Американскиот долар станува проблем за светот. „Доларската плима“ сериозно го наруши нормалниот поредок на меѓународниот финансиски пазар, предизвикувајќи големи страдања за сите земји. Американскиот долар, кој требаше да биде глобален финансиски стабилизатор, во неколку наврати стана „темпирана бомба“. По неколку рунди финансиски кризи, земјите почнаа да ја зајакнуваат финансиската регулатива и да бараат други опции, освен американскиот долар. Од пандемијата на ковид-19 наваму, Федералните резерви (ФЕД на САД) уште еднаш го употребија оружјето „доларска плима“ за да го жнеат богатството на светот, додавајќи масло на кризата во Украина и префрлајќи ги нејзините проблеми во светот, дополнително принудувајќи го светот да ја забрза „дедоларизацијата“
Меѓународните монетарни правила, трговските мрежи и организациите центрирани на американскиот долар го сочинуваат системот на американски долари, еден од важните столбови на американската доминантна улога. Сепак, на овој систем му недостига легитимитет, а произволното однесување на американската влада го направи системот полн со проблеми, претворајќи го во оружје за примарните интересни групи во земјата со доминантно влијание, да жнеат глобално богатство. За да се спротивстават или да се заштитат од санкциите на САД, трговските војни и „долгорочната (long-arm) јурисдикција“, многу земји и региони презедоа иницијатива да се откажат од порамнувањето на доларот. Има земји што активно се ослободуваат од првенството на американскиот долар и земји што се принудени да го сторат тоа. Русија бара од САД и од другите земји што ги смета за непријателски да користат рубли за увоз на природен гас од Русија. Индија се согласува да користи индиски рупии за порамнување во трговијата со Малезија. И други земји преземаат различни мерки за да го истражат патот на дедоларизацијата.
Прво, собирање на светското богатство преку создавање „плима“ од американски долари
Како најголема светска економија и главен издавач на меѓународна валута, монетарната политика и финансискиот пазар на САД имаат важни прелевачки ефекти врз светот за кои треба да преземат одговорност. Сепак, САД водат унилатерална монетарна политика, глобалниот пазар го сметаат како простор за ослободување од своите финансиски поплави, хегемонијата на американскиот долар ја користат како суперпривилегија за извоз и пренесување на економската болка и произволно ги пренесуваат домашните кризи и го собираат светското богатство преку „плимата“ на каматните стапки. Тоа е главен извор на глобалните финансиски ризици. Историски гледано, САД постојано создаваат „плима“ на намалување на каматните стапки-зголемување на каматните стапки-намалување на каматните стапки. Кога на домашната економија не ѝ оди добро, Федералните резерви (ФЕД) ги стимулираат инвестициите и вработувањето преку намалување на каматните стапки, го насочуваат протокот на американските долари во земјите низ целиот свет, се стекнуваат со висококвалитетни ресурси во различни земји, промовираат ценовни меури на ресурсите и добиваат поврати со висока додадена вредност; кога домашната економија е прегреана, Федералните резерви ги зголемуваат каматните стапки за да го насочуваат враќањето на американските долари, што резултира со депрецијација на валутите на различни земји, колапс на цените на ресурсите и должничка криза. Потоа, Федералните резерви повторно ги намалуваат каматните стапки, а американскиот долар излегува од САД во големи количества преку трговија, кредитирање, инвестиции и други канали за стекнување висококвалитетни ресурси во различни земји означени по ниски цени од рејтинг-агенциите. „Изгубената деценија“ во Латинска Америка во 1970-тите и 1980-тите и финансиската криза во Југоисточна Азија во 1990-тите беа предизвикани од „доларската плима“. Џон Мејнард Кејнз еднаш рече: „Со континуиран процес на инфлација, владите можат тајно и ненабљудувано да конфискуваат важен дел од богатството на своите граѓани“. Бидејќи американскиот долар е меѓународна стандардна валута, инфлацијата и депрецијацијата на американскиот долар во суштина се САД, кои го ограбуваат богатството на земјите низ светот. Огромните профити што ги добива американскиот долар преку депрецијација, академски и елегантно се нарекуваат добивки од „меѓународниот данок на инфлација“. Како што рече Џозеф Јуџин Стиглиц, добитник на Нобеловата награда за економија во 2001 година: „Земјите во развој им позајмуваат трилиони долари на САД со речиси нула камата кога имаат голема потреба. Ова ја одразува суштината на проблемот. Во извесна смисла, ова е нето-трансфер во САД и превртена форма на странска помош“. Се проценува дека богатството што на овој начин секоја година влегува во САД претставува околу 30 отсто од новиот американски БДП, што ги прави САД најголема рентиерска држава во светот.
