Ако се организира референдум со прашањето „Дали сте согласни нашата држава да се преименува во Република Македонија“ колкав ќе биде процентот на афирмативни одговори? Дали резултатот од референдумот ќе биде обврзувачки или не, според моето мислење, е ирелевантно – пораката до власта што заминува, до власта што доаѓа, но и до сите, вклучувајќи ги внатрешните и надворешните душегрижници, ќе биде јасна. Ако нема друга држава во регистарот на држави во ОН со име Македонија, дали воопшто имаше потреба од срамното и недостоинствено „северна“? Постоењето, во некои држави, на региони со името Македонија не може да ја спречи регистрацијата во ОН на државата Македонија под нејзиното вековно и единствено име Македонија
Во материјалниот свет во којшто живееме, во тековното разбирање на четирите основни сили што го опишуваат нашиот универзум се отелотворува математичка убавина. „Централното чудо на физиката“ – според нобеловецот Франк Вилчек (Frank Wilczek), „е фактот дека играјќи си со равенки, цртајќи дијаграми, пресметувајќи и работејќи во светот на менталните концепти и манипулации, вие всушност го опишувате реалниот свет. Ако баравте да се обидете да разберете што е Бог со разбирање на Божјото дело, тогаш тоа е тоа“. Во тој свет опстојуваат планетата Земја, континентот Европа и државата Македонија, во тој свет „Европа се пишува со М, со големо М“ (Христо Ивановски). Во денешниов есеј, говорејќи за творештвото на неколкумина нобеловци ќе се осврнам на македонската општествена реалност.
Кусото (нешто повеќе од две минути) обраќање на Абрахам Линколн во Гетизбург, на 19 ноември 1863 година, еден од најпознатите говори во историјата на САД, завршува со повикот: „оваа од Бога благословена нација, што ќе доживее ново раѓање на слободата и владеење на народот, од народот, за народот, нема да исчезне од лицето на Земјата“. Во синтагмата „на народот, од народот, за народот“ (на англиски јазик: of the people, by the people, for the people), фразата „на народот“ се однесува на фактот дека владата е составена од луѓе што доаѓаат од народот, фразата „од народот“ се однесува на фактот дека народот ги избира оние луѓе што ја сочинуваат владата, додека, пак, фразата „за народот“ укажува на тоа дека избраната влада треба да придонесува за подобрување на материјалната, културната и духовната благосостојба на народот, не на определена група луѓе. Предлозите на, од, за, скоро век и половина подоцна, во 2011 година, ги искористи нобеловецот Џозеф Стиглиц (Joseph Stiglitz) во еден негов есеј (станува збор за есејот со наслов „Of the 1%, by the 1%, for the 1%“) за да укаже дека американската демократија е лажна: таа сè уште ги одржува, привидно, начелата на демократијата, но во реалност, тоа е систем на владеење контролиран од најбогатите 1 отсто од нејзините граѓани.
Бројките 1 и 99 (или слични на нив, но збирот треба да биде 100) често се среќаваат во описот на општествените/економските состојби. Движењето „Окупирај го Волстрит“ го користеше, во 2011 година, политичкиот слоган „Ние сме 99 отсто“. Во истата 2011 година друг нобеловец Пол Кругман (Paul Krugman) во текстот со наслов „Ние сме 99,9 отсто“ во „Њујорк тајмс“ укажа, цитирајќи извештај на Канцеларијата за буџет на Конгресот од 2005 година, дека помеѓу 1979 и 2005 година приходот приспособен според инфлацијата на средната вредност во распределбата на приходот се зголеми за 21 отсто, додека за најбогатите 0,1 отсто за 400 отсто. Хауард Зин (Howard Zinn), американски историчар, драматург, филозоф, професор по политички науки на Универзитетот во Бостон и интелектуалец што за себе вели дека е „нешто како анархист, нешто како социјалист, можеби демократски социјалист“, во бестселерот „Народна историја на Соединетите Американски Држави“ во 1980 година ќе рече: „Да се нагласи заедништвото на 99 проценти, да се прогласи непријателство со преостанатите 1 процент, значи да се направи токму она што владите на Соединетите Американски Држави и нивните придружни богати елити – од татковците основачи до денес – се обидоа, најдобро што можеа, да го спречат“.
Бројките за кои зборував во почетокот на овој текст ме наведоа на размисла: ако се организира референдум со прашањето „Дали сте согласни нашата држава да се преименува во Република Македонија“ колкав ќе биде процентот на афирмативни одговори? Дали резултатот од референдумот ќе биде обврзувачки или не, според моето мислење, е ирелевантно – пораката до власта што заминува, до власта што доаѓа, но и до сите, вклучувајќи ги внатрешните и надворешните душегрижници, ќе биде јасна. Ако нема друга држава во регистарот на држави во ОН со име Македонија, дали воопшто имаше потреба од срамното и недостоинствено „северна“? Постоењето, во некои држави, на региони со името Македонија не може да ја спречи регистрацијата во ОН на државата Македонија под нејзиното вековно и единствено име Македонија.
