- И додека властите во Киев, чиј демократски мандат истече, го слават илјадитиот ден од украинскиот конфликт со ескалација на нападите врз Русија со американски ракети со долг дострел, граѓаните на таа напатена земја отворено и мнозински повикуваат на конечен крај на војната. Затоа, можеби во оваа фаза не би било лошо да се запрашаме: Кому му е во интерес да се продолжи овој предолг фестивал на смртта?
- Изјавите на голем број западни функционери од земјите сојузнички на Украина, како и анализите во угледни западни медиуми укажуваат дека вистинската цел за поддршката на властите во Киев не претставува одбрана на Украина, туку користење на оружениот конфликт за збогатување на нивниот воено-индустриски комплекс и, што е поважно, воено и економско ослабнување на Русија, без притоа да претрпат човечки жртви. Ваквото размислување во анализата на порталот „Геополитика“ сугерира одговори на прашањето дали Западот има интерес од продолжувањето на финансирањето на војната во Украина?
И додека властите во Киев, чиј демократски мандат истече, го слават илјадитиот ден од украинскиот конфликт со ескалација на нападите врз Русија со американски ракети со долг дострел, граѓаните на таа напатена земја отворено и мнозински повикуваат на конечен крај на војната. Затоа, можеби во оваа фаза не би било лошо да се запрашаме: Кому му е во интерес да се продолжи овој предолг фестивал на смртта?
– Поддршката за Украина е вистинската работа, но и инвестирањето во сопствената безбедност. Цената за поддршката на Украина е многу, многу помала од онаа со која ќе се соочиме ако му дозволиме на Путин да го постигне своето – рече Марк Руте минатиот месец откако ја презеде функцијата генерален секретар на НАТО.
Неговиот претходник, Јенс Столтенберг, исто така имаше слично размислување.
– Поддршката на сојузниците од НАТО и САД за Украина е нешто што е од корист за нашите сопствени безбедносни интереси, бидејќи со доделувањето дел од нашите одбранбени буџети им овозможивме на Украинците да уништат сериозен дел од борбената способност на Русија, без да се загрози ниту еден НАТО или американски војник. Навистина е во наш најдобар интерес, не само да продолжиме на тој начин туку и да се засилиме и да се погрижиме поддршката да биде предвидлива и стабилна на долги патеки – порача Столтенберг.
Мудро вложување
Фактот дека, како што истакна Столтенберг, Украинците се „евтина стока“ за широка потрошувачка, всушност е честа тема на многумина западни политичари.
– Во наш интерес е да ја поддржиме Украина бидејќи тие ја водат оваа војна, а не ние… Поддршката за Украина е евтин начин да се осигуриме дека Русија, со овој режим, не е закана за НАТО – објасни холандската министерка за одбрана Каиса Олонгрен.
Поранешниот британски премиер Дејвид Камерон, за време на неговата посета на Соединетите Американски Држави, им рече на домаќините дека за нив испраќањето Украинци да ги нападнат руските позиции е „исклучително добра вредност за парите“, бидејќи за само дел од буџетот за одбрана, тие можат значително ја ослабнат руската војска, „без да загубат ниту еден американски живот“.
– Тоа е инвестиција во безбедноста на САД – ги увери Камерон своите сојузници.
Американскиот сенатор Мит Ромни подетално ја квантифицира оваа теорија.
– Ние трошиме околу 850 милијарди долари годишно за одбрана. Ние користиме околу пет проценти од тоа за да ѝ помогнеме на Украина да ја одбрани слободата и да ја десеткува руската војска. Тоа ми изгледа како исклучително мудра инвестиција – нагласи Ромни.
Рециклирање на профитот
Неговиот колега Линдзи Греам, покрај ниските трошоци, гледа и високи приходи.
– Во Украина во клучни минерали има од 10 до 12 трилиони долари. Таа би можела да биде најбогатата земја во цела Европа. Не сакам тие пари и тие средства да му ги дадам на Путин за да ги сподели со Кина – беше искрен Американецот.