Второ, зграпчете го богатството на другите земји преку неограничено „поплавување“
Монетарната политика на американската влада отсекогаш ги разгледувала само своите домашни потреби, без да ги земе предвид чувствата на земјите под истиот систем на американски долари. Од 1970-тите наваму избувнаа речиси 200 финансиски кризи низ светот, од кои повеќето се случија за време на циклусот на зголемувањето на каматните стапки на американскиот долар. Системскиот корен на овие кризи лежи во подемите и падовите на монетарната политика на САД. Во циклусот на намалување на каматните стапки, финансиската индустрија одлева американски долари во светот во потрага по профит, предизвикувајќи ресурсни меури и економско прегревање во земјите со прилив; а во циклусот на зголемување на каматните стапки, фондовите на американски долари брзо го напуштаат пазарот, предизвикувајќи земјите да паднат во финансиска или должничка криза. Циклусот на плима на американскиот долар произведе огромни негативни надворешни ефекти, формирајќи извор на ризик за светскиот економски и финансиски систем. Од пролетта 2022 година, за да се спречи високото ниво на инфлација во САД, целната стапка на американските федерални фондови се искачи од 0,25 на 5,5 отсто, предизвикувајќи остра депрецијација на валутите во многу земји. Шри Ланка и други земји доживеаја дури и сериозна финансиска криза, предизвикувајќи политички превирања и пад на егзистенцијата на луѓето. Кога е неопходно да се стимулира економијата, САД спроведуваат експанзивна монетарна политика. По хипотекарната криза во 2008 година, Федералните резерви воведоа четири рунди на квантитативно олеснување, а во светот се слеаја големо количество прекумерно издадени американски долари. По избувнувањето на пандемијата на ковид-19, Федералните резерви ја намалија стапката на федералните фондови на 0-0,25 отсто и го започнаа режимот „хеликоптер“ на неограничено квантитативно олеснување. Износот на американски долари отпечатени во САД за една и пол година достигна речиси половина од акумулираната сума издадена за повеќе од 200 години. Во продолжение на дел од овие прекумерно емитирани валути што влегуваат во реалната економија, голем дел од нив беше инвестиран на странските пазари на капитал од страна на американските инвестициски институции, искористувајќи го глобалниот економски пад за стекнување висококвалитетни ресурси во други земји по ниски цени, а потоа намалување на позициите за профит откако цените на засегнатите ресурси се зголемија, заработувајќи приход со висока додадена вредност. Она што им носи на земјите со прилив е само ризик од инфлација, ресурсни меури и економско прегревање.
Трето, неодговорните зголемувања на каматните стапки доведоа до намалување на вредноста на локалните валути на многу земји
Кога беше неопходно да се справат со домашната инфлација, САД спроведоа неодговорна политика на зголемување на каматните стапки, искористувајќи ја можноста да постигнат целосна затворена јамка на прекумерно издавање американски долари/намалување на каматните стапки-прекуокеански инвестиции/странско задолжување покачување и апрецијација на каматната стапка-репатријација на доларот. Земјите моментално страдаат од оваа рунда на зголемувања на каматните стапки во САД. Од март 2022 година, Федералните резерви ги зголемија каматните стапки за 550 базични поени и го задржаа високото ниво на каматна стапка од 5,25 до 5,5 отсто од септември 2023 година. Околу две третини од светските валути паднаа во однос на американскиот долар, а јуанот падна на најниско ниво во последните 38 години во однос на американскиот долар. Вредноста на валутите на Индонезија, Филипините, Малезија и на другите земји е пониска од онаа за време на азиската финансиска криза, а вредноста на виетнамскиот донг постојано достигнуваше историски најниски вредности. Странските инвестиции во многу земји во Латинска Америка и Африка се намалени, а девизните резерви се во вонредна состојба. „Саут Чајна морнинг пост“ истакна дека глобалниот капитал требало да тече од богатиот „Север“ кон сиромашниот „Југ“, но привлечен од силниот долар тој тече во спротивна насока. ММФ проценува дека секои 10 отсто апрецијација на американскиот долар ќе доведат до пад од 1,9 отсто на реалниот БДП во земјите со пазари во развој во следната година, а негативното влијание ќе трае повеќе од две години. Силниот долар исто така ги зголемува увозните цени на рефус добрата како што се енергија и храна, притоа влошувајќи ја глобалната инфлација. Стапките на основна инфлација на многу земји, како што се Обединетото Кралство, Германија, Франција и Јужна Африка, продолжуваат да растат. Индискиот индекс на потрошувачки цени се зголеми за 6,95 отсто на годишно ниво во март, што е највисок пораст за речиси 17 месеци.