Во синтагмата „на народот, од народот, за народот“ (на англиски јазик: of the people, by the people, for the people), фразата „на народот“ се однесува на фактот дека владата е составена од луѓе што доаѓаат од народот, фразата „од народот“ се однесува на фактот дека народот ги избира оние луѓе што ја сочинуваат владата, додека, пак, фразата „за народот“ укажува на тоа дека избраната влада треба да придонесува за подобрување на материјалната, културната и духовната благосостојба на народот, не на определена група луѓе
Научниците набљудувајќи ги преку телескоп далечните ѕвезди во вселената или користејќи експериментални уреди за да ги анализираат најмалите компоненти на материјата, всушност, се соочуваат со фактот дека исти закони на физиката управуваат со целиот универзум. Физичарите ја нарекуваат вечната, сеприсутна постојаност на законите на физиката симетрија. Симетријата вградена во описите на Големата експлозија, теоријата на релативност на Ајнштајн, квантната механика и многу други области од физиката се основниот принцип што ги дефинира законите на природата, печатот врежан во математичката убавина што ги обединува законите на физиката и безвременската убавина на вродениот дизајн на универзумот. Оттука, нарушувањето на симетријата е особено значаен процес за опишување на физичката реалност – станува збор за процес, не обидувајќи се да бидам прецизен што е невозможно во ваков есеј, преку кој физичкиот систем во симетрична состојба преминува во асиметрична состојба, иако равенките што ја опишуваат еволуцијата на системот се симетрични.
Три труда за нарушување на симетријата, кои беа објавени во 1964 година (во едно од најпрестижните списанија во физика, станува збор за списанието „Физикл ривју летрс“), го разбрануваа научниот свет: трите труда предлагаат поврзани, но различни, пристапи за постоењето на Хигсовото поле и Хигсовиот бозон, ентитети именувани во чест на нобеловецот Питер Хигс (Peter Higgs), автор на еден од трите труда. Хигсовиот бозон е масивен скаларен бозон со нула спин, парен (позитивен) паритет, без електричен полнеж – нестабилен ентитет што веднаш се распаѓа по создавањето. Тој е централниот елемент што го обезбедува градежниот блок на универзумот без разлика на неговата нестабилност. Во книгата „Божјата честичка: Ако универзумот е одговорот, што е прашањето?“ од 1993 година, авторите, нобеловецот Леон Ледерман и писателот Дик Тереси (Leon Lederman, Dick Teresi), го објаснуваат прекарот „Божја честичка“: Хигсовиот бозон „е толку клучен за нашето конечно разбирање на структурата на материјата, но сепак толку недофатлив што му дадовме прекар: Божјата честичка. Зошто Божјата честичка? Две причини. Прво, издавачот не би дозволил да го наречеме Проклета честичка… И второ, има врска, некако, со друга, многу постара, книга“. Станува збор за Првата книга Мојсеева (Битие) од Стариот Завет во која се зборува за создавањето на светот, раната историја на човештвото и потеклото на еврејскиот народ.
Ако во светот на физиката симетријата е клучен елемент и ако нарушувањето на симетријата создава нестабилни ентитети (коишто, по создавањето, се распаѓаат), тогаш, водејќи сметка дека законите на физиката не се пренесуваат во општествените науки, тоа не е причина за да не се запрашаме: што треба да се очекува од асиметричните договори со Грција и со Бугарија и бесмислената Преговарачка рамка со ЕУ? Дали можеби распаѓање на новосоздадениот ентитет? Ако одговорот на последното прашање е афирмативен, кога?
Зошто говорам за симетријата? Ако во светот на физиката симетријата е клучен елемент и ако нарушувањето на симетријата создава нестабилни ентитети (коишто, по создавањето, се распаѓаат), тогаш, водејќи сметка дека законите на физиката не се пренесуваат во општествените науки, тоа не е причина за да не се запрашаме: што треба да се очекува од асиметричните договори со Грција и со Бугарија и бесмислената Преговарачка рамка со ЕУ? Дали можеби распаѓање на новосоздадениот ентитет? Ако одговорот на последното прашање е афирмативен, кога? Фразата „за народот“, што укажува на тоа дека избраната влада треба да придонесува за подобрување на материјалната, културната и духовната благосостојба на народот, не на определена група луѓе, беше, до 2024, флоскула, излитена фраза без значење. Ги повикувам новите властодршци да опстојат на македонството, ги повикувам да придонесат за подобрување на културната и духовната благосостојба на Македонците, па затоа ги повикувам да не дозволат внесување на Бугарите во Уставот (сите гаранции ќе бидат лажни и, подоцна, заборавени, поништени и отфрлени), ги повикувам да не дозволат распаѓање на државата, оттука ги повикувам да започнат со постапките за враќање на името Република Македонија! Парафразирајќи го Линколн, оваа од Бога благословена нација, Македонија, што ќе доживее владеење на народот, од народот и за народот, нема да исчезне од лицето на Земјата.