Претставувајќи ги заклучоците од последниот Советот на ЕУ, одржан на 23 и 24 јуни во Брисел, претседателот на Советот Шарл Мишел нагласи „ние имаме потреба од Западен Балкан и Западен Балкан има потреба од нас“, јави дописникот на МИА.
– Ние имаме потреба од Западен Балкан и Западен Балкан има потреба од нас. Ние треба да го ревитализраме процесот на проширување. Поради тоа се одржа состанокот со лидерите на земјите од регионот пред советот на ЕУ. Дебатата беше отворена, искрена и исто така остра, со шефовите на државите и владите на овие земји. Ние одлучивме да го ревитализираме нашето ангажирање кон овој регион. Ние сакаме да го ревитализираме процесот на проширувањето. И ние треба да видиме како да ги надминеме пречките – рече Мишел.
Со Македонија и и Албанија отворањето на преговорите за членство е приоритетно. Бугарската влада го подигна ветото за Македонија, вчера имаше делегација во земјата за да се фаворизира процесот на пристапување на оваа земја.
Притоа Мишел му се заблагаори на француското претседателство за постигнатиот напредок по ова прашање. Напредокот во мултилатералните и билатералните спорови се потребни, нагласи на крајот претседателот на Советот на ЕУ.