Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски одбележа 126 години од раѓањето на Ванчо Михајлов со нов провокација кон Македонија.
– Со народот зад Деве Баир, ние (Бугарите) сме еден народ поделен со вештачка граница – напиша Џамбаски вчера на Фејсбук, повторувајќи го истиот став што досега го изрекуваше во повеќе наврати.
Џамбаски и приврзаниците на опозициската бугарска партија ВМРО-БНД претходно одржаа неколку протести поради политиката кон Македонија, на кои апелираа да не се отстапува од бугарските услови за почеток на пристапните преговори на Македонија со ЕУ.