Во Договорот за добрососедство е кажано што треба да се направи и какви комисии треба да има, кажа поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов за време на посетата на Силистра, потсетувајќи на напорите на Бугарија направени уште од времето на претседателот Жељу Желев до потпишувањето на спогодбата.
Лидерот на најголемата бугарска опозициска партија коментираше дека се важни историските прашања, учебниците, натписите и спомениците, со што нагласи оти вчера дознал дека Македонија нема територијални претензии кон Бугарија.
– Толку години пред мене ниту еден македонски политичар не си дозволил да каже такво нешто, дека се откажуваат и нема да имаат територијални претензии кон Бугарија – истакна Борисов, напоменувајќи дека Бугарија прва ја поддржа Македонија за влез во НАТО и прва ја призна нејзината независност, како и дека сега сака таа да влезе во ЕУ.