Силен топлотен бран во стратосферата се шири од Северниот Пол и го разделува јадрото на поларниот вител на два дела, нарушувајќи ја нормалната атмосферска циркулација / Илустрации: „Сивир ведер Јуроп“

Експертите велат дека ова е силен настан на стратосферско затоплување, кој веќе почнува да влијае на времето и може да игра улога во текот на зимата 2024/2025 година над северната хемисфера. Влијанието на притисокот веќе е видливо, а гледајќи ја прогнозата за температурата на површината за следната недела, забележлива е многу топла аномалија над Антарктикот, при што студениот воздух се движи кон Јужна Америка и Атлантикот. Ова е очекуваниот резултат на силно стратосферско затоплување и нарушување на поларниот вител, бидејќи аномалиите со висок притисок го туркаат студениот воздух од полот

Што е тоа „поларен вител“ и како метеоролозите предвидуваат дека ќе влијае на временските прилики во претстојната зима 2024-2025

Промените што се случуваат во поларниот вител ќе влијаат на претстојната зима на Балканот, која се очекува да биде блага, се наведува во неодамнешното известување на метеоролошката веб-страница „Сивир ведер Јуроп“.
Повеќемина eксперти посочуваат дека стратосферското затоплување над Јужниот Пол го нарушува поларниот вител, поради што ќе дојде до силни површински аномалии. Влијанието на ова затоплување може да се одрази и во зимата 2024/2025 година во северната хемисфера.
Научните истражувања покажуваат дека во јужната хемисфера, пак, стратосферското затоплување не се случува често, а овој феномен се случил само неколкупати во текот на претходните децении. Сепак, затоплувањето има далекосежно влијание, иако тоа се случува на другата страна на светот.

Поларниот вител нема да стигне до Европа и нè очекува блага зима

Движечката сила зад овој настан е поларниот вител, кој се однесува како голем циклон и е поврзан преку сите атмосферски нивоа, но може да има различни форми на различни надморски височини. Последните набљудувања покажуваат дека многу силен бран на затоплување го туркаше јадрото на јужниот поларен вител, ширејќи се длабоко во Арктичкиот круг. Поларниот вител беше под притисок од две аномалии со висок притисок, кои се исклучително силни и можат да го променат обликот на вителот.
Според дел од метеоролозите, долгорочните модели покажуваат дека засега нема индикации оти поларниот вител ќе стигне до Европа и дека нè очекува блага зима.
– Единствени точки каде што температурите ќе бидат пониски од нормалните се Јужна Америка и брегот на Тихи Океан, во другите делови на планетата просечната температура ќе биде за околу два степена повисока од повеќегодишните просечни вредности. Според денешната долгорочна прогноза, неподвижниот исландски циклон ќе го насочи потоплиот африкански и малку посвежиот и повлажен атлантски воздух кон цела Европа. Засега нема индикации за доаѓање на поларниот вител во Европа, бидејќи тоа би го покажало намалувањето на просечната температура во Скандинавија и европскиот дел на Русија – укажуваат експертите.
Последната анализа покажува и силна температурна аномалија на ова ниво, а бран на затоплување на стратосферата се проширил и го опкружил поларниот вител, зголемувајќи ги температурите многу над нормалните вредности. Но стратосферското затоплување се проширило не само околу поларниот вител туку и на вертикални нивоа.
Упатените велат дека ова е силен настан на стратосферско затоплување, кој веќе почнува да влијае на времето и може да игра улога во текот на зимата 2024/2025 година над северната хемисфера. Влијанието на притисокот веќе е видливо, а гледајќи ја прогнозата за температурата на површината за следната недела, забележлива е многу топла аномалија над Антарктикот, при што студениот воздух се движи кон Јужна Америка и Атлантикот. Ова е очекуваниот резултат на силно стратосферско затоплување и нарушување на поларниот вител, бидејќи аномалиите со висок притисок го туркаат студениот воздух од полот.

Вертикално протегање на поларниот вител од стратосферата до површината на Земјата

Циркулацијата Бруер- Добсон

Гледајќи ја глобалната циркулација на воздухот има многу поголем проток и динамика во зимската хемисфера, додека летната хемисфера е помирна. Ова се нарекува „циркулација Бруер-Добсон“ и ја поврзува циркулацијата од двете хемисфери повисоки во атмосферата. Заедно со моментниот настан на стратосферското затоплување може да се следат промените на понискиот притисок.
Научниците посочуваат на тоа дека долготрајните аномалии на висок притисок над Јужниот Пол во август до октомври може да укажат на низок притисок над Среден Запад, Североисточен и Југозапад на САД во декември до февруари. За Европа е индицирана аномалија на висок притисок. Податоците за стратосферската температура за истиот период го покажуваат истиот сигнал – натпросечна температурна аномалија над Северниот Пол. Ова е во согласност со карактеристиките на стратосферското затоплување и слабеењето на северниот поларен вител.
Силни промени или стратосферско затоплување над јужниот поларен вител би можело да влијае на северниот поларен вител следната зима и, следствено, на зимското време. Податоците и студиите од минатото покажуваат дека долготрајните аномалии на висок притисок над Јужниот Пол од август до октомври може да влијаат на времето на северната хемисфера во следните недели/месеци.
Доминантниот сигнал во податоците покажува дека силните аномалии на висок притисок над Јужниот Пол во август до октомври одговараат на аномалии со низок притисок над САД и Канада во зимската сезона. Податоците покажуваат и температури под нормалата во поголемиот дел од централниот и источниот дел на САД.
Во Европа, доминантен сигнал е аномалијата на висок притисок и повисока температура во текот на зимската сезона. Н.М.