Џихад пред врата

Не смее да се мисли дека сите исламисти се терористи и ширачи на омраза. Најмногу не се. Но терминот „џихадизам“ остана во употреба. Дали знаете дека џихадистичкиот тероризам е создаден „кај нас“ во бивша Југославија?

Зборот „џихад“ постои уште од создавањето на исламот, а доаѓа од „јахада“, што значи воздејствување, засилување или тежнеење. Некои мислат дека постои уште од предисламскиот период, кога при конфликти меѓу градовите имало возвраќања и одмазда, но и обратно – помагање во лошо. Веројатно има влијание и од Античките Зелоти (Сикари), еврејски парамилитанти што убивале римски команданти и сопствени предавници. Античките Федаини и Асасини имале сличности со Зелотите. Исламот всушност потекнува од една еврејска секта „Назареќани“, од градот Назарет, каде што живеел Исус. Сепак, според профетот Мухамед (Хадит 1 за џихад) – „тој што се бори да го подигне зборот на Алах, тој е на правиот пат на Алах“. Постои и варијанта на „добар џихад“ кога се врши некое добро во име на Бог (на пример спасувањето Евреи од холокаустот од страна на албански и други муслимани). Во почетокот џихадот бил индивидуална облигација (фард’аин), а не колективна облигација за војна. Подоцна, џихадот се однесува на одбрана на религијата и Алах, но се поставува прашање што е тоа „праведна вера“ или „права вера“, со можности за манипулации. Често се користел како повик и закон за одбрана, но имало и злоупотреби во освојувачките војни и меѓусебни масакри, како што се борбите на Отоманската Империја. Значи – станува империјална облигација, а не индивидуална кон Алах. Со тоа се отстапува од „Китал“. Многу меѓусебни војни во исламот се воделе во име на џихадот и од двете страни. Во Првата светска војна кајзерот Вилхелм ја повикал Турција на „џихад“ против сојузниците. Во Втората светска војна Ел Хусеини со Хитлер повикал на „џихад“ против Евреите и други народи.
Денес политичарите (претежно западни) погрешно го употребуваат терминот за терористички напади од исламистички екстремистички групи. Тоа потекнува од 1979 година кога професорот Збигњев Бжежински, врвен стратегист од институтот „Пол Нитзе“ на универзитетот „Џонс Хопкинс“ во Балтимор, ги инструираше муџахадините од Авганистан да се борат против СССР. Од тие групи (од Паштуните и Деобандите) се изродија талибаните (1996 година) – ултраекстремни исламски милитанти, кои покрај борбите, го малтретираа и локалното население – жени, деца, спроведуваа убивање цивилно население, гладување, рушење споменици, забрана на школство итн. Тие, покрај противници на Русите, станаа и најмилитантни противници на Американците и западните земји. Покрај Авганистан, се лоцираа во Пакистан, заедно со Ал каеда и други радикални исламисти, малтретирајќи го населението, сѐ во име на – џихад (убав опис за нив имате од 16-годишната нобеловка Малала).

Не смее да се мисли дека сите исламисти се терористи и ширачи на омраза. Најмногу не се. Но терминот „џихадизам“ остана во употреба. Дали знаете дека џихадистичкиот тероризам е создаден „кај нас“ во бивша Југославија? Хаџот Амин ал Хусеини првин ја создаде „Ханџар дивизија“ во Босна – хитлеровска паравојска со брутални методи на геноциди слични како на усташите. На крајот на војната бил фатен од Озна, но, наводно, „избегал“, а дознаваме од израелски служби дека е пуштен од Тито по барање на британските служби и некои арапски лидери („несврстани“), за после да стане муфтија на Ерусалим. Понатаму работел за британските и за американските служби (а можеби и израелските). Како таков тој е создател на „Муслиманските браќа“ преку идеолозите Ал Бана, Кутб, Мавдуди и други. Многу од овие „идеолози“ се ликвидирани од службите на Насер и Садат, па затоа се и тие елиминирани. Потоа Ел Хусеини ги создаде „Ал Фатах“, „Федаини“, „ПЛО“ (сите сунити), „Хезболах“ (шиити), „ИЗИС“ (сунити), „Енахда“, „Корасан“, „Боко Харан“, „Муџахадим“, „Талибани“, „Ал каеда“, оние на југословенска територија и кај нас (деривати на Ал каеда), АСГ, ААБ, Хути, ААМБ, Ал шабаб. Џихад анте портас. Финансиите ги примаат од милијардери, вклучувајќи ги Бушови, Роквелери, Сорос, Варбург, Федералните резерви, потоа локални донации, криптовалути, дрога, нафта, транспорт, проституција и продавање органи. Салафитите не се држат до спиритот духот, туку во словото – значи догма запечатена. Маухамад ал Вахаб е свештеник на фундаментална секта (вахабизам), производ на британскиот агент Хамфер, со цел да се има влијание врз арапска територија – денешна Саудиска Арабија каде што вахабизмот е главна религија. Самиот Ибн-Сауд (основачот на Саудиска Арабија) бил номад, полуевреин, во љубовна врска со познатиот британски агент Лоренс од Арабија. Се применуваат закони од Шарија, т.е. „око за око, заб за заб“. Формата на дејствување на салафитите и вахабитите засега е куајатистичка (quietist). Ги има многу по светот и во Босна, Србија, Косово, Албанија и во Македонија. Иако се под контрола на службите (британски, американски, руски, до некаде турски и израелски), тие имаат голема скриена тенденција за глобален исламски империјализам, кој се изразува во формата на старата римско-цезаровска тријада – дипломатија, инфилтрација и извршување атентати. Универзална „валута“ за нивното дејствување се долари, нафта и дрога. Американските универзитети се буквално окупирани од џихадистички формации. Мафиите сега главно се под дуална контрола – владини служби (фамилии) и мафии.

