Конвенција за промоција на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска за нов претседател на политичката партија Нова Алтернатива е најавена за утревечер во Скопје.
Конвенцијата, според најавата, ќе се одржи во хотел „Континентал“ со почеток во 18 часот.
Арсовска претходно во телевизиско интервју информираше дека се подготвува да формира политичка партија.
Во интервју за емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 на 5 јануари прашана дали размислува за формирање политичка партија, одговори потврдно, посочувајќи дека се во процес на нејзино формирање, но не одговори директно дали може да се очекува учество на оваа партија на претстојните парламентарни избори закажани за мај годинава.