Гејтс ја кооснова „Терапауер“ во 2008 година, со цел да го натера приватниот сектор да лансира напредна нуклеарна енергија за да обезбеди безбедна енергија без јаглерод во изобилство
Бил Гејтс и неговата енергетска компанија започнаа со изградба на нивна нуклеарна централа во Вајоминг, за која веруваат дека ќе направи револуција во производството на енергија. „Терапауер“ (TerraPower) ќе користи натриумски реактор, првиот реактор во САД, кој се лади со натриум.
Шефот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, и други официјални претставници присуствуваа на церемонијата на отворање, нагласувајќи ја важноста на проектот за локалната економија и енергетската независност на Америка.
Реакторот треба да започне со работа во 2030 година, додека „Терапауер“ работи на развој на гориво, заедно со француската компанија „Фраматом“.
Гејтс на почетокот на изградбата рече дека „тие стојат на она што наскоро ќе биде основата на енергетската иднина на Америка“.
– Ова е голем чекор кон сигурна, изобилна енергија без јаглерод. И за иднината на оваа земја е важно ваквите проекти да успеат – рече Гејтс.
Напредните реактори обично користат течност за ладење различна од вода и работат на пониски притисоци и повисоки температури. Таквата технологија постои со децении, но САД продолжија да градат големи конвенционални реактори со водно ладење како комерцијални електроцентрали. Според НРЦ, проектот во Вајоминг е првпат по околу четири децении една компанија да се обиде да управува со напреден реактор како комерцијална електроцентрала во Соединетите Американски Држави.
Проектот „Терапауер“ се очекува да чини до 4 милијарди долари, од кои половината се од Министерството за енергетика на САД.
Гејтс ја кооснова „Терапауер“ во 2008 година, со цел да го натера приватниот сектор да лансира напредна нуклеарна енергија за да обезбеди безбедна енергија без јаглерод во изобилство.
Реакторот на компанијата од 345 мегавати може да генерира до 500 мегавати во својот врв, доволно за напојување до 400.000 домаќинства. (Н.М.)