Тоа е и база на сѐ што ни се случува денес. Дека војната во Украина и на Блискиот Исток е судир на НАТО и Русија (плус Кина итн.) е обична лакрдија, виц или измама на „народните“ маси. Сѐ се работи координирано, со динамика на еден гигантски бизнис-проект. На оваа тема опширно пишува професорот Бабановски во „Исламски пајак во европска мрежа“, а на темата албанска мафија има само две книги – на професор Иван Бабановски и на Дејан Лучиќ. Околу 16.000 вооружени муџахедини „шетаат“ низ Босна, Санџак, Косово, Албанија и Македонија, а непознат број во Србија, Бугарија, Хрватска, Австрија итн. Според нив, а и според меѓународни комисии за дрога и ФБИ, албанската мафија целосно го контролира бизнисот со кокаин и идна третина за хероин. Тоа значи стотици милијарди, до трилиони долари годишно. Се разбира дека се вмешани (купени) влади, полиции, служби и армии – западни, источни, сите. Кој смее да зборува? (Who’s afraid of Virginia Woolf?). И да зборува, никој нема да верува. Ова сѐ што е околу нас – убиствата, дрогите, па и атентатот во Белград пред некој ден, Висбегово, па и сите атентати и војни – сите се една песна.
Со години ние (Југославија, па и Македонија) им дававме голема поддршка и солидарност на овие групи – „сироти слаби, неврзани, немоќни…“. Ма немој! Послушајте ме добро – оваа „платонска“ љубов крв ќе нѐ чини. Тие учествуваа во садистичките борби при распаѓањето на Југославија, а голем проблем имавме и ние во Македонија. Многу страдаа (и сега) муслиманите. Проблемот со бранителите не е решен – разбира се. Цинични сме – и сега плачеме и липтаме за Хамас и Хезболах, а тие доаѓаат (the Satan plague is coming). Додека не ви дојдат дома, во собите, креветите…. па дојдени се! Кај некои партии (Левица на пр.) таа љубов достигнува гигантизам, вселена! А и децата ни се во филмот – секс, пари, дрога, стрелички… Антисемитизмот е во срцето на џихадистите. Има три степени: да се уништат Израелците, да се уништат сите Евреи во светот и да се уништат сите што се „неверници“ (Евреи, христијани, Индуси, муслимани, кои не се како нив и други народи). Во целиот свет има демонстрации за поддршка на Палестинците. Зошто нема демонстрации за Македонците? Они вредат повеќе? Џихадистите се поврзани, или нешто ги врзува. Службите? Парите? Понатаму, џихадистите и мафијата се длабоко инфилтрирани во сите западни земји. Америка има „интифада“. Сите морски пристаништа се нивни, а Германија и Франција секој ден имаат престрелки со Хамас и слично. Во тие земји не смееш збор да кажеш против џихадистите. Сега сме сите во кал, а според професионални служби особено се загрозени САД, ЕУ, Канада, Русија, Балканот, Кина и Блискиот Исток. Мислам дека наскоро Африка ќе букне, а потоа и Азија. Професорот Самуел Хантингтон од „Харвард“ предвидуваше дека ќе дојде до судир на цивилизациите (христијанска и исламска), што на жалост се движи кон остварување.

Увид по терористичкиот напад од позиција на „џихад“,
пред израелската амбасада во Белград / Фото: ЕПА

Атентатот што се случи вчера во Белград е – „баравте – гледајте“. За среќа, ранетиот полицаец не почина. А следниот пат? Внимавајте, напаѓачот беше со стрела (како Робин Худ) и не е Албанец, ниту Турчин или Арап или Чеченец, туку Србин. Би можел да биде и Македонец. И медиумите играат амбивалентна улога, од разбирачки причини – навиваат малку за Израел, повеќе за Хамас. Џихадистички групи има и кај нас, дури и бази за самоубиствени напади. Тие се „мирни“ можеби поради „огромните способности“ на безбедносно-разузнавачките служби, а можеби оти „нѐ сакаат“ како пријатели, а и ептен сме многу важни – 18 отсто од кокаинот проаѓа овде, потоа хероин, амфетамин, па оружје, жени, луѓе и активности на мафијата.
Али Ахмети како важен член на тоа друштво (навистина) вели дека еден ден во Македонија ќе има само луѓе со албански и бугарски паспорт. Јас секогаш многу сериозно ги слушам неговите зборови, оти сакале или не, тој е најважниот политички фактор на регионот и ова го толкувам како – нашите (Македонци, Албанци и други) ќе продолжат да се селат, а еден ден на местото на нив ќе дојдат Арапи, Кинези, Пакистанци, Талибанци, Чеченци и други Азијати и ќе имаат бугарски и албански паспорт. Решенијата се во рацете на министерствата – нека се разбудат – за внатрешни, правда, правосудството, разузнавачките служби, верските заедници, но и општата економија, култура и здравство, кои се во тежок колапс. На жалост и Западот е во сериозен „decline “ и хипноза.
Би сакал да живеам доволно за да ја видам Македонија во светлина, како што беше, убава, како млада невеста, со прекрасни луѓе, славна историја, херои, песни, облеки, мислители, јазик, љубов на сите страни, да се живее со животна радост – па дури и уште да биде поубава. Да се надеваме во волјата Господова.

Автор: Проф. д-р Самуел Колономос Садикарио