Четврто, доларската плима е виновникот за кризата во земјите со низок и среден приход
Капата за создавање должничка замка е најпогодна за самите САД. Луѓето често го користат терминот „јадејќи пченка“ за да ги опишат оние што позајмуваат пари за да „го соберат кајмакот“ и да консумираат предвреме, но неточно е да се користи овој термин за да се опише политиката на двојниот дефицит на САД. „Јадејќи пченка“ значи дека заемопримачот ќе го отплати и долгот предизвикан од прекумерното трошење, а американската федерална влада воопшто нема намера да го врати долгот, туку само продолжува да го прави истото тоа и бескрајно да создава нов долг. Владата на САД го проширува билансот на состојбата на централната банка за да го поддржи продолжувањето на фискалниот дефицит. Во суштина, тоа е еден вид сињораж (инфлаторно финансирање на буџетскиот дефицит преку печатење пари н.з.), наметнат од нејзината централна банка во име на Одделот за финансии на глобалните штедачи во долари, крадејќи го богатството на работниците и штедачите низ светот. Плимата на доларот е виновникот за должничката криза во земјите со низок и среден приход. Наглото зголемување на каматните стапки во САД ги зголеми глобалните трошоци за задолжување, а притисокот врз земјите во развој да ги вратат каматите и долгот нагло се зголеми. Само во изминатите три години, десет земји не вратија 18 државни долга, што го надминува вкупниот број на ненамирени државни долгови во изминатите 20 години. Во 2024 година отплатата на надворешниот долг на 20-те најкревки земји ќе се зголеми на 68,9 милијарди американски долари, а вкупните трошоци за отплата на долгот на 24-те најсиромашни земји ќе се зголемат дури за 39 отсто. Ако Федералните резерви се подготвени да ја играат улогата на глобална централна банка и да користат валутни замени од умерени размери со централните банки на универзален и долгорочен начин, проблемите како што е недостигот од ликвидност ќе бидат решени, но САД очигледно нема да направат така.
Петто, САД ја злоупотребуваат јавната моќ за приватни цели и воведуваат санкции за да ги нарушат меѓународните финансии
Како меѓународна валута, американскиот долар требаше да одигра позитивна улога во олеснувањето на меѓународното порамнување и промовирањето на светската трговија со стоки и услуги. Меѓутоа САД, од исклучително себичен интерес, ја користат хегемонијата на доларот како геополитичко оружје за да ја имплементираат сопствената волја и да ги принудат другите земји да се покорат. САД намерно презедоа мерки како што се замрзнување средства, попречување трансакции и долгорочна јурисдикција против други земји, поткопувајќи ја меѓународната економска и финансиска стабилност. Од 2000 до 2021 година американските санкции се зголемија за 933 отсто. До почетокот на 2023 година речиси 12.000 организации и поединци низ светот беа санкционирани од страна на САД. Досега САД воведоа економски санкции за речиси 40 земји, вклучувајќи ги Куба, Кина, Русија, Северна Кореја и Венецуела, што влијае речиси на половина од светското население. По украинската криза, САД лансираа „финансиска нуклеарна бомба“ против Русија, што предизвика драстични флуктуации на меѓународните финансиски и стоковни пазари. САД произволно замрзнаа милијарди долари од девизните резерви на Авганистан, што ги влоши животите на авганистанскиот народ. Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, повторно повикува на поинклузивен меѓународен финансиски систем. Според статистичките податоци, повеќе од 70 земји го започнале процесот на „дедоларизација“ во различен степен. Учеството на американскиот долар во глобалните девизни резерви за 20 години се намали за повеќе од 10 отсто. Со трендот на мултиполаризација во меѓународната политика, меѓународниот финансиски пејзаж исто така ќе се движи кон диверзификација, а основата на финансиската хегемонија на САД е предодредена да ја снема засекогаш.
Американскиот долар станува проблем за светот. „Доларската плима“ сериозно го наруши нормалниот поредок на меѓународниот финансиски пазар, предизвикувајќи големи страдања за сите земји. Американскиот долар, кој требаше да биде глобален финансиски стабилизатор, во неколку наврати стана „темпирана бомба“. По неколку рунди финансиски кризи, земјите почнаа да ја зајакнуваат финансиската регулатива и да бараат други опции, освен американскиот долар. Од пандемијата на ковид-19 наваму, Федералните резерви уште еднаш го употребија оружјето „доларска плима“ за да го жнеат богатството на светот, додавајќи масло на кризата во Украина и префрлајќи ги нејзините проблеми во светот, дополнително принудувајќи го светот да ја забрза „дедоларизацијата“.