Поранешниот министер за надворешни работи и портпарол на Демократската унија за интеграции Бујар Османи ќе биде кандидат за градоначалник во скопската општина Чаир на Европскиот фронт, додека Бајрам Реџепи ќе биде кандидат на коалицијата за градоначалник на Тетово.
Ова беше соопштено денеска по 21. седница на Централното претседателство на Демократската унија за интеграција што се одржа во Тетово.
Европски фронт ќе ги подели градоначалничките кандидатури. Освен ДУИ, кандидати за градоначалници имаат и Алијанса на Албанците предводена од Зијадин Села, како и другото крило на оваа партија предводено од Арбен Таравари.