Полското Министерство за надворешни работи исто така беше отворено во коментарите минатото лето, велејќи дека иако сегашните односи со Украина „не се најдобри“, Варшава „ја поддржува Украина до степен што е во согласност со полските национални интереси“.
– Така било секогаш и така ќе биде – објаснуваат Полјаците.
Викторија Нуланд, со некои од нејзините вообичаени поетски таленти, се обиде да ги убеди Американците (секогаш) да испратат повеќе буџетски средства во Киев, ветувајќи им дека, всушност, директно ќе профитираат од тоа.
– Ќе го направиме она што отсекогаш сме го правеле, а тоа е одбрана на демократијата и слободата низ целиот свет… И патем, мораме да запомниме дека повеќето од овие пари се враќаат во САД, за да се направат тие оружја – наведе Нуланд.
Двојна игра
Истото размислување потоа го потврди и тогашниот украински министер за надворешни работи Дмитро Кулеба.
– Прво, Украина не им ги краде парите на американските даночни обврзници. Огромна сума од тие пари останува во САД бидејќи се инвестира во производство на оружје за Украина. Треба да им се објасни на Американците дека нивните заедници имаат корист од тоа, со отворање нови работни места – објасни Кулеба.
Таквиот став го потврди и претседателот на Претставничкиот дом на САД, Мајк Џонсон.
– Впрочем, 80 отсто од трошоците за Украина се обновување на американското оружје и резерви. Тоа е навистина важна работа за нашата американска индустриска база и одбранбена база – посочи Џонсон.
Меѓутоа, американските корпорации профитираат не само од оружјето испратено во Украина туку и од она што го произведува Русија, бидејќи 72 отсто од деловите за оружје од руско производство доаѓаат од американски компании.
Примарен интерес
Се разбира, самиот американски политички естаблишмент не се дружи попусто со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
– Ја поддржуваме Украина не од добротворни цели, туку затоа што народот на Украина и неговата иднина се во наш стратегиски интерес – кажа кандидатката од Демократската партија на неодамнешните претседателски избори во САД, Камала Харис, информирајќи го токму Зеленски.
Истото тоа е јасно и со „филантропијата“ на Брисел.
– Не можеме да си дозволиме Русија да победи во оваа војна, бидејќи тоа ќе ги уништи американските и европските интереси. Не се работи само за великодушност, ниту ја поддржуваме Украина затоа што ги сакаме Украинците – изјави главниот дипломат на ЕУ, Жозеф Борел.
Извршниот директор на СТРАТФОР во Советот за надворешни работи во Чикаго, Џорџ Фридман, зборуваше за примарниот интерес на САД за поддршка на Украина
– Примордијалниот интерес на Соединетите Американски Држави, за кои водевме војни со векови – Првата, Втората и Студената војна – беше односот меѓу Германија и Русија, бидејќи обединети, тие се единствената сила што може да ни се заканува; и да се осигуриме дека тоа нема да се случи – ја сублимира геополитичката ситуација Фридман.
Аверзија кон преговорите
Во својот преглед на руско-украинските мировни преговори во пролетта 2022 година, магазинот „Форин аферс“ ја наведе клучната причина за нивниот неуспех.
– Западните партнери на Киев не сакаа да се вклучат во преговорите со Русија, особено оние што ќе создадат нови обврски за тие да ја осигурат безбедноста на Украина – пишува во анализата на „Форин аферс“.
Очигледно, истите тие западни партнери ѝ ветија на Украина идно членство во НАТО, па очигледно немаат проблем со преземање на обврската да ја гарантираат безбедноста на Украина. Затоа, она што тие очигледно не го сакаа беше посветеноста на обезбедувањето на сигурноста на Украина, доколку тоа значеше „вовлекување во преговори со Русија“ што ќе стави крај на руско-украинската војна. Зошто? Затоа што тоа би ја негирало нивната вистинска цел: не да ја бранат Украина, туку да ја искористат за збогатување на воено-индустрискиот комплекс и, што е секогаш поважно, да ја ослабат Русија, заклучува „Форин аферс“.
Автор: Марин Прван