборови, а можеби и поостри конфликти – вели Мерц.
На ваквите најави реагираше словачкиот премиер Роберт Фицо, кој ја осуди изјавата на германскиот канцелар Мерц.
– Ако некој сака да ја промовира политиката на едно обврзувачко мислење, тоа значи крај на демократијата во Европа. Никој не може да ни се заканува овде велејќи дека ако не послушаме, ќе нѐ доведат во ред – рече Фицо за време на посетата на Ерменија.
Според него, позициите на Словачка не се темелат на „суета“ или на „тесноградост“, туку на фактот дека земјата има свои национални интереси.
Она што е збунувачко во изјавите на дел од европските челници се нивните ставови дека не може малцинството да ги креира мнозинските политики на Унијата. Тоа, од друга страна, ја покажува сета хипокризија на европските политики.
Имено, конкретно во случајот со Македонија само Грција од цела ЕУ две децении блокираше одлуки што се однесуваа на европската стратегија околу проширувањето, но никој не реагираше. Сега истото тоа го прави и Бугарија и повторно на ЕУ не ѝ пречи што нејзините одлуки се блокирани од малцинство. Напротив, ако сега на Унгарија и Словачка им се закануваат со казни, Грција и Бугарија не само што не беа казнети за блокадите на европските политики на проширувањето туку беа и наградени. Грција се извлече од огромните долгови со европски пари, а Бугарија си доби влез во шенген, сега ќе влезе и во еврозоната, нема никакви обврски да ги спроведува одлуките на Европскиот суд за човекови права, не ги реализира предвидените проекти… Произлегува дека тие земји всушност можеби одработувале за некој друг, па затоа се наградени наместо и тие како сите други да бидат казнети.
Ваквото однесување на челниците во Брисел доволно говори за нивното лицемерство, па затоа крајно време е ЕУ да прекине со двојните стандарди и да ја започне внатрешната реформа, која ќе значи и враќање кон вистинските европски принципи во кои демократијата и почитувањето на различното мислење се највисоко на скалилото на вредностите што сите сакаат да ги споделуваат. С.Т.