Одлуките на БРИКС ќе го забрзаат, како што кажа францускиот економски експерт Жак Сапир, движењето кон „глобална дезападизација“. Тие опфаќаатинституционализација на категоријата „земји партнери“ во рамките на БРИКС, создавање на системот „БРИКС клир за олеснување на размената меѓу членките и земјите партнери и основање друштво“ за (ре)осигурување на БРИКС
Низа важни одлуки донесени на неодамнешниот самит на економскиот сојуз БРИКС во руски Казањ ќе имаат големо влијание врз западниот свет, со што ќе го забрзаат движењето кон глобално намалување на влијанието на Западот, истакна познатиот француски економист и еден од водечките западни експерти за руската економија Жак Сапир. Одлуките ќе го забрзаат, како што кажа Сапир, движењето кон „глобална дезападизација“. Тие опфаќаат институционализација на категоријата „земји партнери“ во рамките на БРИКС, создавање на системот „БРИКС клир за олеснување на размената меѓу членките и земјите-партнери и основање друштво“ за (ре)осигурување на БРИКС.
– Последиците од овие одлуки ќе бидат многу значајни не само за БРИКС и нивните соработници туку и за западниот свет. Забрзува движењето кон глобална „дезападизација“ – најави Сапир.
Стабилната валута на БРИКС ќе овозможи мултилатерална трговија
Според францускиот експерт, присуството на Индонезија, Малезија, Тајланд и на Виетнам во категоријата „партнер“ имплицира дека БРИКС, кој веќе е доминантен во Азија благодарение на членството на Кина и Индија, би можел да стане хегемон во овој регион.
Друга важна одлука, формирањето на БРИКС клир-системот на порамнување и клиринг за трговија во рамките на Алијансата и трговската размена меѓу земјите „партнери“ – има цел да создаде алтернатива на системот СВИФТ, чиј приоритет ќе биде употребата на националните валути како инструменти за порамнување на меѓународни трансакции. Клиринг-трансакциите ќе се одвиваат преку стабилна валута со која управува Новата банка за развој БРИКС. Овој систем црпи инспирација од Европската Унија за плаќања (1950-1957). Тогаш пресметките на трансакциите и конечната пресметка се правеа во долари. Во „БРИКС клир“, „стабилната валута“ ќе служи како сметководствена единица, а крајното порамнување ќе биде во локални валути.
– Прашањето за клирингот е важно бидејќи трговијата ќе биде мултилатерална, меѓу 22 земји (9 членки на БРИКС и 13 земји партнери) – посочува економистот.
(Ре)осигурителната компанија создава независност од доларот
Бидејќи трговијата бара осигурителни услуги (и за самиот договор и за транспорт), стандардна процедура за оваа практика е воспоставување активности за реосигурување. Со (ре)осигурителната компанија БРИКС, Алијансата ја гради својата независност од западните осигурителни компании. Оваа мерка ќе ја олесни трговијата во рамките на БРИКС, како и трговијата со земјите „партнери“ и генерално со секоја земја што сака да тргува со „зоната на БРИКС“.
Сапир нагласува дека „БРИКС клир“ и (ре)осигурителната компанија нужно ќе имаат значителни последици врз структурата на глобалната трговија и меѓународната употреба на долари и на евра.
– Последиците за глобалната трговска структура може да се поделат во две категории. Првиот вклучува пренасочување на трговските текови поради повластени трговски услови во рамките на БРИКС и помеѓу партнерите на БРИКС. Загубата од извозот за земјите што не се дел од БРИКС и западните земји ќе изнесува од пет до седум проценти од обемот за западните земји. Иако оваа бројка не е значајна, пропорцијата може многу да варира од земја до земја и да има дестабилизирачки последици за некои. Друга, понепосредна последица лежи во губењето на бизнисот за западните осигурителни и реосигурителни компании специјализирани за трговско осигурување, што нужно ќе биде значајно. Монетарните последици од масовниот и релативно брз процес на дедоларизација ќе бидат значајни, иако терминот „дедоларизација“ е отфрлен од две земји на БРИКС (Индија и Бразил – н.з.), кои сепак го одобруваат и поддржуваат чистиот систем на БРИКС – вели францускиот економист.
Трговијата во рамките на БРИКС и со нивните земји партнери сега претставува 35-40 отсто од глобалната трговска размена. Иако дел од трговските зделки веќе се одвива во локални валути, се чини малку веројатно дека овој удел надминува 20 проценти од трговијата и трговијата меѓу БРИКС со земјите партнери. Тоа значи дека од 28 до 32 отсто од глобалната трговија, која моментално се одвива во долари и евра, може постепено да се трансформира во рамките на „БРИКС клир“ во трговија независна од долари и евра, предвидува Сапир.
Масовна продажба на обврзници би предизвикала тешкотии за САД
Потенцијално, „дедоларизираниот“ удел преку „БРИКС клир“ во следните пет години би бил помеѓу 70-80 отсто, што би претставувало помеѓу 19,5 и 25,5 отсто од глобалната трговија. Механички, уделот на доларот во меѓународните трансакции соодветно би се намалил.
– Ако процениме дека уделот на валутата во резервите на Централната банка грубо ја одразува употребата на тие валути во трговијата, уделот на доларот може да се намали од 58 отсто од вкупните идентификувани резерви на 35-40 отсто. Уделот на еврото би бил многу помалку погоден бидејќи еврото во моментов главно се користи во трговијата во ЕУ и со непосредните партнери во ЕУ каде што, освен Турција, влијанието на трговијата со „зоната БРИКС“ е ниско. Сепак, влијанието нема да биде ограничено на ненадејниот пад на доларот и порастот на другите валути – наведува Сапир.
Навистина, износите во долари што ги чуваат централните банки се во форма на американски државни обврзници. Поместувањето од 58 проценти на 34-39 проценти во резервите на централната банка би значело масовна продажба на државни обврзници, што ќе предизвика колапс на пазарот на јавни обврзници и значителни тешкотии за американското Министерство за финансии во рефинансирањето на долгот на Соединетите Американски Држави. Затоа, може да се смета дека имплементацијата на системот „БРИКС клир“ ќе има значителни импликации за стабилноста на глобалниот монетарен систем, а поточно за „западниот“ дел на овој глобален монетарен систем. Р.С.