Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница изгласа заклучок за конечните резултати од Локалните избори што се спроведоа во неделата во Општина Центар Жупа, при што беше констатирано дека не е исполнета излезноста на една третина од граѓаните.
На избирачкиот список во Центар Жупа беа запишани 7.077 лица како гласачи, на денот на гласањето излегле да гласаат вкупно 2.120 граѓани, што е 29,96 проценти од вкупно запишаните на територија на општината, а недостасувале 239 гласачи за да бидат успешни изборите.
Согласно законот, ДИК во предвидениот рок ќе ја извести Владата за резултатите од изборите.