Клучот за напредок меѓу Бугарија и Македонија е Договорот од 2017 година, како што истакна поранешниот специјалниот пратеник на македонската Влада за решавање на спорот меѓу Бугарија и Македонија, Владо Бучковски, во емисијата „Зборувај сега“ на БНТ.
– Решението е во Договорот, двете влади мора да ја вратат довербата – порача Бучковски, додавајќи дека проблем претставувало што Бугарија немаше влада осум месеци, што според него влијаело и на динамиката на барање решение за спорот.
Бучковски во интервјуто им се обрати на бугарските граѓани, прашувајќи ги каков е ефектот од блокадата на Македонија и дали Бугарија ја постигнала целта или го зголемила нивото на говор на омраза. Тој нагласи оти смета дека одговорот е во втората опција.